Никој не сака да учи за мајстор, иако веднаш го чека работа

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Во градежништвото има најголема побарувачка од работна сила, но ѕидар, тесар, армирач, плочкар... се станува ако се нема друг избор, па просечната старост на мајсторите од овие занаети надминува 50 години
Додека градежниот сектор зема залет и го билда економскиот раст, Македонија останува без квалификувани градежни работници. На пазарот на трудот армирачи нема ниту за лек, а добри ѕидари и тесари тешко се наоѓаат, иако се најбарани. Квалификувани мајстори и за другите бранши има најмалку досега, бидејќи никој не сака да учи занает. Од друга страна, понудата на интелектуалци во државата е огромна, а побарувачката минимална. Според искуствата на агенциите за привремено вработување, од "поинтелектуалните" работи најмногу се бараат лепачи на декларации, презентери на производи, продавачи и сметководители, но под услов да работат самостојно. Во последно време стивнува интересот за информатичари, а правници и економисти, особено магистри и доктори на науки во приватниот сектор веќе никој не сака.
Градежните фирми на кои во моментов им требаат најмногу работници со обезбедување квалификуван кадар се снаоѓаат како знаат и умеат. Средните стручни училишта обучуваат кадри за минимален број занаети, зашто никој не сака да учи за ѕидар или тесар, бидејќи ќе треба да работи тешка работа за малку пари. Претседателот на Синдикатот на градежниците при ССМ, Павел Трендафилов вели дека од тие причини старосната структура на образованиот и квалификуван кадар во градежништвото е алармантна. На скелиња се качуваат мајстори со над 55 години, додека младите, без разлика на тоа какво образование имаат, во градежништвото влегуваат и се приучуваат само ако немаат друг избор.
- Повеќе пати сме алармирале дека старосната структура на дефицитарниот кадар е многу висока. Стручни и квалификувани мајстори останаа уште малку, а ниските плати во градежништвото се причина за немањето интерес кај младите да учат за професиите во градежништвото - смета Трендафилов.
Тој вели дека денес занаетот не се учи во училиште, туку на објект. Таму се создаваат нови тесари, ѕидари, плочкари, но проблемот со недоволно армирачи тешко се решава, зашто таа работа на тој начин не се учи.
Трендафилов посочува дека ова повлекува уште еден проблем во градежништвото - работата на црно. Според проценките на Синдикатот во тој сектор има околу 23.000 вработени, а уште 36 до 37 илјади работат непријавени.
Фирмите, пак, кажуваат друга вистина во врска со дивите вработувања. Сопственикот на градежната фирма "Бортас", Љупчо Бораниев вели дека работници се наоѓаат, но најголемиот дел од нив не сакаат да бидат пријавени, зашто така нема да можат да работат на неколку места истовремено и да земат повеќе пари.
- Повеќе заработуваат на црно, на дневница. Тие на некој начин се социјално осигурени, па тоа им одговара. За работа најчесто не се јавуваат поединечно, туку како цели бригади од по неколку работници и бараат од нас да не ги пријавуваме, а со тоа ризикуваме да бидеме казнети. Мислам дека ова треба да се дестимулира со законски измени, со кои и работниците ќе бидат санкционирани, а не само работодавците, кои на непријавениот работник треба да му исплатат три плати - вели Бораниев.
Тој смета дека се уште можат да се најдат добри мајстори, пред се од краевите на државата кои традиционално се занимавале со одредени занаети, како на пример ѕидари од кривопаланечко и кумановско, фасадери од Вевчани и Струга. Младите кои не се образовани за градежништво, смета Бораниев, можат да го учат занаетот од нив.
Најмногу работници за на градилишта се обезбедуваат преку агенциите за привремени вработувања. Раде Ненадиќ од агенцијата "Партнер" вели дека има недостаток на ѕидари, тесари, плочкари, бравари, но се наоѓаат за неколку дена. Тој изнесува податок дека во државата во тригодишните средни училишта за занимања учат само 1.700 ученици. Како и за Трендафилов, така и за него, проблемот лежи во ниските плати за вработените во овие занаети. Агенцијата посредува за вработувања во времетраење од еден ден до една година, но ги одбива барањата на фирмите, ако платата е мала.
- Барањата за ангажирање работници за плата од осум до десет илјади денари за одредени занаети ги одбиваме. Сите бараат работници, а никој не сака да ги плати. Еден електричар, на пример, од една поправка на машина за перење може да заработи од 1.500 до 2.000 денари, а фирмите од нас бараат да им најдеме такви кои еден месец секој ден по осум часови ќе им работат за 10.000 денари. Затоа минимум 150.000 работници во државата работат на црно, дел за себе, дел за газди. Ако не се смени системот на наградување, состојбата ќе биде уште полоша - вели Ненадиќ.
Тој смета дека тоа е и причината за незаинтересираноста за учење занаети.
- Имаме многу доктори на науки и магистри, но нив никој не ги бара. Побарувачката на кадри со високо образование е минимална. Еднаш до два пати годишно се бараат економисти и правници. Работници се бараат многу, но кај мајсторите ѕидари, на пример, просечната старост е 55 до 60 години, а нема армирачи под 30-40 годишна возраст - вели Ненадиќ.
Со сите овие проблеми на кои посочуваат луѓето од браншата, градежништвото во државата, сепак добро врви. Но, опомена дека работите мора да се канализираат може да биде искуството на една српска фирма која деновиве се исправи пред проблемот да испрати во странство неколку стотини квалификувани работници. Фирмата "Патишта Ужице" подолго време се обидува да обезбеди работници за во Сочи, Русија. Иако платата е од 1.200 до 2.000 денари низ цела Србија едвај собра сто и нешто ѕидари, столари, фасадери, монтери, заварувачи, керамичари... не затоа што немаше заинтересирани кандидати, туку затоа што во државата немало образован, квалификуван и искусен кадар за овие занаети, што фирмата од Сочи го посочила како услов во договорот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Поентата е дека се повеќе млади сакаат да бидат “менаџери“, PR агенти, да работат “во човекови ресурси“ или некоја друга работа со англиски назив, а се помалку се заинтересирани за физичка работа.
Затоа и занаетчиите се се помалку и помалку.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Нема никаков проблем нека ме плаќаат 40000илјади со осигурување и определено работно време 8 саати со време на пауза од пола час и слободни сабота недела ќе работам

