НеСовршена врска/брак

Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Според ова совршен брак е тој во кој партнерите се согласуваат да живеат во брачна заедница
А во кој брак па не се согласуваат, штом некој живеат заедно се согласуваат
Идеално живеат еден за друг, и се што прават мислат што ќе мисли другиот за тоа, дали ќе го усреќат, дали ќе одобри, и покрај тоа се среќни.... Ама такво идеално нешто нема, или ќе пуштиш партнерот да ти го живее животот и се ќе правиш во негова/нејзина функција (нема теорија да си со тоа среќен или задоволен) или ќе го направиш среќен ама ќе си дозволиш излети на твоја територија ќе имаш хоби ќе скиснеш на кајгана ќе останеш во контакт со оние пријатели/ки кои на партнерот не му се допаѓаат многу и ќе живееш по цена бракот да не биде идеален или совршен, зошто на крајот од краиштата кога влегуваме во сериозна врска или брак не умираме и не се раѓаме одново. Си бил некоја личност во минатото и тој си, можеш да си помислиш некогаш како мене сега на мааните и да пробаш да ги смениш, немој да мислиш дека нема да навлечеш нова маана и дека ќе бидиш да те грабне и да бега.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Tочно така:
Секој брак кој се одржува е среќен брак.
Како ќе се однесуваме во бракот зависи од нас, какви сме, Но зависи и од брачниот партнер и од околината.
Инаку, ова што ти го велиш: „ ќе имаш хоби ќе скиснеш на кајгана ќе останеш во контакт со пријатели/ки “ - тоа
е препорачливо однесување. И повеќе од тоа треба да се прави: да се биде општествено активен, да се помага на други луѓе и многу други работи кои ќе ти паднат на ум
Моја општа препорака е не очекувајте „ чуда “ во бракот.
И анализирај ги искуствата на другите бракови
Јас во подтемата „ Љубовта е слепа “ веќе опишав пет љубовни искуства, Можеш да ги погледаш, а можеш и ти да напишеш и анализираш нечие искуство.
http://forum.kajgana.com.mk/threads/Љубовта-е-навистина-слепа.16333/
 
M

Muranyi

Гостин
Дефинирав според мене не постои, и според мене никој од нас не е совршен партнер

Ме интересираше дали и другите се подготвени да си признаат себе си и пред други каде грешат, но и да правите муабет за мене не ми пречи...
Мони, совршенство не постои, не верувам дека постои некој што го бара тоа во бракот. Но секој брак за да биде стабилен и да опстои мора пред се да има меѓусебна почит, толеранција и компромис. И добар секс!
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Мони, секоја врска или брак се несовршени. Идеално нема. Доколку се почитувате се партнерот, си ги прифаќате мааните еден на друг, знаете да се разберите и да најдете решение за проблемите на кои наидувате, имате свој јазик на кој се разбирате и начин на комуникација која само вие двајца си ја познавате, што повеќе ти треба.
Секој човек има потреба да биде сам со себе. Не секогаш сме расположени за други луѓе околу нас, без разлика дали сме во врска, брак или сме сами. И нашиот партнер треба да има разбирање за ова.
Но oд друга страна не треба да претеруваме со ова таканаречено време за себе. Да не се изолираме од партнерот, да не го исклучуваме од нашите секојдневни ситници кои ги доживуваме. Пријателките твои кој тој не ги обожава, треба да ги прифати оти тие се ТВОИ пријателки, а он е ТВОЈ партнер. Не мора он со нив да се дружи, никој не го тера на тоа. Ти од некои твои причини се дружиш со нив. Ти одговараат како друштво, со нив можеш да правиш муабет за се и сешто. Сигурна сум дека и твојот партнер има пријатели кои ти не ги обожаваш. Зар ти му забрануваш он да се дружи со нив? Сигурно дека не. Негови пријатели, нека се дружи он со нив. Ти од почит кон него можеш да ги истрпиш неколку саати месечно. Исто треба и он да го направи тоа за тебе.
За сексот, што да ти кажам. Те разбирам дека како жена не ти се сака секогаш кога му се сака на него. Некогаш ќе одглумиш, па може и глумењето да се претворе во задоволство. Жени сме, ако нешто добро знаеме да правиме, тоа е да им глумиме на нашите мажи. :X3 Зачинувајте си го сексуалниот живот. Пробајте нешто што не сте го направиле до сега. Одвои време за двајцата, прати ги децата кај бабите, останете сами. Пошто викаш ти си таа што почесто не сака, најди нешто што ти сакаш да го направиш, а никогаш на си го направила. Размислувај надвор од кутијата. Јас сум сигурна дека пријатно ќе го изненадиш.
 
Член од
28 октомври 2012
Мислења
272
Поени од реакции
39
mnogu pari no i togash ne bi mozelo da se kaze za sovrshen brak zashto so mnogu pari posle doagaat i nekoi drugi raboti. poz.
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
1.010
Поени од реакции
865
Se se sveduva na gluma vo brakot posle odreden period,mada kolku i da bila taa ljubov golem a koja dovela do toj brak.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Има една преубава реченица:

Бракот завршува секоја вечер кога сопружниците ќе легнат да спијат и започнува повторно наутро кога ќе се разбудат двајцата.

Бракот/врската е константно градење и наградување. Ако тапка во место, без да се трудат двајцата да се надоградува, ќе пукне и ќе заврши.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom