Неспецифични места за одмор и релаксација?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Многу често сите сакаме да помогнеме од стандардите места за летување, јас лично воопшто не сакам обичен одмор.

Според вас кои се местата каде што може да се поминат убави неколку дена неспецифичен одмор.

Одморалишта, СПА Центри, места за млади?
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Кај нас се знае одмор е 10тина дена на море или езеро.
Е сега зависи од возраста некои пензионерски си поминуваат, некои лумпуваат цела вечер а на плажа во 3 одат, некои си комбинираат од се по малку.

А оние нестандардни одмори се повеќе да не речам за оние со повеќе кеш.
Баш гледав аранжмани за познати спа центри во Европа и беа многу скапи, за истите тие пари може да отидеш со ултра инклузив во Турција 14 дена во хотел со 5 ѕвезди. Па така да јас сепак ќе изберам да се печам на сонце и да уживам во благодетите на морето, него да ме масираат 10 дена со камчиња и да пукнам во тишината со миризливи свеќи. Не дека не би го сакала и тоа, ама ако имам пари спа центарот би ми бил втор одмор, а не првичниот.
Јас како неспецифичен одмор би ги спомнала и турите низ Европа пример низ градовите. 15-20 дена да посетуваш стари градови низ Европа не е класичен одмор. Ама сепак пак би рекла дека е доста скап, не може секој да го дозволи, а и не сака секој да се пече на 40 степени во Рим и да се онесвести во Колосеумот и 10 дена да спие во автобус. Сака на море да си е. Така да јас пак ќе речам овие тури се прекрасни ама не за во лето, туку останатиот период од годината.
Неспецифичен одмор се и светски/европски првенства, формула1 итн. Пак треба да собереш доста кеш за да отидеш и бидеш дел од некое првенство, патување е тоа. Така да пак би рекла дека е алтернативен одмор за тие со повеќе пари. Иако јас сонувам да одам на некое првенство во фудбал, и би се откажала од морето, ама само на 1 години, меракот да ми помине.
А најдобар одмор е цело лето да рмбаш во Скопје и да отидеш Дубаи, Малдиви, Кариби, ама во зима. Тогаш е најубава климата таму. Со тоа што таму е ефтино, ама летот е 70%.

Јас си сакам море, сакам да се излежавам на плажа и баш да се одморам.
А ако имам пари би ги разгледала овие алтернативни (неспецифични) одмори и би отишла на нив во останатиот дел од годината. Но да изберам 5 дена во Рим, наместо 10 дена на море. Сепак море!!!
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
179
Поени од реакции
49
Банско - Бугарија има многу убави хотели,со фул опрема,базенти, сауни, фитнес центар, џакузи и што ли уште не....Во летната сезона цените се многу ниски, пошо повеќе туристи има во зимскиот период. Прекрасно е за романтичен getaway со саканата личност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom