Ние физички не можеме да допираме никаков предмет !?

Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
После читањево на темава ме интересира:
1) Како функционира лепакот.
2) Како настануваат на пример finger prints
3) Како функционираат ножиците/скалпери итн.


на сликава горе можеш да видиш три бои каде сивата претставува метал и неговата површина претставена на макро ниво (да! ништо не е рамно и мазно гледано од толку блиску)

Во средина е црвената и го претставува лепакот, а доле е кафеава и претставува материја дрво. Лепакот е составен од молекуларна структура која е мала и способна да навлезе помеѓу празнините на површината на материјалите и да креира врска на велкро принцип. Силата на лепакот може да се претстави според тоа колку се силни молекуларните врски на супстанцата од која што е составен лепакот. Има лепаци кои имаат силни меѓумолекуларни врски, мала густина и многу лесно навлегуваат помеѓу тие празнини и повторно работат на велкро принципот (супер лепак), или пак можат да содржат абразивни својства па и самите да креираат таква нерамна површина погодна за создавање врски. Исто така има различни видови други лепаци на хемиско ниво кои можат да креираат различни врски и ги знаеме како индустриски лепаци.


Идеме на ножици и скалпел...



На горниот дел од сликата е прикажана атомска структура на сечиво од ножици, како што можеш да видиш многу е по тапа структурата во споредба со долниот дел од сликата каде е прикажана атомска структура на сечиво од скалпел. Ножиците имаат по тапо сечиво, поголем број атоми на врвот што значи поголема површина за да се врши притисок врз предметот кој се сече, а скалпелот има многу помала површина на врвот, што значи делува на многу помала молекуларна површина и затоа полесно сече низ предмети со тоа што има помал број молекуларни врски за делење.

Сечењето се одвива на таков принцип што површината на сечивото на скалпелот доаѓа помеѓу молекуларните врски на објектот кој сакаме да го исечеме и репулсивната енергија од електроните во комбинација со количината притисок која ја создаваме ги одделува молекуларните или можеби атомските врски на материјалот кој го сечеме.

Може да имам некоја синтаксичка грешка но во главно на ваков принцип работат овие две ствари на макро ниво. Инаку ме мрзи да цртам како оставаме отпечатоци, но во главно отпечатокот работи исто како што работи печатот кој ти го ставаат на документи. Има одредена уникатна површина на прстите, на таа површина има одредени различни молекули кои можат да бидат масти, прљавштини и било што и истите се се оставаат на допрениот материјал како што остава мастило печатот.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Всушност овдека зборувате за атоми, па за молекули, па за некои хемиски врски... Ме збунивте искрено, ова ви е класичен пример каде што интуицијата и логиката ве водат во погрешен правец, во микросветот работите се одвиваат поинаку, секој кој читал структура на атом и хемиска врска си ја лупал главата, зошто е ова така а она така...
Најинтересни сте кога се расправате за некои поими, сакате нешто да докажете, а не сте во состојба, дури ни ја не се чувствувам сигурен да се пуштам во дискусија, некој дури спомна и антиматерија, а јадниве научници уште не се сигурни околу спиновите на електроните, ама нема врска тоа.
Како тоа кога ќе се сврзат атомите доаѓа до експлозија? Пример, имате железо во хемоглобин, дишете воздух, железото се врзува со кислород и ние летаме во воздух? :D
Кога настанува хемиска врска, во хемиската врска не учествуваат јадрата на атомите. Отворете хемија од средно. Во хемиска врска учествуваат електроните, јадрата се тотално инертни, тие можат да влијаат во екранизирањето на електроните и намалување на радиусот на јонот поради привлечните сили, НО НЕ учествуваат во хемиска врска.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
^ гласот на науката, логиката и уште нешто што фалеше тука.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Ќе се утепам од гледање на каналов, и ќе имам чудни соништа. Како и да е, ептен јак канал, фала за споделувањето! Now, i am braniac :) Иначе он топик... секогаш сум се прашувал за ова, дали всушност допираме нешто, и ете сега го знам одговорот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom