Невработеноста во Македонија !

Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
И уште да знаеш како економијата функционира да ја достигне природната стапка на невработеност ќе ти биде кристално јасно зошто немаме развој 19 години.
А да,ќе ти биде јасно и зошто ќе немаме уште 19 години :))
Јас сакам конкретен одговор на прашањето кое си го поставила. Зошто сме немале и зошто ќе немаме. Thank you :back:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас сакам конкретен одговор на прашањето кое си го поставила. Зошто сме немале и зошто ќе немаме. Thank you :back:
Мислам дека Марсовка може да одговори на ова прашање :back:
 
S

smart ass

Гостин
Toчно дека невработеноста е 33% , добро е што не е 50! Колку има вработени во Македонија кои не се пријавени, има ли некоја официјална бројка ? Сепак мислам дека реалната бројка е помала од 33%.

Но,во секој случај, треба навистина добра програма и многу залагање за да се намали невработеноста на 1% и да се поработи на закони кои ќе ги заштитат работниците во Македонија. Мислам и дека конечно треба да и се дадат најповолните услови и привилегии на македонската дијаспора сериозно да инвестира во Македонија.:smir:
Ако сакаш официјална бројка...над 40%...

Што во пракса стварно бе не е лошо(бар на народов).

Мислам дека Марсовка може да одговори на ова прашање :back:
Богами и она тука може да одговори.....конкретно за НАШАВА економија....нарочито овие 19 години.
 
\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Секој ден слушам дека невработеноста е голема. А уствари сите возат нови коли сите трошат како луди!!!

Е ајде сега кажете вие
Да трошеа сите како луди ќе беше супер, ама не е така. Повеќето возат југовци или некоја таква класа. Колку луѓе само користат јавен транспорт.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Мислам дека Марсовка може да одговори на ова прашање :back:
Ова не е фер воопшто. Јас те прашувам тебе , ти ме префрлаш кај Марсовка. Сепак повеќе би го почитувал твоето мислење.

Ако сакаш официјална бројка...над 40%...

Што во пракса стварно бе не е лошо(бар на народов).

Богами и она тука може да одговори.....конкретно за НАШАВА економија....нарочито овие 19 години.
Невработеност на 40% ??? Сакаш да кажеш дека има многу невработени кои тајно се пријавиле како вработени ? :nesvest:
Јас мислам дека има многу кои работат не пријавени - не осигурани и тн... а се пријавуваат како невработени само за плави картони на пример. :smir:
Ова од примери кои јас ги знам, се прашувам колку такви постојат ?
Јас мислам дека невработени или без никакви примања се околу 20 %, ништо повеќе.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ова не е фер воопшто. Јас те прашувам тебе , ти ме префрлаш кај Марсовка. Сепак повеќе би го почитувал твоето мислење.

Невработеност на 40% ??? Сакаш да кажеш дека има многу невработени кои тајно се пријавиле како вработени ? :nesvest:
Јас мислам дека има многу кои работат не пријавени - не осигурани и тн... а се пријавуваат како невработени само за плави картони на пример. :smir:
Ова од примери кои јас ги знам, се прашувам колку такви постојат ?
Јас мислам дека невработени или без никакви примања се околу 20 %, ништо повеќе.

Ехееее, ја откривме Америка и новиот Stargate. Ова веќе од кога се знае, но во секој случај добро е што напиша тука, има и од тие кои сметаат дека во Македонија цветаат кокичиња наутро, и по скопските канализации течат реки од мед и млеко.
 
А всушност сме на дното од полското.....

И сега ќе ми кажувате дека некојси таму 5% работат а сами не се пријавиваат...па кутрите тие ги бушат обострано бее...и газдата-со плата 4000-8000+пцовки,а и Државата.:toe:
 
M

marsovka

Гостин
Ова не е фер воопшто. Јас те прашувам тебе , ти ме префрлаш кај Марсовка. Сепак повеќе би го почитувал твоето мислење.
.
Јас ја прашав истото жената на профил еве ти го одговорот

Незнам дали ќе можам да ти доловам,но ќе се обидам
На долг рок економијата функционира во состојба на целосна вработеност(долг рок ти е над 10 години).Домашното производство на долг рок зависи само од факторите на производство капитал и работна сила.За да се зголеми производството,потребно е да се зголеми целокупната побарувачка за домашното производство (агрегатна побарувачка се вика) од страна на цел свет.Е сега таа агрегатна побарувачка зависи од личната (она што ние трошиме,колку ни се платите и потрошувачката кошница),инвестици (странски капитал кој ќе го раздрма производството или домашен пткрепен на природни ресурси),државната потрошувачка (рекламите на владата и лиењето споменици во Италија) и тековна сметка (извоз-увоз).

