Ни фали ли патриотизам во песните?

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.988
Фали, како не. Мислам, имаме прилично океј патриотски песни, ама никогаш не е доволно од песни што инстантно ќе го кренат духот на народот.
Запознаена си ликот и дело на Орце Стефковски,Виданка Ѓорегиевска, и наравно Мишко Талевски, си преслушала ли барем 2 минути од нивната ''дискографија'' еве јас кажав дека ѕирнав од Гоце фест по нешто и тоа што се слуша таму е стварно језиво,
Како едини автори од новокомпонираните што избациле асална патриотска песна се више покојните Гоце Николовски и Јонче Хрисовски, а овие што се наведени горе како свесно и намерно да сакаат да се искењаат на тој ''жанр'' новокомпонирана патриотска песна
Мислам дека треба да баталиме се тоа ,доволно е да се негуваат изворните песни и немаме гајле ни потреба од нешто ново..
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Паааа.... океј е се за да се има повеќе патриотски песни али и овие сеа што ги имаме ние не си ги поштуваме така да не ни треба прво со овие малце да стекнеме искуство иии да имаме патриотизам :)
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Мишко Но1

За Орце Стевковски се согласувам дека е ужас при изборот на текстовите за песни, за музиката и да не правиме муабет. И Виданка Георгиевска е донекаде така. Но, сметам дека Мишко Талески ги има испеано најубавите македонски новосоздадени патриотски песни. Три пати победи на Гоце фест со феноменални текстови за кои доби колку што знам и награди за текст. Последната Македонија на Македонците беше ремек дело. А минатата година испеа песна под наслов Ченто трибун македонски по повод 50 години од смртта на Методија Андонов Ченто.
Писателката Ката Мисиркова Руменова јавно ја коментираше песната и рече дека внуките ја прашувале зошто плачела кога ја слушала песната. Мислам дека коментар не е потребен. Ја имате ли чуено песната Дрво рисјанско исто така од Мишко Талески...... Песната е веќе обнародена, се пее на секоја веселба, свадба, се пее меѓу нашите иселеници во Австралија, Канада, Европа....
Едно само му забележувам на Мишко... следев една емисија на тв кај што гостин беше Мишко Талески и во емисијата телефонски како гледач се јави покојниот Гоце Николовски.. Го праша зошто се уште не ја снимил песната Оган да го гори, чиј автор е Гоце Николовски. Имено, Гоце Николовски му ги отстапил авторските права на Талески да ја сними. Имал желба токму МИшко да ја отпее. Сметам дека Мишко Талески е новиот Гоце Николовски, Војо Стојановски.... Преслушајте ги прво убаво песните, а потоа коментирајте.
 

The_Grim

Acid Nightmare
Член од
22 ноември 2005
Мислења
1.501
Поени од реакции
24
More ni fali pesna vo patriotizmot!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom