Хахаха какви вицеви се изначитав, Струмица бил најчист град...???? Ај вака сега да ви кажам, јас сум Струмичанец и не зборам заинает туку колку да ви биде јасно, Струмица можеби е најчист град во Македонија, ама во Центарот на градот! Значи најпрометните улици. Кој не прошетал низ оние помалите улици малце подалеку од центарот слободно нека прошета и ќе има што да види, а да не правиме муабет за излезите од градот, излезот од градот накај Селото Куклиш - Депонија, излезот накај Село Добрејци - депонија, излезот накај Село Дабиле - депонија ( посебно реката таму каналот што е не е исчистен 100 години и смрди ко да умреле цело стадо овци ) И сега немојте да ми солите дека Струмица е најчист во цела Македонија, ниту пак некој друг град, ние Македонците немаме култура како прво и прво што значи дека секој фрла отпадоци кај најде и не го боли стапот дали тоа му пречи на некој, дали и штети на околината итн. Да ми кажете кое село е најчисто ќе ви поверувам, ама град никако! Сум ги видел скоро сите градови во Македонија и во ниту еден не сум видел чистота што го задоволува мојот вид на прв поглед. Доколку некој не ми верува слободно нека ми пише ПП или овде на темата ќе ви постирам слики од Струмица па после може да дискутираме уште повеќе.