Елемент по елемент мислам дека нема потреба да ти ги објаснувам, бидејќи знаеш какви се цифрите кај нас.Кога се тоа фино лепо ќе собереш според формула,добиваш Македонија и 35% невработеност 16 години.Како што гледаш како ние се движиме моментално,пресметај што ќе биде по 10 години со продуктивните трошења на фискалната власт,фиксниот девизен курс и телињата како нас.
Со наједноставни зборови,силата на економијата ја одразува стапката на невработеност во земјата.Неможеме без капитал да имаме 8% невработеност,што значи природно си млацкаме во гомца))
Пријави
Самиот знаеш дека странски инвестиции немаме
Личната потрошувачка се одлева во други економнии како србија бидејќи нудат поефтини производи од нашите поризводители, каде се тука кинезите во текстилот
тековна сметка имаме еден гоооооооооооооооолем трговски дефицит
а државаната потрошувачка - хех мора ли да цртам :)

Сеа на се одговор-:самоубиство:
Да ти поедноставам невработеноста во македонија ќе се намалли/зголеми кога еден од овие параметри мрдне нагоре/надоле :) ама перманентно :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
А всушност сме на дното од полското.....

И сега ќе ми кажувате дека некојси таму 5% работат а сами не се пријавиваат...па кутрите тие ги бушат обострано бее...и газдата-со плата 4000-8000+пцовки,а и Државата.:toe:
Е така е во повеќето случаи, а што е најтрагично па од нашава корумпирана инспекција (трудова) никако не можат да се решат проблемите.Ќе почнеш некаде со работа (пр.), ќе ти дадат некоја „колку да се даде нешто...трошки“ плата, нема да те пријави, нема да те осигура животно, нема да ти плаќа здравствено осигурување и кога ќе го пријавиш работодавачот во трудова инспекција, ќе бидеш отпуштен на крај зошто инспекторот што дошол да изврши контрола, ќе биде потплатен од страна на твојот работодавач (сто евра плус ручеци на Ајфеловата кула во Париз, можеби и по некој бакнеж во дупе и левиот тестис), инспекторов ќе затвори очи ќе каже и кој пријавил, и на крај нема ништо да постигнеш само ќе изгубиш работно место односно и тие трошките што ги земаш плус пцовките нормално тие не се изоставен дел од приказната.
 
S

smart ass

Гостин
Ќути....има примери,мој комшија бе работеше во пескара.

А тоа е факин дејнџр,нема заштитна опрема,нема видливост...ии знаеш што се случи,уствари вече знаеш,тоа се вика несреќа при работа т.е делот од надколеницата па надоле беше полн......песок,па мајке му абе знаеш ли како се измалтретира...па чистење у болница па каков бил камионо(т.е што цистерна е-во случајот НАФТА!!)..и тоа се на свој грб....:toe:

Жално,правно гледано он не бил таму,не се повредил на работа...бла бла,а ако пријави одма и За него казна(оти претходно не пријавил-а работел) и за газдата(тука траекторијата е параболична)...ма и да ја плати џабе е:toe:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
А всушност сме на дното од полското.....

И сега ќе ми кажувате дека некојси таму 5% работат а сами не се пријавиваат...па кутрите тие ги бушат обострано бее...и газдата-со плата 4000-8000+пцовки,а и Државата.:toe:
5% ??? Сериозен си ? :toe:
Точно дека се штета за државата, ама тоа само од глава на државата, оти постојат такви газди како овие кои деновиве изјавуваат: „со новиот закон за пушење прометот ми падна 90% (пушална да е само,нема да има пад од 90%):pos2:, морам да превземам мерки и да отпуштам работници (заклучок демек државата не се грижи за оние малку вработените, сироти неосигурани, со плати од 9000 денари) :tapp:.
Тие заработуваат десетици илјади евра месечно на грбот на своите комшии, роднини , пријатели и тн ... а немаат 4, 5, или 6 илјади денари месечно да им плаќаат придонеси на своите вработени!?

:drk::pusk:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Да збориме реално, ако имаше невработеност од 34 % до сега пола држава од глад ќе умреше,да не се правиме експерти многу многу.. реалната бројка е некаде околу 20% другото све се пријавува на биро ради сини картони..а има и многу на црно неосигурани.. али 34% невработеност НЕМА ШАНСА!
 
Таткото на Економијата Адам Смит рекол месарот не ви Го дава месото ради убави очи туку поради ПАРИ,кога купувате леб е исто,а занаетчијата нема да ти ги среди чевлите ако не му платиш.

Зборуваме за ЕГОИЗАМ(оправдан во економија..ама осет де) каде кај нас за жал удри и тешкиот материјализам-тхеј вант МОР...јасно ли ти е...Пример ти е еве знаеш Градот каде има Бентли и Ферари купени од газда на фирма која прави бојлери....епааа работниците кажуваат плата 6000 денари,а кога иде инспекција инсајдери се јавуваат-па вработените излеваат надвоор(а со маици од фирмата:pos2:) чиниш на чајанка се:tapp::tapp:

И сето тоа комбинирано го имаш тој нус трагикомичен транзиционен ефект на смрдлив здив од една економија водена од
П(уффф)РРоеКтИ!!!....

Тие господа мораат да профитираат со ИЛЈАДНИЦИ евра благодарение на ГРБОТ на работникот т.е Газдите не се инвентивни,помалце иновативни,не знаат што е организација(почит до исклучоците...има)...и затоа не се замараат едноставно кип пушинг и иако При реални околности плата 400 евра за работникот(барем достоен живот заслужува секое битие),настрана здравствено пензиско(со ова имаш бруто плата),кога би требало газдата да дава волку пари поради неговата неспособност и неинвентивност МОРА да им дава по 6000 денари...шит хепнс:toe:

Да збориме реално, ако имаше невработеност од 34 % до сега пола држава од глад ќе умреше,да не се правиме експерти многу многу.. реалната бројка е некаде околу 20% другото све се пријавува на биро ради сини картони..а има и многу на црно неосигурани.. али 34% невработеност НЕМА ШАНСА!
Има и црна дупка од ММФ и Социолозите наречена Brain Drain,или во превод Распаметување на Македонија...тоа значи дека стручните кадри после дипломата исчезнуваат од Македонија оти ИМАЛО РАБОТА!!!

Нејсе затоа сега направија вака со универзитетите и шуто и рогато и блесаво,а имам приметено магариња,офци,и бишиња+ има внатре,па утре кога од некој таков "Доктор,инжењер...Х професија" ќе ти зависи иднината е тогаш да те видам.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да збориме реално, ако имаше невработеност од 34 % до сега пола држава од глад ќе умреше,да не се правиме експерти многу многу.. реалната бројка е некаде околу 20% другото све се пријавува на биро ради сини картони..а има и многу на црно неосигурани.. али 34% невработеност НЕМА ШАНСА!
Имаше на црно пријавување додека не се зголемија казните и инспекциите.Незнам дали во последно време сте промениле работа во МКД или некој ваш близок,но на 5 ден си веднаш осигуран.Никој не те чува неосигуран,мора да потпишеш договор на дело.
Така да со официјалниот податок од 30% сиромаштија во земјава и те како е бројкава во тие граници.
А тоа нема шанси поткрепи го со аргумент,да видиме кое ти објаснувањето?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Вака сеа, незнам дали ова е вистинско место каде да го постирам постов,ама денес,една другарка ја убедував цело време дека во Македонијата невработеноста расте,а таа го тврди обратното,сеа со васа помош ке дознаам кој е во право.

Што мислите вие, Дали во Македонија невработеноста расте,или опаѓа !

Поздрав:toe:
Ќе опадне коа ќе роди врба грозје:wink:

Се додека една шака луѓе дрмаат во економијата и политиката (од земање на општествениот капитал во голема концентрација во малку раце, контрола на инвестиции, контрола на банките и другите финансиски институции, контрола на големите фирми, на цела економскао-политичка клима во РМ, контрола на медиуми и НГО-а...сето ова е контрола на економска клима и нови инвестиции), а преку разни инструменти...се до тогаш невработеноста ќе си е толку колку е.
Контролирана армија на незадоволници и гладни, на раб на достоинствен живот кои се користат за хх цели во разни кампањи. Без тие стечајци, невработени..., овие луѓе ќе се никој и ништо, нема да се повеќе фирери, харизматични личности, спасители (као вчера кај стечајците у Куманово или пред неколку години истото само од оние другите)...и тако дајле.

Ако тоа што прашуваш си го поставиш поинаку -од кога е оваа невработеност и дали има плус минус 10%...ќе сфатиш од кога е (коинциденција, точно откако се појавија рекетари као занимање у јавност) и ќе сфатиш дека е класична контрола на т.н. нас овците во Македонија. Ќе постои уште долго, нема да се намали ниту зголеми...за такво нешто стварно треба атомска.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom