На кафе се оди еден на еден муабет или трач партија неколку женски, не повеќе од 4
Одам 3-4 пати месечно, зависи од месецот
За еден на еден кафињата
Често муабетите се или некои сериозни теми од коишто те боли глава после кафето или апдејти кој како што или пак, слушање нечии проблеми цела вечер (да не речам цело кафе...). Започнува како во стил „Еј ај да идеме на кафе да ти кажам шо ми се деси“. И одиме на кафе и има некои пренесувања негативна/позитивна енергија, во зависност од случката.
Ако е позитивна муабетот се одвива опуштено, во убава атмосфера, зачинета со смеење и апдејти за животите на другите луѓе такозвани mutual friends.
Ако е негативна, муабетот се пренесува во слушање нечии проблеми и оптоварување all day lоng со истите, грижење за таа особа по што следува ужасна главоболка.
Што се однесува до групните кафиња...
Многу ретко се случило да се договориме цело друштво да излеземе на кафе и да падне некој договор за Нова Година или слични дешавки. Скоро секогаш кога сум одела на тие „групни кафиња“ ми било досадно и не сум можела да направам муабет со тие што сум сакала да направам муабет. Групни кафиња се жива глупост. Ем неможеш да се опуштиш целосно, пошто си во друштво, ем неможеш да направиш муабет „подлабок“ пошто сите те слушаат. Мразам.
За групна дружба преферирам домашна атмосфера ил парк, кај што или никој не ве гледа што правите или можете да правите што сакате и никој да не рече „Еј што им е на овие?!“