Невработеноста во Македонија !

  • Креатор на темата Креатор на темата Bocco
  • Време на започнување Време на започнување
Ние си имаме контролирана невработеност, што вели Буцио, проектирана.
Невработеноста расте, само кога ке заборавиш на време да се пријавиш во завод за вработување:vozbud:
Тогаш паѓа, те бришат од евиденција и адио невработеност (ако е уште истото правило), еден помалку :wink:
А уствари сите возат нови коли сите трошат како луди!!!
Кои сите на пример? 10 или 20 илјади? 100 илјади? А рестото до 500 илјади домаќинства? Сликата е ептен лажна.
 
Секој ден слушам дека невработеноста е голема. А уствари сите возат нови коли сите трошат како луди!!!

Е ајде сега кажете вие
ti gi gleas niv
idi po kafani ke mislis site se po kafani
idi po bolnici ke mislis site se po bolnici
idi po sudoi ke mislis site se po sudoi
taka i ova ti gi gleas tie so imaat koli
a tie sto nemaat ne gi gleas.
 
Како може воопшто да се постави вакво прашање,нормално дека се намалува.
http://www.nbrm.gov.mk/WBStorage/Files/WEB Osnovni makroek indikatori 1993 2009 mak0.pdf
Еве по години и еве за третиот квартал:
http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=07.01&rbs=1

Значи 2009 година е најуспешна година за граѓаните на Р.М,полека но сигурно успеваат да се вратат во 1994 година,а со надеж да се допрат годините пред неа.
Тука треба да замижете на валидноста на бројките и клучот на врата кај Митал Стил,тешка индустрија и слично кој цела 2009 не работеа.Но ете граѓаните се итри и веднаш некаде се вработиле во плеадата на работни места кај нас.
Се разбира дека на ова треба да се засметаат и вработувањата кои се случија изминатава година на Албанската популација во државна администрација.
Некој ако е поупорен може и човек по човек да брои,за кој верувам не е тешко поради „големиот број“ на вработени.
Факт си е факт,завод за статистика не лаже.:реклами:
 
Како може воопшто да се постави вакво прашање,нормално дека се намалува.
Прашање не треба да се постави, намалувањето е константно ама...бројките пак исти:) Ти го забележа тоа, во некои дејности клуч на врата, во други вработување.

На купче бројката е благонадежна (макар да секогаш има успони и падови), но по гранки...малку е поинаку во однос на 2008.
Сеа видов од линкот што Леандра го постираше па (кого не го мрзи нека проба) приметив дека најголемо зголемување на вработеноста има
активности во врска со недвижен имот и изнајмување 129%, а тука зад оваа гранка се и трговија, финансиско посредување, приватни домаќинства...
Но кога ќе се направи просто учество која гранка колку вработени има, тогаш е малку поинаку односно најголемо учество има преработувачка индустрија, земјоделието, буџетските корисници и трговијата. Од овие земјоделието е 0.4, трговијата 14.2%, преработувачката -2.6%, а буџетските (здравство, образование и јавна управа) 7.5%.
Ова бројкиве се отприлика пошто немав време многу да ги проверувам, но тука се некаде.

Сеа, може ова да се продлабочи (и да се осмисли, ова е онака, без методологија или крајна цел) со анализа која гранка колку носи/чини во буџет, гдп, колку им е просечна плата по гранки, тоа е веќе до економистите...различен пристап ама тоа треба некој да го направи.
Можда и има, но ние граѓаните во недостиг на јавна, транспарентна анализа, се снаоѓаме самите :)
 
Само за споредба дека развиените земји паника дигнаа на 5% невработеност.
Над 30% е страшна бројка,а со таа бројка како што може да се види живееме 16 години.Ништо не ни е,дајте уште :лудача:
 
Ех, што е 30-ка, се навикнавме. Да падне на 28-29 има да се праат огномети, да се пече скара, прасиња на ражен уз пиво, а можда тој ден ќе има и бесплатни автобуси.
Народна фешта :)
 
Еее па да дојдеме до 10% може недела дена во Париз ќе не шетаат :лудача:
 
Како може воопшто да се постави вакво прашање,нормално дека се намалува.
Само кога прашањето би било:Дали во Македонија се намалува вработеноста а се зголемува невработеноста?:uvo:

Факт си е факт,завод за статистика не лаже.
Значи оној Ѓорчев-експерт за све, не ја видел фактичката состојба на завод за статистика па ни пласираше информација дека бројот на невработени во Македонија е 450.000 :маШ:
 
Значи оној Ѓорчев-експерт за све, не ја видел фактичката состојба на завод за статистика па ни пласираше информација дека бројот на невработени во Македонија е 450.000 :маШ:


Зголемил за 200 000 кој лаже? :аааа:
 
Те бришат од евиденција и адио невработеност (ако е уште истото правило), еден помалку :wink:
Lurtz 1+1+1......= ∞ намалување на невработеноста:страФ:
п.с.За оние кои подзаборавиле, а се образувани знакот после = е знак за бесконечност
 
Toчно дека невработеноста е 33% , добро е што не е 50! Колку има вработени во Македонија кои не се пријавени, има ли некоја официјална бројка ? Сепак мислам дека реалната бројка е помала од 33%.

Но,во секој случај, треба навистина добра програма и многу залагање за да се намали невработеноста на 1% и да се поработи на закони кои ќе ги заштитат работниците во Македонија. Мислам и дека конечно треба да и се дадат најповолните услови и привилегии на македонската дијаспора сериозно да инвестира во Македонија.:smir:
 
Да му олеснам на Заводот за статистика, влегов во климактериум и слободно можат да ме отпишат од неварботените...од утре ќе им се придружам на стечајните невработени.
 
Само за споредба дека развиените земји паника дигнаа на 5% невработеност.
Над 30% е страшна бројка,а со таа бројка како што може да се види живееме 16 години.Ништо не ни е,дајте уште :лудача:
Америка цела се дигна на нозе кога невработеноста стигна одприлика 10%. И тоа беше најголемата криза таму во последниве +70 години.
Toчно дека невработеноста е 33% , добро е што не е 50!
Абе ептен е добро. Ако стигне до 31,5 ќе биде перфекција.
Колку има вработени во Македонија кои не се пријавени, има ли некоја официјална бројка ? Сепак мислам дека реалната бројка е помала од 33%.
Има многу непријавени ама тие не примаат по 30 илјади плата(туку еве слободна проценка не повеќе од 12)

Невработените живеат ужасно, а тие слабо платени може да се каже дека преживуваат одвај.

Испаѓа невработеност 33%.... беда 70% :)
 
Еве Словачка вели дека и тие го имале истиот проблем до само пред 10 години, па сакаат да ни ги пренесат нивните позитивни искуства околу намалувањето на невработеноста и подобрувањето на бизнис климата ...
Значи проблемов е решлив и тоа во доста краток временски период, само некој треба да поработи на него.
 
Еве Словачка вели дека и тие го имале истиот проблем до само пред 10 години, па сакаат да ни ги пренесат нивните позитивни искуства околу намалувањето на невработеноста и подобрувањето на бизнис климата ...
Значи проблемов е решлив и тоа во доста краток временски период, само некој треба да поработи на него.

проблемот е решлив за ЕДНА КАЛЕНДАРСКА ГОДИНА , ама тоа е практично неизводливо во Македонија .........има ...сега за сега .....сеуште премногу Македонци....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom