Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.631
- Поени од реакции
- 31.841
Laura - Visitor
Еден секси пост рок состав со вокал.
Еден секси пост рок состав со вокал.
ФАЛА за бендов! Многу освежувачки и оригинално во споредба со еден тон нови стонер бендови што се копија на копија на копија.[DOUBLEPOST=1445689848][/DOUBLEPOST]Ај еве и нешто од мене, сигурно ќе се најде некој што ги знае, ама нека стои@Erich Zann
Колега, ја слушав Карлос он д мун, и можам да ти претставам една слика: Седиш на керамиди, черга под тебе, темно ќумур, прекрстени раце под мал мозок и гледаш полна месечина.
Мислам бендов го имам на повеќе теми ставано, ако не и на оваа. Ама ќе го ставам пак.
Bad Liquor Pond. Скоро ништо нема за бендов на нет. Ниту текст, ниту акорди, мрак. Пред 8-9 месеци ги открив од препорака на јутуб, слушајќи тежок стоунер. Ми дојде благо во тапанче после толку скејтање и гитари .
Првата трака, те вози, баш на брод. На почеток оваа ми беше омилена.
Е сега, Hallways, омилената. Има некое чудно чувство кога ја слушаш, во исто време си весел и тажен. Склопот на музиката да не зборам, совршенство. Посебно внимание обрнете на солото, не е нормално тоа.
Echoes in Amber, ме потсеќа на "За многу зборови кои не ги кажав јас...." од Ареа, и тука шмекот ми е посебен.
Не сакам да зборам поединачно за сите песни. Ова мора да се слуша од 00:00 до 45:00. Ретко мене некој албум да ми се допаѓа комплетен. Посебно ти, турв, да го слушаш цел и да ми кажеш што мислиш.
Иначе, во моментов стварно има полна месечина, демек најголемата во последните 300 години. Кулминација ќе има во 4 саат сабајлево. Што значи, еве ви шанса да се качите на кров.
Е не знам тоа, кога пуштам цел албум како целина си го замислувам. Еве утре ќе го пуштам пак и ќе обрнам внимание песна по песна, па ќе ти пишам.