Кога вистински сакаш некого, тогаш треба да го сакаш со сите негови/нејзини и убави особини и со сите маани. Нели, никој не е совршен.
Доколку во врската/бракот хигиената е единствениот проблем, а се останато е во ред, не гледам никаков проблем, да се седне и отворено да се разговара:
- друже тебе здивот ти мириса чудно, ајде да видиме од што може да биде, да најдеме некое решение.
- љубов, нозете навистина ти мирисаат лошо, те молам ајде на миење (еднаш, два пати, три пати, 100 пати, па ќе му прејде во навика
)
- срце заминувај под туш, те посакувам свеж
( еднаш, два пати, три пати, 100 пати и ќе се навикне да се тушира почесто).
Хигиената е навистина важна одлика, но доколку тоа е единствениот проблем, тогаш тоа со малку повеќе трпение, се ќе се постигне.