Незапослени магистранти

Член од
7 септември 2016
Мислења
7.527
Поени од реакции
11.947
... грешката е што сите сакаат стартно да се почне со висока плата, не се прашува која е професионалната работна обврска, туку колку е платата, зашто никој не почнете да работите, конкретно со високо образование? :toe:
...платата за такво работно место има распон од - до , пониско не може, ама повисоко може со докажување на дело на тоа што го имате како „теорија“ (просекот со 10 ) мора ли веднаш максимум платата да ја добиете, еве јас како работодавач секогаш ќе го дадам минимумот плата за високо образование? не е доволно прво да се обезбеди работно место, па потоа борба за повисока плата „со докажување„ со способност од различна сфера па и од харизматична гледна точка ако сакате?
...порано секој вработен со високо образование првата година се сметал за приправник со 70% плата од истиот колега што имал работен стаж на исто место и во иста фирма, сега уште не сте влегле на работа, мавтате со дипломи, па денес секој може да си „купи“ диплома веќе не е репер за знаење! :(
... ОК еве ти основица за со диплома со високо образование, не може да имаш исто како тие со средно, ама максимумот на платата што ја очекуваш со високо образование ќе се потружиш да си ја докажеш, заслужиш и освоиш!
... и немојте сами да си давате во значење на постигнатото, оставете други тоа да го проценат, пофалат и да го признат, вака самофалење или самодокажување или поблаго речено самооправдување за успешноста на школувањето, просекот, титулата останува само ваша проценка, но не и на работодавачот! :neetaka:
П.С.
... горенаведеното не важи за партиски вработувања, за нив не треба ниту образование, ниту докажување, ниту просек, доволно што работодавачот ќе биде „оставен на мира“ од секакви инспекции со вработување на вакви неколку, малку повеќе не_работници!
 
Последно уредено:
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.260
Поени од реакции
11.333
Глуп принцип, тоа со лиценцирањето! Ама каква држава, таков принцип:toe:!
А уствари ако не знаеш што со себе на 20 години, тешко дека ќе дознаеш на 23-4. На тој начин имаме трупање на магистри, ничим изазвано, кои патем по автоматизам се ставаат себе у класата на интелектуалци! Затоа и кога ќе отидат у странство, главно занимање им се пицерии и мекдоналдс!
Ако сме реални во последните 10 години не требаше ни 30% од овие што се запишаа и завршија да се запишат на факултет.
А и ова со Болоњскиов систем е жив циркус, факултетите се направени полесни од средно, поени за семинарска, поени за присуство, поени за што се појавил на испит...уште малку за што ја платил ратата за семестарот ќе почнат да му даваат поени.

Имам магистрирано на психологија со 10.00 просек. Кај и да ме пуштиш ќе се снајдам, ама не Ви даваат шанса. Идам на интервју тестови на интелигенција највисоки , практичен дел одличен со највисоки скорови. И толку......барајте на др место имате многу образование. Не знате колку е депримирачко “after”.....овде луѓето станале сурови а вредностите изместени
Ако не бива во државна институција, тогаш ориентирај се кон приватен сектор, можеби не е толку сигурен како работа и е далеку понапорно, ама таму ќе стекнеш далеку повеќе искуство и знаење, отколку ако работиш во неписмената државна администрација.
Инаку треба да си имаш на ум дека просекот и магистратурата не те прават способна од прв ден да имаш убаво работно место и убава плата. Секаде се почнува од практикант, па џуниор па се со ред, али со тек на време ќе го стекнуваш искуството и ќе се градиш како кадар.
Јас разбирам дека никој не сака да почне со малку и секој мисли дека е најдобар во тоа што го прави, али ти гарантирам дека во моментот и да ти дадат голема одговорност нема да можеш да се справиш во целост.
Автоматски споено мислење:

Ја сум при крај со магистратурата, сфатив дека е голема грешка што ја запишав. Историја, бтв. Од проста причина. Никој не го боли кур за твоето мислење, што имаш ти да кажеш на дадена тема, општествена, правна, толкувачка. Никој не го боли кур што можеш ти да напишеш, да произнесеш, или да искажеш. Никој нема да ти даде пари за тоа. Џабе ми е и што сум одличен, најдобар во тоа, и имам добиено признанија. Џа-бе.

