Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Хм...не знаев каде да ја отворам темава, тука ми се виде најдобро.
Значи темата е Николо Макијавели.
Добро познатата изрека „Целта ги оправдува средствата“ која му се припишува нему, иако никогаш го нема кажано тоа, меѓутоа неговото учење т.е размислување води кон тоа. Прв кој ја кажал таа изрека всушност бил шпанскиот езуит - Де Ескобар.
Најпознато негово дело е „Владетелот“ - кое што кренало многу прашина во тоа време, а и ден денес е репер за многумина кои се занимаваат со политиката.
Според одредени луѓе, тој најдобро ја опишува суровата реалност во политиката.
Неговата заслуга, пред се, се состои во тоа што тој, во истражувањето на политиката прв го вовел “реалистичкиот“ метод кој се состои во култот на силата, неверството, циничката аморалност, односно дека политиката се потпира врз идејата дека сите средства, па дури и они најподлите и најнехуманите, се допуштени во политиката, ако со нивна примена, можат да се остварат цели полезни за политиката.
Единствената цел којашто според Макијавели ги оправдува неморалните средства што ги применува владетелот е - создавањето и обезбедувањето на државата.
Една од главните негови поенти е одвоеноста на моралот од политиката, т.е смета дека единствен морален обзир за политиката односно политичарите треба да биде - државниот интерес и притоа го дели моралот на јавен и приватен.
“Политичарот мора да биде пола ’лав’ - пола ’лисица’ “
“Убаво е да ве сакаат во политиката, но кога би бирале дали да ве сакаат или да ви се плашат/мразат, подобро е второто“
Ова се две негови мисли.Значи вие како би ги искоментирале овие мисли?
Дали сметате дека Макијавели е злоуботребен и лошо интерпретиран во денешницата?
Многу луѓе се повикуваат на Целта ги оправдува средствата и за приватниот живот иако значи како што реков неморални средства може да се употребуваат САМО кога се во прашање државните интереси.
Што би додале вие за Макијавели и какво е вашето мислење за него?