Николо Макијавели

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Хм...не знаев каде да ја отворам темава, тука ми се виде најдобро.

Значи темата е Николо Макијавели.

Добро познатата изрека „Целта ги оправдува средствата“ која му се припишува нему, иако никогаш го нема кажано тоа, меѓутоа неговото учење т.е размислување води кон тоа. Прв кој ја кажал таа изрека всушност бил шпанскиот езуит - Де Ескобар.

Најпознато негово дело е „Владетелот“ - кое што кренало многу прашина во тоа време, а и ден денес е репер за многумина кои се занимаваат со политиката.

Според одредени луѓе, тој најдобро ја опишува суровата реалност во политиката.

Неговата заслуга, пред се, се состои во тоа што тој, во истражувањето на политиката прв го вовел “реалистичкиот“ метод кој се состои во култот на силата, неверството, циничката аморалност, односно дека политиката се потпира врз идејата дека сите средства, па дури и они најподлите и најнехуманите, се допуштени во политиката, ако со нивна примена, можат да се остварат цели полезни за политиката.

Единствената цел којашто според Макијавели ги оправдува неморалните средства што ги применува владетелот е - создавањето и обезбедувањето на државата.

Една од главните негови поенти е одвоеноста на моралот од политиката, т.е смета дека единствен морален обзир за политиката односно политичарите треба да биде - државниот интерес и притоа го дели моралот на јавен и приватен.

“Политичарот мора да биде пола ’лав’ - пола ’лисица’ “

“Убаво е да ве сакаат во политиката, но кога би бирале дали да ве сакаат или да ви се плашат/мразат, подобро е второто“

Ова се две негови мисли.Значи вие како би ги искоментирале овие мисли?
Дали сметате дека Макијавели е злоуботребен и лошо интерпретиран во денешницата?
Многу луѓе се повикуваат на Целта ги оправдува средствата и за приватниот живот иако значи како што реков неморални средства може да се употребуваат САМО кога се во прашање државните интереси.
Што би додале вие за Макијавели и какво е вашето мислење за него?
 

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Епа вака...не знам колку го имаш дочитано и разработено ,,Владетел,, ама во него се става акцент, пред се, на монархот на чело на државата, ама оној монарх кој сам ке владее, но во интерес на државара...
Дека човеков е паметен и со ТОП идеи, не одрекувам, но зарем сметаш дека во денешно време се наоѓа човек кој би ги ставил интересите на државата пред личните интереси??? Јас не познавам таков....Макјавели добро резноирал, ама не бил свесен во негово време, дека човекот ќе дотера до ваму со лакомоста...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Епа вака...не знам колку го имаш дочитано и разработено ,,Владетел,, ама во него се става акцент, пред се, на монархот на чело на државата, ама оној монарх кој сам ке владее, но во интерес на државара...
Дека човеков е паметен и со ТОП идеи, не одрекувам, но зарем сметаш дека во денешно време се наоѓа човек кој би ги ставил интересите на државата пред личните интереси??? Јас не познавам таков....Макјавели добро резноирал, ама не бил свесен во негово време, дека човекот ќе дотера до ваму со лакомоста...
Точно се согласувам,но зарем не мислиш дека заради огормната злоупотреба на неговото учење,денеска светот има многу погрешна идеа за тоа што всушност сакал да каже и претстави Макијавели?

Лично јас,имав многу негативно мислење за него,се додека не дознав повеќе за него и неговото учење,сега на факултет.
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Ја ке го полагам Макијавели у февруари.Звер,не е здрав.Прв пат ми се дешава да седна да учам испит и да го превртам интернетот за нешто шо ме интересира,баш од тој испит.
Него,сега немам време,а коа ке имам ке седнам ке напишам малце поопширно за тоа како јас размислувам за него и за неговите тези.А бај д веј не постои модерен политичар кој го нема прочитано владетелот,и се смета дека најголемите политички лидери ги изградиле нивните империи токму по неговите примери.
 