Ќе ти дадат пари ако можеш да ги искористиш своите вештини за подобрување на финансиската состојба на некоја компанија или организација. Ништо поише, тоа се бара. Ако ги немаш тие вештини, шо сакаш биди, нема да ти дадат работа или асална плата. Тоа е вистината, колку порано ја прифатиш и се насочиш на нешто друго, тоа подобро.
Сега имате простор да се покажите и да си соберете кредити историчарите, живеете во период во кој и ја променија целата историја на вашата држава, бујрум ако навистина сте експерти објавете ваши анализи во медиумите за сензитивните теми.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
973
Поени од реакции
1.970
Имам магистрирано на психологија со 10.00 просек. Кај и да ме пуштиш ќе се снајдам, ама не Ви даваат шанса. Идам на интервју тестови на интелигенција највисоки , практичен дел одличен со највисоки скорови. И толку......барајте на др место имате многу образование. Не знате колку е депримирачко “after”.....овде луѓето станале сурови а вредностите изместени
Pazarot ne go boli kurac za tvojata diploma, za tvojot prosek i za tvojata inteligencija.
Ne go boli kurac za licnite pricini zosto si otisol na ckart fakultet. I veruvaj ovaka treba da bide.
Posto za sekoj eden inziner vo drzavata sto si ja lupal glavata so matematiki i fiziki imas iljadnici magistri po pravo, knizevnost, psihologija, istorija sto se zurkale cel fakultet i polagale so gotovi prasanja na zaokruzuvanje.

Arno ama za pazarot ovoj inziner vredi povekje od site tie iljada magistri. Ednostavno ima pogolema pobaruvacka za nego posto nema mnogu inzineri bas posto inzinerskite fakulteti se najteskite fakulteti vo drzavata. Se nadevam deka posle ova sfakjas kolku e smesno da se falish so 10.0 prosek od faking psihologija.

Koga si donesuval karieren izbor trebalo da razmislis vo sto da se posvetish za da uzivas vo pristoen zivot vo idnina. Ti ne si go napravil toa i sega cacko ti e kriv. Ama treba da sfatis deka ako nemas da pridoneses nisto od vrednost za pazarot togas pravedno e pazarot da ne treba da te nagraduva. A pazarot sekogas ke te nagraduva onolku kolku sto vredish (sose kontakti i vrski).

Zaklucok: Mladite sto zapisuvaat takvi ckart fakulteti vrsat predavstvo kon sopstvenata idnina.

Како бе чкарт ? На државава не ли и требаат психолози, правници, дефектолози итн
Не се криви они што државата наместо некој со 10ки од уким ќе вработи сосем друг со 6ки од славјански но има партиска книшка од партијата на власт
Bace, ve ima so lopata da ve sobiraat. Pobaruvackata na psiholozi i defektolozi e daleku pomala od ponudata. Normalno deka tie so dopolnitelna mokj ke dojdat prvi. Realnosta e deka igrate namestena igra uste od sam pocetok. Procitaj go odgovorot od istiov post pogore.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
1.870
Поени од реакции
4.462
Pazarot ne go boli kurac za tvojata diploma, za tvojot prosek i za tvojata inteligencija.
Ne go boli kurac za licnite pricini zosto si otisol na ckart fakultet. I veruvaj ovaka treba da bide.
Posto za sekoj eden inziner vo drzavata sto si ja lupal glavata so matematiki i fiziki imas iljadnici magistri po pravo, knizevnost, psihologija, istorija sto se zurkale cel fakultet i polagale so gotovi prasanja na zaokruzuvanje.

Arno ama za pazarot ovoj inziner vredi povekje od site tie iljada magistri. Ednostavno ima pogolema pobaruvacka za nego posto nema mnogu inzineri bas posto inzinerskite fakulteti se najteskite fakulteti vo drzavata. Se nadevam deka posle ova sfakjas kolku e smesno da se falish so 10.0 prosek od faking psihologija.

Koga si donesuval karieren izbor trebalo da razmislis vo sto da se posvetish za da uzivas vo pristoen zivot vo idnina. Ti ne si go napravil toa i sega cacko ti e kriv. Ama treba da sfatis deka ako nemas da pridoneses nisto od vrednost za pazarot togas pravedno e pazarot da ne treba da te nagraduva. A pazarot sekogas ke te nagraduva onolku kolku sto vredish (sose kontakti i vrski).

Zaklucok: Mladite sto zapisuvaat takvi ckart fakulteti vrsat predavstvo kon sopstvenata idnina.

Bace, ve ima so lopata da ve sobiraat. Pobaruvackata na psiholozi i defektolozi e daleku pomala od ponudata. Normalno deka tie so dopolnitelna mokj ke dojdat prvi. Realnosta e deka igrate namestena igra uste od sam pocetok. Procitaj go odgovorot od istiov post pogore.
Ама ти изгледа не разбираш дека и овие професии се потребни ?

Тоа што да бидеш инжинер е потешко не значи дека треба да ги потценуваме предходно набројаниве професии. Утре кога на твоете дете ќе му стават нашколо некој психолог, професор итн што едвај завршил со 6ки на славјански и нема никаква појма од својата работа не сум сигурен дали ќе бидеш баш спокоен..

Инаку мене ми е јасно каква е ситуацијата, затоа иако ме влечеше опшествена наука отидов во сосем друг правец.. во професија која е признаена и тука и надвор и во која пред се не зависам од државата. Ама не сите на 18 години се свесни во каква држава живееме за жал..
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
973
Поени од реакции
1.970
Да, знам. Имам читано и учено мн повеќе затоа и така ми ги пишувале 10те. Не сум замарала никој, не судите без врска. Сум правела квалитетни презентации, семинарски за кои сум се потрудила повеќе додека децата ми спиеле. А знам и вредам многу повеќе од многу што добиле место полесно. За асистент ме симнаа место подолу за пола поен зашто уште претходно се знаеше кој ќе биде примен. Кога јас излегов спремна а другиот кандидат се смешкаше и губеше у поим ......испадна срамно номи го зема местото за пола поен
Sega vidov deka si zena i majka. Se izvinuvam za vulgarnostite i ostrata retorika od prethodniot komentar, no poentata mi ostanuva ista.
 
RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
18.274
Поени од реакции
37.724
Криво ми е шо немаше кој да ми мава шамари коа се решив историја да запишам, али тоа е. Исто е и за останатите гореспоменати професии и насоки. Пошто у случајов не збориме за тоа што на општеството му е потребно и што би било супер у идеален свет да заслужиме финансиски со нашите придонеси.

Зборуваме за конкретен случај, како индивидуа од што можеш да добиеш пари, достоен живот, и да просперираш. За моја и ваша огромна жал, со нашево не може. Зашто, како, дали е праведно, дали не, тоа е сосема друга тема за филозофирање.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
2.114
Поени од реакции
3.133

Па не си само ти крив за изборот! Требало и со некој повозрасен да се посоветуваш!
У основа општествени науки одат деца со вујко владика, да има кој да ги подтурне и помогне при запослувањето. Минус е уште што ви е лиминиран приватниот сектор, како можна варијанта за стартно вработување. Вака останува или политички да слугувате за работно место или да почнете работа надвор од струката( што и не е крај на свет).
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.260
Поени од реакции
11.333
Проста е математиката, пред да одбираш професија земи каде се може да се работи со таа професија.
Историја, може да бидеш професор во основни/средни школи, музеј, институт за историја.
Според ДЗС имаш 987 основни училишта, 132 средни училишта, вкупно 26 музеи, еден институт.
Значи ако во основните училишта (не учат сите деца историја, само после 6то) ни требаат 987 * 2 професори по историја (1974 професори) + 132*3 (иако ова е многу, голем дел се стручни школи каде не се ни учи историја после 2ра) 396 души, плус 100тина во музеите и археолошки наоѓалишта + 100тина нека се во институт, грубо 2500 души во цела држава (ова е дури голема бројка ако се земе во предвид дека наталитетот е се помал и има се помалку и помалку ученици).
Според некоја статистика од википедија „Од основањето па заклучно со 30 септември 1995 дипломирале вкупно 8.202 студенти, а заклучно со учебната 2002/2003 магистирирале 211 и докторирале 218 лица. “ што дури и да не е ажурирана е вон здрав разум да имаш 4 пати повеќе дипломирани од сите работни места во државата, во просек нека ти одат 5% на пензија годишно (што е далеку од толку), значи не смее повеќе од 30 дипломци годишно да има овој факултет за колку толку да имаат некаква шанса за вработување.

