Од мој агол:
Зошто отсуството на Премиер Лига во нашите домови е добра работа?
Дан испаднит сеа дека Ѕинго ми е брачед или дек навивам за Реал не дај Боже, па сум се нашол јас лајна да јадам овдека за то шо пола Македонија се спремат бунт да кренит заради то шо имаме неспособни телевизиски куќи. И јас радо би се оптегнал секоја сабота/недела на кауч дома, со нозете тро погоре качени и никој нишо да не ми речит. Усфари можда мајка ми ќе ме искарат, ама куќава не е кафич за да мојт да ме избркат, па не и е валиден гласот во муабетов. Доброто е шо како-така, ојме напред. Не бев излезен да киснам по кладилници одамна, а вчера седнав и Челзи си го глеав уз пивце и двајца другари, пола литар точено пиво шеефче, ладно макијато четириесет, да ти е мерак да пијаш и плус да частиш една тура.
Освен ефектот на „принудна" социјализација и подобрената атмосфера за време на натпревар (со исклучок на тие шо уплатиле помалце од 11 корнери па се нервирет на секој можен напад, и на двете страни), имат уште две поголеми придобивки.
Прво, децава од по 13-14 години ќе слушнет муабет дека на сателитска ги имало сите утакмици, па после тридневно распрашвење дали е то сфарно така(џанам сателитскава урбан мит е), ќе ги убедет кутрите родители да оптегачет бааги евриќи за антената. Детето добиват фудбал во својот удобен дом (и порничи 24/7, шо сепак не е мала работа), а родителите за возврат добивет среќен син со појак десен бицепс.
Второ, во цел свет овие работи функционирет на PayPerView принцип, односно „плати, па клати". Дури и во Англија се плаќа за да го гледаш нивното домашно првенството на телевизија колку шо знам, а со оглед на то шо информацијава ми е од енглез, така ќе да е. Значит ојме напред...
Три пати ура за европска Македонија и за светски принцип на емитување на спортски содржини. Три пати ура и за Бандини, Шехерезад, и секако, НА ВАШЕ БАРАЊЕ, Не дај се Нина. Фудбал ќе гледаме по кладилници или со стримој, пошо голем сум за да клавам сателитска за фудбал и порничи само, а не планирам да пратам првенство на Лајвскор.
Уште една добра страна - на стримојве имаш англиски коментатор, во полош случај кинески, руски или арапски. Во секој случај, го немаш Игорче Трпевски со неговите „инквизиции“.
П.С. Организирано гледање на Премиер лига, во Охрид засега во Премиер кладилница. Само да знајте, ретко врвит келнерка.