- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
Овдека горе-долу знаеме каква е бизнис климата. Работат добро само бизниси поврзани со шеми. Партиски се разбира највеќе (на сите нивоа)... Неколку осамени примери на успешни бизниси се за пофалба секако.... Но најголемиот дел кубурат со средства, се борат со ликвидност... за гол опстанок. Во вакви едни МИЗЕРНИ услови се прашувам дали е можна сосема спротивна стратегија од онаа што ја спроведува Владата.... не ме интересира дали ќе вложи некој од странство (видов и се уверив дека нема да вложи)... туку ме интересира дали е можно од овдека да се вложи во некој профитабилен бизнис во странство? Кога зборувам за вложување не мислам на акции на некоја берза, туку мислам во некој проект, идеа, услуга.... макар тоа било продажба на сладолед во *Неа Врасна*, купување на удел во некоја фотонапонска централа или хидроцентрала во Албанија..... Или пак да се работи како кооперант за некоја голема странска компанија!? Функционира ли вакво нешто?