Непопуларни филмски мислења

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Уште јас останав да не изгледам филм/документарец за вируси во време на корона.
И не ми е ни во план.
Не си бе, и јас неам изгледано. И не ми е во план.
 
Јас прв пат слушам од тебе дека некој друг гледал документарци за вируси за време на коронава. Зошто некој би го правел тоа побогу :ROFLMAO:
Иначе да не бидам скроз оф топик, Spotlight филмот е крајно оверрејтед и е умирачка од досада филм, не знам на која основа има 8.1 рејтинг. :notworthy:
 
Dune 1984 е еден од најлошо режираните филмови во историјата...интересен концепт/приказна, очајна режија/глума.
 
Вчера ги гледав No country for old men и Fargo, еден по друг.
Првиов е најверојатно единствен филм од Коеновци што ми се допаднал, пред се зашто имаше интересни ликови, Бролин и Бардем беа одлични. Приказната држи во неизвесност, можеби не би му дала над 8ца, али барем не ме разочара.

Од друга страна, многу ми е жал за тој саат ипол што го потрошив на оверхајпнатиот и преценет Фарго. Искрено, и тоа саат ипол му беше многу, ептен досаден за толку краток филм. Повеќе ми личеше на комедија одошто на криминален, сериозен филм. Ко некаква глупа пародија на не ни толку интересна случка. Уште се смеам на сцената кога зеде плавиот да ја бута ногата со трупче накрај. И не ми е јасно како изведбата на Френсис вредела за оскар во случајов.

Едниот е солиден филм, а другиов е ѓубре. Единствено нешто што им е исто е она црното ковчеџе во кое си ги транспортираа парите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom