НА ДЕНЕШЕН ДЕН
- Меѓународен ден за поддршка на жртвите на тортура
- Светски ден на борба против дрогата
1541. - Во судирот меѓу шпанските освојувачи за власт на новооткриените територии е убиен нивниот водач Франциско Писаро. Тој во 1532 година, со само 200 војници, со измама, ја зазеде престолнината на Инките, Кахамарка, и го зароби царот Атахуалпа, по што Перу стана шпанска колонија, а во 1535 година ја основа Лима, подоцна престолнина на Перу.
1810.- Умре Жозеф Моголфие, француски пронаоѓач. Со својот брат Етјен го конструира првиот аеростат-воздушен балон наполнет со топол воздух. Роден е во 1740 година.
1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. Работеше на воведувањето на апсолутен систем на единици и мерења, учествуваше во полагањето на трансатлантскиот телефонски кабел и изработи температурна скала. Умре во Белфаст, на 17 декември 1907 година.
1836.- Умре францускиот официр Клод Жозеф Руже де Лил кој во 1792 година ги напиша зборовите и мелодијата на француската химна.
1843. - Хонг Конг е прогласен за британска кралска колонија.
1861.- Во Прага умре Павел Јозеф Шафарик, словачки филолог и историчар, еден од најистакнатите чешки и словачки народни преродбеници. Неговото дело е од големо значење за словенските народи. Меѓу другото, ги објави и Житијата на Кирил и Методиј. Роден е во Кабеларево, на 13 мај 1795 година.
1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка. Светска слава стекна со своите романи за животот на кинескиот народ. Најпознати нејзини дела се "Добра земја", "Мајка", "Исток-Запад", "Синови", "Разурнат дом" и други. Добитник е на Пулицеровата награда во 1931 година и на Нобеловата награда за литература во 1938 година. Умре во Данби, на 6 март 1973 година.
1898.- Роден е германскиот конструктор на авиони и индустријалец Вилхелм Мезершмит, главен конструктор на авионите на нацистичка Германија во Втората светска војна.
1906. - Во францускиот град Ле Ман е одржана првата автомобилска Гранд при трка.
1942.- Финска и се придружи на нацистичка Германија во Втората севтска војна и му објави војна на Советскиот Сојуз во која учетвуваше три години. Во 1944 година беше принудена на помирување, а конечниот мировен договор го потпиша во 1947 година во Париз.
1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на 50 земји потпишаа Повелба за основање Организација на обединетите нации (ООН). Повелбата стапи во сила на 24 октомври 1945 година (овој ден се прославува како Ден на Обединетите нации).
1970.- Александар Дубчек, шеф на Комунистичката партија на Чехословачка и водач на реформското движење наречено „прашка пролет“ до интервенцијата на Варшавскиот пакт во август 1968 година, е исклучен од владејачката партија.
1992.- Во Скопје, е формирана Македонската фармацевстка комора, со цел да ја организира и унапредува фармацијата како неделив елемент на здравството.
2000.- Меѓународниот тим на научници го објави епохалното откритие - мапата на човечките гени, оценувајќи го тој настан како „историска точка во стоилјадагодишното постоење на човештвото“.