Нема да ме плаши тежина на работата
Ќе бидам верен према фирмата и газдата
Плата од 1 до 5 во месецот

И тоа во кратки црти ама јас сум вработен па така да за ова можам само да сонувам

Не ми треба ПР затоа јас си имам фирма ќе си бидам сопствен менаџер на мојата фирма а кај друг ќе си бидам вработен.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Па зошто сите учат факултет, за да работат на скеле, дај не заебавајте се знае зошто се оди на факултет, а тој што сака занает да учи, после средно, па и летно време додека е во средно ќе работи. Инаку било каде да работиш, секогаш си чирак за почеток и после се учиш до мајстор, без разлика дали си некој занаетчија или канцелариски работник.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Парата лежи во занаетот, ама сите денеска сакаат да бидат директори ама нема ;)
никој не вика дека нема пари од занат - баш за занат моментално може да се заработи НО - какви се условите за работата? летно време по 12 саата се УБИВААТ од работа цел ден изложени на сонце од 50+ степена од јутра до сутра тешка физичка работа + на крај некој ке ти рече нема денес пари - утре ке има. и секој ден исто.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
никој не вика дека нема пари од занат - баш за занат моментално може да се заработи НО - какви се условите за работата? летно време по 12 саата се УБИВААТ од работа цел ден изложени на сонце од 50+ степена од јутра до сутра тешка физичка работа + на крај некој ке ти рече нема денес пари - утре ке има. и секој ден исто.
Епа занатетот опфаќа 1000 работи, во твојот пост вајда се мисли на градежништво ако не се лажам, но има и други занаети не е само тоа :)
--- надополнето: 13 март 2012 во 11:57 ---
Па зошто сите учат факултет, за да работат на скеле, дај не заебавајте се знае зошто се оди на факултет, а тој што сака занает да учи, после средно, па и летно време додека е во средно ќе работи. Инаку било каде да работиш, секогаш си чирак за почеток и после се учиш до мајстор, без разлика дали си некој занаетчија или канцелариски работник.
Епа чоек во денешно време 98% се запишуваат на факлутет, од тие 70% да завршат нема да може сите да се вработат.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Кој парадокс... Ги тераат младите да учат, средното го прават задолжително, не убедуваат дека факултетот мора да се заврши, не прават ИТ нација во која бизнисот цвета, а од друга страна преку Вечер ни всадуваат идеи дека „има работа за сите, само треба да бидеме мајстори и да работиме на скеле“. Дај одлучете се веќе. Или навивајте да бидеме работничка нација, или образовани експерти кои можат многу повеќе од работа на +40 степени на скеле. Не дека ја потценувам таа работа, но навистина не сфаќам што сакаат да постигнат со наслови од типот на „Никој не сака да учи за мајстор, иако веднаш го чека работа“.

Муабетов... Подобро воопшто не се трудете да вложувате средства (финансиски, лични, умствени) во образование и лично надградување, зошто за чистачи и физикалци и онака секогаш има работа.

А тоа дека не бива и сите да бидат „менаџери“ од првото работно место, не бива. Сите се согласуваме.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Но тоа е добро се крева цената на занаетот и тогаш можат да дојдат вашите 5 минути а не вака секој работи за 12 илјади денари не заебавајте ни во кина го нема тоа.

На запад е вака учи си факултет секоја чест но ако работиш ФИЗИЧКА работа ќе си бидеш добро платен

Господин и во сако Господин и во работничко одело нема дискриминација

Значи проблемот е во платата и мотивот ако има ред да видиш како се може да биде лесно ајде чао
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Епа занатетот опфаќа 1000 работи, во твојот пост вајда се мисли на градежништво ако не се лажам, но има и други занаети не е само тоа :)
--- надополнето: 13 март 2012 во 11:57 ---


Епа чоек во денешно време 98% се запишуваат на факлутет, од тие 70% да завршат нема да може сите да се вработат.
да баш за градежништво зборував. јас конкретно можам да зборам за браварија затоа што имам добро искуство со браваријата и знам како стојат таму работите - едно ке кажам. ако работите во приватна фирма за браварија НИКОГАШ нема да одвоите пари на страна. платата во однос со работата е на неспоредливо ниво!
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
имам работено на скеле, сум подавал алат и сум местел гипс картони но не е тоа работата што сакам да ја работам, не за џабе се запишав на факултет..
 
М

Мартин`

Гостин
Мене ми е малце смешно ова првен земаа отворија илјадници факултети низ државава каде што се запиша се живо и диво, и оние што знаат дека нема да завршат или ќе завршат а ништо нема да знаат. А сега недостаток на работници имало :facepalm:
 
?

..........

Гостин
Отворете го било кој огласник во делот, „барам работа“ ќе најдете еден куп огласи- молер бара работа, тесар бара работа, плочкар со хх години искуство бара работа, фасадер бара работа....итн
Потоа отворете го делот „Нудам работа“ и направете споредба, многу е лесно да се заклучи дека бројот на градежни работници кои барат работа е многу поголем од бројот на фирми или друштва кои нудат работа........ кои и воопшто ги нема, или има по еден оглас месечно.....веста е напумпана...
Во делот каде стои дека градежните работници повеќе сакат да работат непријавени, тоа е заради парите, ако работат непријавени може да земат дневно од 90 до 140 денари од час, а доколку се пријавени ќе земат помалку затоа што работодавецот ќе мора да плати рекет на државата, и ќе им понуди многу пониска плата, тоа се должи и на фактот дека градежната индустрија не е активна во текот на цела година. На пример во зимските месеци кога е ладно градежништвото е мртво, а оние градежни работници кои се пријавени мора да земат плата, така работодавецот одредува плата од 12 до 20 илјади месечно во текот на цела година...што на повеќето мајстори не им одговара, затоа што кога е сезона тие ќе треба да работат за 15 илјади.....А доколку не се пријавени може да работат привремено, или во периодот од годината кога градежништвото е во полн ек, за дневница над илјада денари...
Исто така голем кочничар се и законите и големите давачки кон државата, селективноста и партиската припадност. Ако се реши х лице да започне со работа на приватен објект, и да вработи десетина луге, нему ќе му бидат потребни илјадници евра уште на старт, за отварање фирма, за данок, за данок и осигурување на работници, данок на машини, данок на добивка, ДДВ итн......затоа полесно е да работи на црно тое со непријавени работници, или од 15 вработени да има пријавено само 3....
Се разбира ова не важи за членови на владеачката партија, бидејки тие имаат предност да работат и непријавени, и плус ги добиват државните тендери........
Отприлика тоа е реалноста во градежната индустрија кај нас, рака на срци има доста спремни луѓе кои многу добро ја менаџираат работата и покрај реќетот што го плаќат на државата тие успеват да држат некаков баланс, доволно за да опстојат.......се разбира со многу труд и посветеност.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Кој парадокс... Ги тераат младите да учат, средното го прават задолжително, не убедуваат дека факултетот мора да се заврши, не прават ИТ нација во која бизнисот цвета, а од друга страна преку Вечер ни всадуваат идеи дека „има работа за сите, само треба да бидеме мајстори и да работиме на скеле“. Дај одлучете се веќе. Или навивајте да бидеме работничка нација, или образовани експерти кои можат многу повеќе од работа на +40 степени на скеле. Не дека ја потценувам таа работа, но навистина не сфаќам што сакаат да постигнат со наслови од типот на „Никој не сака да учи за мајстор, иако веднаш го чека работа“.
Работата е што ваквите рекламации по весници се платени од таквите фирми, бидејќи скапо им е да плаќаат работници на кој треба да им обезбеди поголема плата за да се нафати да работи, на овој начин со малку маркетинг ќе се зголеми пазарот на градежни работници и со тоа ќе поефтини работната сила т.е на фирмите ќе им се намалат трошоците.
Истото го направи ја и со информатичарите во 2005 кога почнаа да трубат дека нема информатичари и кога влезна плата беше од 300-400Е, сега после 7 години, цената им е 200-250Е за влез, а не ретко се случува да работат и за без пари за да се докажат.
Затоа на вакви глупости не наседнувајте ова е ПР од книга, за да може масата да се ложи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom