- Денес
ка е Светскиот ден на поштите.
1547 Роден е Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот "Дон Кихот". Овој роман е преведен на сите светски јазици. Ги напиша и романите "Галатеу" и "Персилеса и Сигисмунду". Умре во Мадрид, на 23 арприл 1616 година.
1757 Роден е францускиот крал Шарл X, кој на престолот седна во 1824 година, а во 1830 година беше соборен во Јулската револуција, по обидите да ја обнови апсолутната монархија. Неговиот брат Луј XVI е убиен во 1793 година во Француската револуција.
1806 Прусија и објави војна на Франција, во која е поразена и загуби делови западно од Лабе и од Полска.
1831 Убиен е првиот претседател на Грција, Јоанис Каподистријас, еден од водачите во борбата за независност од Отоманското царство. Во 1809 година стапи на служба во Руското царство и беше претставник на Русија на Виенскиот конгрес и шеф на руската дипломатија од 1815 до 1822 година. По враќањето во Грција, учествуваше во борбите за ослободување. Во 1827 година дојде на власт, а беше убиен во атентат.
1854 Во селото Идвор, во Банат, е роден Михајло Пупин, научник од светски глас. Со своите пронајдоци во областа на електрониката, жичната и безжичната телеграфија, стана познат во целиот свет. Најголема слава и признание му донесоа "Пупиновите калеми" со кои се овозможува пренос на телефонските разговори на големи далечини. Умре во Њујорк, на 12 март 1935 година.
1857 Во Дубровник е роден Иво Војновиќ, хрватски драмски писател. Пишуваше во духот на традицијата на хрватскиот реализам. Познати се неговите дела „Дубровничка трилогија“, „Еквиноциум“, „Смртта на мајката на Југовиќите“, „Госпоѓата со сончоглед“ и други. Умре во Белград, на 30 август 1929 година.
1876 Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувите Грахам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ.
1892 Роден е српскиот писател од хрватско потекло Иво Андриќ, единствен југословенски добитник на Нобеловата награда за книжевност, брилијантен стилист. Дела: „Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“, „Госпоѓица“, „Омер-паша Латас“ (недовршен) и други.
1894 Во Петроград е роден академикот проф. д-р Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. Покрај неговата дејност во Загреб и во Белград, беше раководител на историското одделение при Архивот на СР Мекедонија, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на Катедрата за словенска култура при Институтот за проучување на словенската култура во Прилеп. Умре во Скопје, на 3 февруари 1987 година.
1906 Роден е сенегалскиот државник, филозоф и писател Леополд Седар Сенгор, член на Француската академија и претседател на Сенегал од 1960 до 1980 година. Дела: „Нова антологија на црнечките и малгашки поезии“, „Слобода I: Царство и хуманизам“, „Слобода II: Нација и африканскиот пат во социјализмот“ и други.
1908 Роден е францускиот фимски режисер и глумец од руско потекло Жак Татишчев, познат како Жак Тати, поетски сатиричар. Филмови, режија и глума: „Празничен ден“, „Одморот на господин Илоа“, „Мојот вујко“ (Оскар), „Сообраќајна бркотница“.
1934 Убиен е југословенскиот крал од српско потекло Александар I Караѓорѓевиќ, наречен „Крал Обединител“, прва жртва на фашизмот. Атентатот во Марсеј, во кој е убиен и шефот на француската дипломатија Жан Луј Барту го организирале усташи и италијански фашисти, а пасошот најден кај убиецот е издаден во Загреб на име Петар Келеман. Стана крал на Србите, Хрватите и Словенците на 6 ноември 1921 година.
1940 Роден е англискиот музичар Џон Ленон, автор на повеќето песни на поп групата „Битлси“.
1958 Умре папата Пие XII, од италијанско потекло, првосвештеник на Римокатоличката црква од 1939 година. Беше поддржувач на италијанските фашисти и германските нацисти.
1962 Африканската држава Уганда стана независна по безмалку 70 години биртанска колонијална управа.
1963 Повеќе од 2.000 луѓе загинаа по пукнувањето на 300 метри високата брана „Вајонт“ кај Белуна, во североисточна Италија.
1967 Убиен е аргентинскиот револуционер Ернесто „Че“ Гевара, симбол на револуцијата во Јужна Америка, но и ширум светот особено меѓу младите. Дипломирал медицина во Буенос Аирес во 1953 година. Во Мексико се запозна со Фидел Кастро. Беше министер за земјоделство, а Куба ја напушти во 1965 година. Во Боливија, сакајќи да го поведе народот во востание за ослободување на Јужна Америка од доминацијата на САД и домашната олигархија, беше убиен. Дела: „Спомени на кубанската револуција“, „Дневник од Боливија“.
1967 Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. За претседател на МАНУ е избран Блаже Конески (до 1975), редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател д-р Харалампие Поленаковиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а за секретар Ѓорѓи Филиповски, редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје.
1968 Во Париз Умре Андре Мороа, француски писател, автор на најголем број романи и романизирани биографии за Дизраели, Бајрон, Волтер, Тургенев и други. Роден е на 26 јули 1885 година.
1974 Во Скопје свечено е предадена во употреба новата зграда на Театарот на народностите.
1975 На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите "бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот", се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. Меѓутоа, во изјавата на 72 советски научници, што е објавена на 25 октомври, се осудува одлуката Нобеловата награда да му се додели на Сахаров.
1983 Во експлозија на бомба во главниот град на Бурма, Рангуна, за која Јужна Корија ги обвини севернокорејските агенти, беа убиени 18 јужнокорејски функционери, вклучувајќи и четири клучни министри, меѓу кои и шефот на дипломатијата Ли Бум Сук.
1987 Во Загреб умре Владимир Ружѓак, еден од најистакнатите поранешни југословенски и светски оперски пејачи - познат баритон, долгогодишен член на оперите во Загреб, во Хамбург и на „Метрополитен“ операта во Њујорк. Роден е во 1922 година
1989 Пуштена е во сообраќај делницата на автопатот Скопје - Петровец.
1994 Во селото Црник, Пехчевско, е осветена црквата „Света Петка“.
1995 Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.
1995 Во Скопје умре Миодраг Друговац, македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар, аналитичар, антологичар, преведувач и новинар. Неговото книжевно дело е мошне обемно. Роден е во селото Друговац, кај Пожаревац, во Србија, на 12 октомври 1928 година.
1997 Повеќе од 200 луѓе загинаа во ураганот „Паулина“ во мексиканското летувалиште Акапулко.
1999 Бројот на жртвите во поплавата во Мексико ја надмина бројката 400.
1999 Во Охрид, митрополитот брегалнички г.г. Стефан (Стојан Велјановски) е избран за поглавар (петти по ред) на Македонската православна црква. Пред него поглавари на Македонската православна црква беа: г.г. Доситеј (Димитар Стојановски), г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) и г.г. Михаил (Методи Гогов).
2001 Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски потпиша изјава со која се потврдува намерата за амнестија на припадниците на таканаречена ОНА, кои доброволно го положија оружјето во рамките на мисијата на НАТО „Неопходна жетва“ заклучно со 26 септември 2001 година.
2003 Умре францускиот филозоф и теоретичар Жак Дерида, познат по концепцијата „деконструкција“. Покрена широка критичка расправа за филозофијата и е еден од иницијаторите на познатата париска група „Тел-куел“. Дела: „Пишување и разлики“, „За граматологијата“, „За духот“ и други.