Е затоа на крај ќе имаме некадарна администрација, наместо да направи план државата и да вработува според познавањата, ќе вработуваат партиски и со врски кој што стигнал да заврши, што е најжално еден куп има што немаат ништо ни завршено а со рамковни и не знам какви договори тепаат по 25бона плата и не се ни појавуваат на работа.
 
RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
18.274
Поени од реакции
37.724
Па не си само ти крив за изборот! Требало и со некој повозрасен да се посоветуваш!
У основа општествени науки одат деца со вујко владика, да има кој да ги подтурне и помогне при запослувањето. Минус е уште што ви е лиминиран приватниот сектор, како можна варијанта за стартно вработување. Вака останува или политички да слугувате за работно место или да почнете работа надвор од струката( што и не е крај на свет).
Затоа викам, требаше некој да ме шамари :D Али нема гајле, среќа на време ми текна, на приватно сум више 2 години и топ ми е, баталив и струка и све. Затоа ги советувам и другиве на време да се свестат :)
 
Член од
17 декември 2018
Мислења
20
Поени од реакции
21
Ви благодарам на сите за одговорите, интересно било овде. Има луѓе што размислуваат реално и со своја глава а не гледаат само црно бело. Психологија значи “нега на душа” а тоа понекад им е потребно и на самите психолози
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.064
Поени од реакции
815
Ви благодарам на сите за одговорите, интересно било овде. Има луѓе што размислуваат реално и со своја глава а не гледаат само црно бело. Психологија значи “нега на душа” а тоа понекад им е потребно и на самите психолози
Kolku sto gledam imas bg pasos, odi nekade kade sto ke te cenat i nema da te omalozuvaat ovie so edvaj zavrseno sredno/fakultet samo zatoa sto se ljubomorni deka imas magistratura.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
4.725
Поени од реакции
2.621
Najdi mi nekoj vakov magister shto ne e od nekoj ckart fakultet kako filozofski, praven, filoloski, psihologija, rodovi studii itn. Normalno deka nema da najdes rabota ako na pazarot na trud nudish neshto shto ne mu treba na nikogo vo drzavata.
Ama nemoj da se zalazuvas so toa deka ti si zrtva i deka ova e vina na drzvata ili na administracijata ili sto ti ne.
Greskata e vo tebe i vo tvojot losh karieren izbor i vo nikoj drug.
Држава ти дава бесплатно образование а ти бираш читање на филозофска литература бидејќи ти е забавно и професорот е фин...и млатиш празна слама 5-6 години одиш на журки се пијанчиш се муваш со која ќе стигнеш. И си фатил некоја џаболебака и ќе се земеш може ќе и текне дете да има и ќе си набиеш обврски финансиски и временски. И по нема работа не ти се работи за беспари зошто или појма немаш од материјалот или тотално без веза те научиле или си учел филозофии на секој дрвен социолог...и опа хаос...и после државата ти е крива. Исто ко на Грција и беа криви кредиторите...
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
8.230
Јас кога запишував факултет тоа беше во екот на Грујовата кампања "образованието е сила - образованието е моќ". Еден куп ликови се испозапишаа тогаш, и шуто и рогато. Немаше никакви критериуми за успех, важно беше само бројка да се потполни. Се запишувавме на некакви имагинарни нови смерови каде што материјалот и програмата воопшто не кореспондираше со реалните текови кои што егзистираат на пазарот на труд. Учиш предмет од типот на бренд менаџмент каде што се споменуваат примери за брендови од типот на Тојота и Кока Кола, а свесен си дека живееш во држава каде што практично не постојат брендови кои што би се нарекле регионални, а камоли глобални. Ова чисто колку за илустрација. Учиш општествена наука каде што знаењата кои што си ги стекнал, макар и теоретски, немаат никаква реална тежина ни за пред кооперација, по што во оваа вукојебина сите се "експерти" за економија и геополитика.
Потоа се наоѓаш во ситуација да бидеш линчуван од општеството заради изборот кој што си го направил, оти во тој период, како и сега, се тераше страшна анти кампања против општествените факултети, во прв ред оние од економските и правните науки. Наместо нивно реформирање, промена на наставните програми согласно општествените потреби, се прибегна кон нивна дискредитација на сметка на факултетите од техничките и природните науки.

