H
HITCH
Гостин
Нимиц може да ги замрзне разговорите
Посредникот Метју Нимиц ја разгледува можноста да ги „замрзне“ разговорите за името доколку Македонија продолжи со некооперативниот став до седницата на Генералното собрание на ОН, кон крајот на септември.
Оваа вест денеска ја објавува конзервативниот атински весник „Катимерини“, повикувајќи се на неименувани извори.
Весникот наведува дека медијаторот Метју Нимиц „е налутен“ поради ставот на премиерот Никола Груевски дека Македонија нема да прифати едно име како решение за спорот, соопштен овој викенд.
Нимиц, според „Катимерини“, на неодамнешната средба во Скопје, го предупредил Груевски дека неговиот непопустлив став може да доведе до шестмесечно замрзнување на разговорите.
Сепак, медијаторот е убеден дека Македонија е подготвена да ги засили преговорите, пишува англиското издание на Катимерини.
Грчки дипломати за весникот потврдиле дека Нимиц го отворил прашањето за Македонската Православна Црква за време на разговорите со Вселенскиот патријарх Вартоломеј на Атос. Според нив, меѓутоа, нема докази дека прашањето за црквата била главна точка на разговорите.
http://www.ekathimerini.com/4dcgi/_w_articles_politics_100019_26/08/2008_99835
http://kajgana.com/statija_2510.html