mRnO
И по mRnO,mRnO
- Член од
- 16 април 2006
- Мислења
- 6.263
- Поени од реакции
- 52
Битолчанката Добрица Алексоска на 47 години со помош на методата за вонтелесно оплодување вчера роди здраво машко бебе, тешко три килограми
Битолчанката Добрица Алексоска на 47 години со помош на методата за вонтелесно оплодување стана мајка. Таа со царски рез, изведен во гинеколошкото одделение при битолската болница, вчера роди здраво машко бебе, тешко три килограми. Вештачкото оплодување го изврши битолскиот гинеколог д-р Таше Трпчевски. Мајката Добрица со солзи во очите раскажува дека за време на дваесет и две години брак чукнала на секоја врата каде што разбрала дека може да и' се излекува стерилитетот.
- Претрпив многу страдања. Но, бев упорна и на крајот мојата упорност се исплати. По секој неуспешен обид ќе се разочарав, но не згаснуваше желбата да станам мајка. И почнував одново. Последниот пат, свесна за годините, реков: Докторе, имам претчувство дека овој пат ќе станам мајка - раскажува возбудената мајка.
Д-р Трпчевски вели дека овој случај е доказ оти жената никогаш не треба да се откаже од мајчинството.
Во Битола наталитетот бележи вртоглав пад. Според податоците од Заводот за статистика, во 1994 година се родиле 1.432 деца, а по единаесет години бројот на новородени деца се намалил на 900. Надолната линија на наталитетот се должи и на намалениот број бракови. Во1994 година биле склучени 816, а 11 години подоцна 532.