Во реалноста треба да се прибегне кон модел на реформирано средно образование, акцентот да се стави тука. Факултет да запишуваат исклучително талентирани ученици и нивната селекција да се врши уште во средно. Во меѓувреме да се остави простор да и оние кои што ќе останат со средно да можат да најдат работа која ќе му обезбеди пристојна заработувачка, доволна за да ја направи опцијата факултет неатрактивна.
Меѓутоа за ова неопходна е стабилна економија и силен приватен сектор кој што ќе продуцира нови работни места и воедно ќе соработува и со образовните установи.
Инаку џабе реферати, нам возот за овие работи одамна ни замина.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.834
Поени од реакции
10.621
Затоа викам, требаше некој да ме шамари :D Али нема гајле, среќа на време ми текна, на приватно сум више 2 години и топ ми е, баталив и струка и све. Затоа ги советувам и другиве на време да се свестат :)

Малку ретроспектива Рики, да се вратиме 5-6 години назад со твои мислења:

А според мене најлесно е да се избориш студирајќи го она што најмногу го сакаш. Те разбирам пошто и јас така размислував, но ете веќе трета година сум и откако се запишав ни секунда немам помислено на тоа дека сум згрешил, бидејќи не згрешив. Поради тоа и многу полесно ми оди студирањето, не можам да се замислам на друг факултет, а тоа што матерјалот е интересен прави све да иде ко подмачкано. Такашто да, кога гледаш вака лесно е да кажеш „само професор можеш да бидеш“, но можеш да бидеш професор кај сакаш. Колку све училишта нема низ Македонијава, нели? Плус не мора да значи дека мора да си само професор, можеш да се вработиш и во некој институт како институтот за историја кај нас, здравје боже ако си добар, вадиш јаки просеци и му привлечеш око на некој професор, можеш студиите да ги продолжиш во странство. Све е до тебе, верувај :)

Јас сакам историја повеќе од било што, и го студирам истото. Среќен сум што го студирам, колку и да ми е ограничена иднината, знам дека сепак ме бива и те како, и колегите и професорите го гледаат тоа, на повеќето предавања идам со мерак, учам со мерак и со огромен интерес, дури се случува и да не се напињам со испити, забавно ми е да си го тестирам знаењето на тој начин. Башка гледам дека со малку напор од моја страна постигнувам многу, и имам сериозна шанса за успех, ама збориме сериозен успех.

----------------------

Не успеав да ја најдам темата каде пред да се запишеш на факс не убедуваше дека треба да се студира тоа што се сака, а не тоа што ти носи успех (пред се финансиски) во живот, џабе се трудевме да те „исшамараме“ од позиција на паталци. Ако ти памтиш може да ја ископаш од архива на форумот, би требало да е од 2012-2013.
 
Оче грешев. Дете без ден работно искуство и осет за тоа што значи финансиска стабилност, поинаку го имав сфатено општеството у кое живееме. И не бев у право за ништо од ова горе, слободно може да се избрише све за да не ме послуша некој :D

Постовиве мои се доказ дека не треба да ја послушаш секоја будала, и најбитно од се да не го слушаш она што сакаш да го чуеш, туку да бидеш отворен кон разумни аргументи.
 
На врв Bottom