Член од
8 март 2007
Мислења
1.405
Поени од реакции
20
Negovata izreka bi mozela da se primeni i vo ovaa drzava vrz Albanskoto naselenie
 

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Абе види...немам забележано дека е погрешно сватен, особено не во време на капитализам, кај што повеќе од било каде се применува неговата теза.....Може да е грешно протолкуван од луѓе што не го разбираат, ама со тоа не се замарам, пошто тие и не се меродавни во ситуацијава...:D
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
но зарем сметаш дека во денешно време се наоѓа човек кој би ги ставил интересите на државата пред личните интереси??? Јас не познавам таков....Макјавели добро резноирал, ама не бил свесен во негово време, дека човекот ќе дотера до ваму со лакомоста...
Greshish ako mislish deka lugjeto (posebno onie koi ja imaat iskusena vlasta), togash se razlichni od ovie denes?:toe:
Toa shto negovite razmisluvanja se seushte relavantni, e samo ushte edna potvrda kolku malku nekoi raboti se menuvaat.
 

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Абе не знам колку си го читал Макјавели, ама дека типот не зборува за тип на луѓе ко што сме денес, тоа е повеќе од јасно...Владетелот за кој он збори, не се стреми кон богатсво и фотеља, а ако ги добие, не бега у странство, криејќи се од даночна инспекција.....
А тоа штo тезата му важи уште, тоа е затоа што е преопшта, па секој ја толкува како сака, а не дека работите не се менуваат...:)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.123
Поени од реакции
25.580
До пресветлиот Лоренцо Ди Медичи.
Заедно со Томас Хобс, Макијавели е еден од филозофите коишто најреалистично ја имаат разработено политиката и функцијата на политичарите. Особено ми е интересна практичноста, докажаноста и секојдневието коишто со модификации се аплицираат денес. Историски гледано Макијавели живеел во време кога во Италијанските градови-држави била концентрирана поголемата моќ на стариот континент, дополнителен аргумент што оди во прилог на изнесените теории за успешност на владетелот и хиерархијата како и методите. Многу е оцрнет како филозоф, меѓутоа прашањето на етиката е една страна а прашањето на функционалноста сосем друга.
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
Абе не знам колку си го читал Макјавели, ама дека типот не зборува за тип на луѓе ко што сме денес, тоа е повеќе од јасно...Владетелот за кој он збори, не се стреми кон богатсво и фотеља, а ако ги добие, не бега у странство, криејќи се од даночна инспекција.....
А тоа штo тезата му важи уште, тоа е затоа што е преопшта, па секој ја толкува како сака, а не дека работите не се менуваат...:)
Podvelchenoto e tvoja predpostavka, ne moe tvrdenje. A shto se odnesuva do tezata, samo go iskazav moeto tolkuvanje.:smir:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Главната поента на Макијавели е дека во трката за власт нема простор за етика и морал. Ова е напишано во време кога владетелите кои доаѓале на власт го застапувале државниот интерес, па затоа според него им е допуштено да не ги почитуваат етиката и моралот за да дојдат до власт. Во денешно време се служат со лаги, заткулисни игри, интриги и маниулации за да дојдат на власт, а откако ќе дојдат на власт последно на листата на приоритети им е државниот интерес...

Инаку според Макијавели и најгрозоморните дела се дозволени, само и само ако со нив се застапува државниот интерес. Муабетот е дека сега никој не го застапува државниот интерес а пак има многу криминал во политичките редови(криминал од секаков тип), а сите се повикуваат на Макијавели
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Сето ова ми звучи на оправдување на животинскиот принцип, или ко што би рекол Фројд мерење на должината на пенисите, т.е на моќтта, за да се осеќаме вредно.
Култот на силата,неверството,циничката аморалност...Всушност, принцип на инфантилно, бескруполозно суштество кое е роб на своето его и има потреба да си ја потхранува лажната илузија дека е најдобар, најмоќен, најсовршен. Оправдување на сопствениот анимализам.
Не може да се оддели политиката од секојдневниот живот. Штом некој е несовесен и бездушен во име на државни и политички интереси, ќе биде таков и во приватниот живот.
Ваквата филозофија е величање на присилата, надмоќта и суровоста, па штом се прифаќа во име на некоја држава, нација и сл., ќе се прифати и во се друго, т.е ќе се оправдува и како начин на однесување во меѓучовечките односи.
Затоа осеќам силна одбивност спрема истата.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
dve stvari kazal pametno toj makijaveli a toa e SO LAVOT BIDI LISICA, A SO LISICATA BIDI LAV i PODOBRO DA MI SE PLASAT OTKOLKU DA ME SAKAAT.Pametno, duri i zeska ne te saka ako po malku ne ti se plasi.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.580
Поени од реакции
1.885
макијавели треба да се прочита и да се разбере
ако се сака да се стане моќен човек
 

Kajgana Shop

На врв Bottom