Нељубезност во продавниците

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Зарем се има ова десено?
Некој бил доволно луд/глуп/збор_по_твој_избор да праша кој ти е пинот? Без разлика дали пред 50 луѓе или сами во изолирана соба.. Моронизам е да те праша некој такво нешто.
Веќе и навика им станува на некои. Потоа морам да се пазам до кола да не ми го собере некој новчаникот. Каде и да сум купувала на „нормални“ места, ќе ми го дадат апаратчето и јас ќе го стиснам пинот и после си тера касиерот работа, како што и треба. Се погаѓа ептен да се брзам за некаде или да ми е итно, ама некогаш ќе оставам се` што сум купувала поради принцип.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
1
Според закон, за наплата, касиерката не смее да прима ниту една друга валута, освем Денарот.

Не сум сигурен баш колку е легално да користиш туѓа кредитна картичка, макар и на родител. Затоа постојат допунски картички, ополномоштувања и слични работи.
sfakjam seto ova,samo nacinot na koj sto se izrazi taa bese neljubezen!a sfakjam zakonot..jas si prasav kulturno dali smee da se plati,taa mene ne smeese da mi se isponasa poradi toa sto jas kupuvam od nejzina prodavnica...mozese ljubezno da mi objasni deka ne smee...Vo stranstvo kupuvacot imat najmnogu prava! A bi trebalo i ovdeka..do koga vaka be?:S:S

A isto taka,mnogu pati sum vlegla vo prodavnica...vleguvas i sto ke vidis:S si pijat kafe,pusat a ne te gledaat 2%...barem pogled neka ti pustat..i odma izleguvam a pred da izl sekogas im vikam,izvinete sto vi smetam...i ostanuvaat kako zbuneti..abe samo taka im treba!
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Ајде вака. Да не испадне овде дека ги бранам продавачите, сакам да кажам дека сум го искусил тоа на своја кожа и знам како е. Ама култура на однесување бе брат нема воопшто не само кај продавачите туку и кај муштериите. Ти го кажав примерот...и секако не само како продавач со секое мое купување сум бил значи и муштерија, знам како е од двете страни. НЕМАМЕ ВООПШТО КУЛТУРА ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД.
Како што е почната темата со првиот пост од некоја си клинка таму која купувала со евра а знаеме дека не се плаќа кај на со евра и дека користела картичка на “тато“...такви муштерии брат можат само да те извадат од “такт“ и целиот ден да ти биде наопаку.
 
Izvini molimte ama jas ne i se praev nekoja jaka licnost za taa mene da mi se isponasa! jas kulturno si ja prasav dali smeam da platam so karticka! a drugarka mi so evra..
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Со која тоа ароганција го кажуваш ти тоа..можам да си претпоставам како се однесуваш кога ке влезеш во продавница. Па неможеш бе сестро ти тоа како ке си замислиш “не ти се бендисува работата - нека си одат“ ...
..“неможи кој било да работи со луѓе“ ...
Па кој според тебе би требало да работи во продавница...?? Некој психолог, педагог??? Со твојот дијалект сестро “НЕМОЖИ“ можам да заклучам дека доаѓаш од некоја провинција. Го наполнивте градот вие провинцијалците од селата па сега ми продавате тука муда за бубрези.
Ако се однесуваат така во продавница ЗОШТО ТОГАШ ВООПШТО СЕ ВРАБОТИЛЕ ТАМУ КОГА ЗНААТ ДЕКА ТОА НЕ Е ЗА НИВ.
И сигурно во продавница нема да вработат некој социопат , туку ке вработат некој покомуникативен и помлад за да можи ДА СЕ ДВИЖИ НИЗ ПРОДАВНИЦА И ДА Е АКТИВЕН.
И на купувачот му е гајле дали продавачот има проблеми дома или немал и дали е уморен.

И никогаш не се однесувам арогантно, во никоја продавница се додека тие постапуваат така кон мене.

И ШО К** ТЕ БОЛИ ДАЛИ ЈАС ДОАЃАМ ОД НЕКОЈА ПРОВИНЦИЈА А?
Заради такви како тебе шо го сметаат само Градот или Скопје ( незнам од кај си) како дел од Македонија тогаш сигурно пропаѓа државата.
Се извинувам на провинцијалскиот дијалект. Прашај ако нешто не разбираш , знајш ти од градот.
 
Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50

Оти многу голем избор имат... од толку работни места понудени не знаеле кај да се вработат...:tapp:
 
Член од
10 август 2008
Мислења
744
Поени од реакции
266
Реков не е за оправдување, заради работата мора да е океј со муштериите, мора да се остави дома грижата и намуртеноста, но да си удира глава од ѕид... :nenene: Секој не успева или успева потешко да ги разграничи приватниот и јавниот живот, работата и приватното. Тешко оди маскирањето.
Шега беше то со удирањето со гла в ѕид, побогу. Мислев дома да си ја истурат нервозата, не на мене.:wink:
А тие шо не се способни да се контролирет и бар да се преправет дек све им е сјајно во животот, нека најдет некоја работа кај шо не се многу во контакт со муштерии. Не е фер газдата да ти губит профит и луѓе шо купвет таму заради нив.
 
Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
A isto taka,mnogu pati sum vlegla vo prodavnica...vleguvas i sto ke vidis:S si pijat kafe,pusat a ne te gledaat 2%...barem pogled neka ti pustat..i odma izleguvam a pred da izl sekogas im vikam,izvinete sto vi smetam...i ostanuvaat kako zbuneti..abe samo taka im treba!
Мразам кога вака ќе ми се испонашаат продавачи или пак келнери. Тоа им е работата, за тоа ги плаќаат, па нека си ја ги заслужат парите поштено. Тука некои и имаат навика ако треба да ми врати ситно кусур, да не ми го даде, па кој е таа/тој да реши што треба да направи со мои пари,не дека ми дошло до тој еден денар, но сепак јас ако сакам ќе и го оставам(а обично оставам), мој е. Исто така многу некултурно е тоа што кога ќе влезеш во продавница со полни кеси од друго место, те распрашуваат од каде и што си купила, па мајка му јас кај сакам ќе ги трошам моите пари, во мојот град ова често го прават, а по ова не ми се влегува во тие продавници, па обично претрчувам до маркетите.
Значи јас се однесувам љубезно со нив, сакам и тие на истиот начин да ми возвратат, во случај да не е така, ќе прекинам да пазарам во таа продавница.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.274
Шега беше то со удирањето со гла в ѕид, побогу. Мислев дома да си ја истурат нервозата, не на мене.:wink:
А тие шо не се способни да се контролирет и бар да се преправет дек све им е сјајно во животот, нека најдет некоја работа кај шо не се многу во контакт со муштерии. Не е фер газдата да ти губит профит и луѓе шо купвет таму заради нив.
Знам ама тоа е, нема голем избор за работа, посебно со толкав број невработени. Некој ќе смени понашање само да му качиш плата, некој ни 1000 евра не му се доста за една насмевка. Пак велам, зависи од човек до човек. Од продавач до продавач, но понекогаш и од муштерија до муштерија.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Влегувам во спортска продавница и продавачката не се ни помрднува од местото а камо ли да ме праша што ми треба. И ајде јас преоѓам преку тоа и и велам: имате кошаркарски шорцеви, а оваа ми вели: еве види низ продавницава што има тоа е :kesa:. Ајде и давам жолт картон и продолжувам: па јас колку што гледам немате освен ако се некаде каде што не сум ги видел. Продавачката: епа ако не си видел значи немаме. И викам: а ќе добиете или ..? Па од кај да знам дали ќе добиеме - ми враќа. И јас изнервиран 300 пробувам да се контролирам а тешко ми оди и и велам: епа ајде кога ќе ви се затвори продавницата за месец дена со ваква услуга ќе дојдам да видам дали сте добиле, ако предходно не добиете отказ вие, и си заминав. Значи какви ги има немам зборови:uvo:
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Мене па ова шо го зборите дека се нељубезни, ме нервира, ама отрпнав некако... Ај, и мене знае да ми биде лош денот и да ги отерам сите,така може и нејзе и е. Не дека размислувам за животот на продавачките и зошто се нељубезни, туку покрај толку нељубезни, иронични, дволични луѓе, продавачки не можат толку да ме изнервираат. На крај краева што ми е гајле као ме погледнала некоја продавачка, не ми е сестра!

Повеќе ме нервира кога се она љубезни, ама у погрешна насока. Сеа јас пробувам нешто и оваа ми дошла, ме закопчува на незгодни места, ми ја крева маичката, ми ја спушта сукњата, па ме трга, ме зазјапува, ме убедува дека ми е точно и дека таков е материјалот, дека попушта после едно перење. Дека не ми е многу тесно, дека се такви у мода и сите млади купуваат вакви, не сум јас првата што и е малце кнап, туку еден куп девојчиња отсабајле дојдоа и купија вакво. Многу е модерно сега и супер ми стои. Аман жено, не ме прави слепа при очиве. И јас гледам, ако не па. Да ми требаше стилист, Цаци ќе си ја викнев.

А, да. Кога сме веќе кај лоша услуга... Не влегувајте во копирницата кај Бела, позади Орце. Значи, не влегувајте. Никогаш! Освен ако не ви се повторува по 7-8 пати кои страни треба да се ископираат, во колку примероци и никако не исклучувајќи ја можноста да си ги добиете страните измешани, премногу бели/црни и секако, обратно захефтани. :pipi:
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Ајде вака. Да не испадне овде дека ги бранам продавачите, сакам да кажам дека сум го искусил тоа на своја кожа и знам како е. Ама култура на однесување бе брат нема воопшто не само кај продавачите туку и кај муштериите. Ти го кажав примерот...и секако не само како продавач со секое мое купување сум бил значи и муштерија, знам како е од двете страни. НЕМАМЕ ВООПШТО КУЛТУРА ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД.
Како што е почната темата со првиот пост од некоја си клинка таму која купувала со евра а знаеме дека не се плаќа кај на со евра и дека користела картичка на “тато“...такви муштерии брат можат само да те извадат од “такт“ и целиот ден да ти биде наопаку.
Секоја работа си има своја тежина, а тие што леб ти вадат не треба да ги бркаш нели? А што да кажат бре тие на шалтер во мвр што им популнуваат формулари на неписмени...

Гледам многу го браниш нивнотот однесување, па на темава уште испадна најтешка работа во Македонија.

Единствена работа на работниците во бутици е да ги задоволат своите муштерии и истите тие пак да им се вратат во продавница.
И секој добар трговец знае дека ,,Муштеријата секогаш е во право"
 
Член од
17 август 2008
Мислења
194
Поени од реакции
3
Со која тоа ароганција го кажуваш ти тоа..можам да си претпоставам како се однесуваш кога ке влезеш во продавница. Па неможеш бе сестро ти тоа како ке си замислиш “не ти се бендисува работата - нека си одат“ ...
..“неможи кој било да работи со луѓе“ ...
Па кој според тебе би требало да работи во продавница...?? Некој психолог, педагог??? Со твојот дијалект сестро “НЕМОЖИ“ можам да заклучам дека доаѓаш од некоја провинција. Го наполнивте градот вие провинцијалците од селата па сега ми продавате тука муда за бубрези.

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Само знам дека еден ден ќе чежам затвор ради теткицата шо работи у афтобуска билетара у НЛ на задња..За тоа сум СИГУРЕН.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Па сега ако некој не се понаша љубезно избегнувајте да одите во таа продавница....За тоа убедување дека се ви стои убаво што и да пробате,и вие да сте во продавница и да работите на процент,да видиме како ке се однесувате...
А за тоа што идат постојано по вас и го меркаат секој ваш чекор,се плашат да не бидат украдени,па секако подобро да ви "досадуваат" вас,отколку да изгубат работа,а со таа плата има луѓе кои издржуваат цела фамилија...
А за тоа заради што е отворена темава,е глупост и воопшто за тоа не е крива продавачката,ако била нељубезна во тој случај не ја оправдувам,ама си кажала дека не прима евра,што треба за некои да ризикува заради некои што им е мака да отидат до менувачница....???
И секако можеби било само момент,а можеби и вие сте биле напорни и вие сте причината за нивното однесување...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom