Незапослени магистранти

Член од
17 декември 2018
Мислења
20
Поени од реакции
21
Луѓе учите факултет 5 години и магистратура уште 2-3 години.....формирате семејство и 1-2 години пракса пошто немате работен стаж ( нормално ). Одите на интервју прекфалификувани сте, стари сте , или еве ви 15000 ден плата ( не можеме повеќе ). И најжално кога не се пронаоѓање овде вадите уште 3-4 год Е.У пасош. 9-10год отидоа по непознатото.Колку Македонија води грижа за образованиот кадар како гледа да избега, и во ред ли е да останат пензионери, администрација и неписмени граѓани....
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
973
Поени од реакции
1.972
Луѓе учите факултет 5 години и магистратура уште 2-3 години.....формирате семејство и 1-2 години пракса пошто немате работен стаж ( нормално ). Одите на интервју прекфалификувани сте, стари сте , или еве ви 15000 ден плата ( не можеме повеќе ). И најжално кога не се пронаоѓање овде вадите уште 3-4 год Е.У пасош. 9-10год отидоа по непознатото.Колку Македонија води грижа за образованиот кадар како гледа да избега, и во ред ли е да останат пензионери, администрација и неписмени граѓани....
Najdi mi nekoj vakov magister shto ne e od nekoj ckart fakultet kako filozofski, praven, filoloski, psihologija, rodovi studii itn. Normalno deka nema da najdes rabota ako na pazarot na trud nudish neshto shto ne mu treba na nikogo vo drzavata.
Ama nemoj da se zalazuvas so toa deka ti si zrtva i deka ova e vina na drzvata ili na administracijata ili sto ti ne.
Greskata e vo tebe i vo tvojot losh karieren izbor i vo nikoj drug.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.262
Поени од реакции
11.343

За која област станува збор?

Патем, образованието никаде по автоматизам не ти е гаранција за добро платена работа, ниту пак е доказ дека ти вредиш повеќе од останатите кои се во таа област.
Додатно магистерските во поголем дел од нормалните држави се запишуваат откако ќе направиш некоја година работен стаж и ќе видиш што навистина те влечи за да специјализираш или ако планираш да влегуваш во образовна или истражувачка дејност.

Кај нас магистерски се запишуваат од два аспекти, првото затоа што направија услов за сите можни овластувања и лиценци минимум 300 кредити плус Х години работен стаж, а второ затоа што по завршување студентите немаат појма што со животот, па вака купуваат уште 2-3 години на грбот на родителите и даваат слика кон општеството дека демек се надградуваат уште и вредат повеќе. И за крај дали на државни или на приватни универзитети овие студии се тапа организирани и далеку дека ти ќе станеш експерт во некоја област само со нивно завршување.
 
Член од
17 декември 2018
Мислења
20
Поени од реакции
21
Како мислите чкарт факултет?! Потребни се и наставници, судии, психолози, доктори на државата.... Што подразбирате под кариерна професија.....?! Се запослуваат партиски луѓе или на пр. пр воспитувачка работи со средно фризерско. Далеку дека некој ако учи и сака да биде професионален е на крај лош, лош избор, лош човек. Чудесна наша земја и систем
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
11.838
Поени од реакции
13.174

затоа државава е нула и децата се глупи, пошто работат професори наставници луѓе со средно вечерно а тие со дипломи дремат дома
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.220
Поени од реакции
3.847
Како мислите чкарт факултет?! Потребни се и наставници, судии, психолози, доктори на државата.... Што подразбирате под кариерна професија.....?! Се запослуваат партиски луѓе или на пр. пр воспитувачка работи со средно фризерско. Далеку дека некој ако учи и сака да биде професионален е на крај лош, лош избор, лош човек. Чудесна наша земја и систем
Мисли чкарт пошто едноставно или нема или потребата за тој кадар е многу мала.

Еве проста ситуација имаш келнер со 3 месеци искуство кој зема 18 илјади плата и 6000 бакшиш тоа се 24 илјади денари.
Од друга страна имаш стоматолог кој учел осум години и после сите маки да земе лиценца му нудат работа за 12 илјади денари.

Ова е за жал реалноста кај нас. Ваквата ситуација е резултат на долгогодишен хаос во образованието и политиката, немање никаков план за тоа колку кадри се потребни за одредена професија и заблуда кај младата и постарата популација дека имање диплома по автоматизам значи и добро платено работно место.

За одредени професии единствениот логичен потег е миграција пошто со оглед на тоа каква е ситуацијата едноставно е невозможно за било која влада да направи било какви измени што би ја подобриле ситуацијата.(барем на краток рок)

П.С Има доста професии како електричар, плочкар, водоинсталатер кои земаат по 800-900 евра месечна плата од едноставна причина што има недостаток на кадар на пазарот.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.094
Поени од реакции
1.350
Ева јас магистрирав на факултет на кој кај нас магистратура немаат ни 30 студенти. Па ќе видиме дали тоа што не сум студирал чкарт факултет ќе се исплати...
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.262
Поени од реакции
11.343
Ева јас магистрирав на факултет на кој кај нас магистратура немаат ни 30 студенти. Па ќе видиме дали тоа што не сум студирал чкарт факултет ќе се исплати...
Да градиме една нуклеарка и ние, 30 души таман да ја разработите :D
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.220
Поени од реакции
3.847
Ева јас магистрирав на факултет на кој кај нас магистратура немаат ни 30 студенти. Па ќе видиме дали тоа што не сум студирал чкарт факултет ќе се исплати...
Магистратура ти ги зголемува шансите ама тоа е тоа ништо повеќе. Голем број од познатите(успешни)луѓе постојано нагласуваат дека кругот на пријатели е далеку побитен за кариерата отколку дипломата и не само кај нас туку било каде на запад.

П.С Имаш деца со никаква едукација прават милиони на овој или оној начин. Во глобала ако нудиш нешто на пазарот што се бара тогаш ќе бидеш успешен т.е богат.

Ако тоа што го нудиш го има само кај тебе тогаш си монопол и ти ја диктираш цената и ќе бидеш супер богат.

Ако твојот продукт/услуга/струка го има во изобилие тогаш јасно е дека вредноста ќе му/и биде мала.
 
Член од
17 декември 2018
Мислења
20
Поени од реакции
21
Имам магистрирано на психологија со 10.00 просек. Кај и да ме пуштиш ќе се снајдам, ама не Ви даваат шанса. Идам на интервју тестови на интелигенција највисоки , практичен дел одличен со највисоки скорови. И толку......барајте на др место имате многу образование. Не знате колку е депримирачко “after”.....овде луѓето станале сурови а вредностите изместени
 
RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
18.275
Поени од реакции
37.727
Ја сум при крај со магистратурата, сфатив дека е голема грешка што ја запишав. Историја, бтв. Од проста причина. Никој не го боли кур за твоето мислење, што имаш ти да кажеш на дадена тема, општествена, правна, толкувачка. Никој не го боли кур што можеш ти да напишеш, да произнесеш, или да искажеш. Никој нема да ти даде пари за тоа. Џабе ми е и што сум одличен, најдобар во тоа, и имам добиено признанија. Џа-бе.

Ќе ти дадат пари ако можеш да ги искористиш своите вештини за подобрување на финансиската состојба на некоја компанија или организација. Ништо поише, тоа се бара. Ако ги немаш тие вештини, шо сакаш биди, нема да ти дадат работа или асална плата. Тоа е вистината, колку порано ја прифатиш и се насочиш на нешто друго, тоа подобро.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
2.118
Поени од реакции
3.152
За која област станува збор?

Патем, образованието никаде по автоматизам не ти е гаранција за добро платена работа, ниту пак е доказ дека ти вредиш повеќе од останатите кои се во таа област.
Додатно магистерските во поголем дел од нормалните држави се запишуваат откако ќе направиш некоја година работен стаж и ќе видиш што навистина те влечи за да специјализираш или ако планираш да влегуваш во образовна или истражувачка дејност.

Кај нас магистерски се запишуваат од два аспекти, првото затоа што направија услов за сите можни овластувања и лиценци минимум 300 кредити плус Х години работен стаж, а второ затоа што по завршување студентите немаат појма што со животот, па вака купуваат уште 2-3 години на грбот на родителите и даваат слика кон општеството дека демек се надградуваат уште и вредат повеќе. И за крај дали на државни или на приватни универзитети овие студии се тапа организирани и далеку дека ти ќе станеш експерт во некоја област само со нивно завршување.
Глуп принцип, тоа со лиценцирањето! Ама каква држава, таков принцип:toe:!
А уствари ако не знаеш што со себе на 20 години, тешко дека ќе дознаеш на 23-4. На тој начин имаме трупање на магистри, ничим изазвано, кои патем по автоматизам се ставаат себе у класата на интелектуалци! Затоа и кога ќе отидат у странство, главно занимање им се пицерии и мекдоналдс!
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
3.962
Поени од реакции
12.710
Имам магистрирано на психологија со 10.00 просек.
И што ако имаш магистрирано со 10.00 просек?
Да не знаеш повеќе од некој кој магистрирал со 6.00? Не знаеш. Само знаеш да бубаш повеќе, да правиш семинарски и да ги замараш професорите со презентации за оценка плус.
Јас на ваше место би се преиспитала колку знам и колку вредам на денешниот пазар на труд, без разлика на титулата што ја носам. Просек бе.
 
Член од
17 декември 2018
Мислења
20
Поени од реакции
21
Да, знам. Имам читано и учено мн повеќе затоа и така ми ги пишувале 10те. Не сум замарала никој, не судите без врска. Сум правела квалитетни презентации, семинарски за кои сум се потрудила повеќе додека децата ми спиеле. А знам и вредам многу повеќе од многу што добиле место полесно. За асистент ме симнаа место подолу за пола поен зашто уште претходно се знаеше кој ќе биде примен. Кога јас излегов спремна а другиот кандидат се смешкаше и губеше у поим ......испадна срамно номи го зема местото за пола поен
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
1.872
Поени од реакции
4.468
Najdi mi nekoj vakov magister shto ne e od nekoj ckart fakultet kako filozofski, praven, filoloski, psihologija, rodovi studii itn. Normalno deka nema da najdes rabota ako na pazarot na trud nudish neshto shto ne mu treba na nikogo vo drzavata.
Ama nemoj da se zalazuvas so toa deka ti si zrtva i deka ova e vina na drzvata ili na administracijata ili sto ti ne.
Greskata e vo tebe i vo tvojot losh karieren izbor i vo nikoj drug.
Како бе чкарт ? На државава не ли и требаат психолози, правници, дефектолози итн
Не се криви они што државата наместо некој со 10ки од уким ќе вработи сосем друг со 6ки од славјански но има партиска книшка од партијата на власт
 
На врв Bottom