Најчист град во Македонија

Член од
2 март 2008
Мислења
84
Поени од реакции
10
Ги кажавте сите само не најчистиот град во Македонија, се наога во најисточниот дел во МК, на надморска височина негде околу 1000м2, опкружен со планини и шуми и затворени фабрики, така за почист не верувам дека има а тоа е Берово. Незнам дали сте биле, па ако имате прилика ке се уверите дека е вистина. :helou:
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Ги кажавте сите само не најчистиот град во Македонија, се наога во најисточниот дел во МК, на надморска височина негде околу 1000м2, опкружен со планини и шуми и затворени фабрики, така за почист не верувам дека има а тоа е Берово. Незнам дали сте биле, па ако имате прилика ке се уверите дека е вистина. :helou:
Таму нема луѓе толку за да загадуваат. :) Шала на страна стварно беровската околија е едно од најубавите и најчисти места во Македонија.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
84
Поени од реакции
10
Има луѓе ама се помалце и помалце, ќе кажеш нема фабрики да загадуваат дека све ги затворија, и луѓево особено помладите бегаат, бараат егзистенција во Скопје и надвор од МК. Инаку Берово за туризам плаче, само треба уште инвестиции и уште некое хотелче. :wink:
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Сигурен сум дека е Крушево. Луѓе има се помалку и помалку, ниедна фабрика не работи и плус се наоѓа на планина и од најблискиот град(Пролеп) од оддалечено околу 30 км.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Хахаха какви вицеви се изначитав, Струмица бил најчист град...???? Ај вака сега да ви кажам, јас сум Струмичанец и не зборам заинает туку колку да ви биде јасно, Струмица можеби е најчист град во Македонија, ама во Центарот на градот! Значи најпрометните улици. Кој не прошетал низ оние помалите улици малце подалеку од центарот слободно нека прошета и ќе има што да види, а да не правиме муабет за излезите од градот, излезот од градот накај Селото Куклиш - Депонија, излезот накај Село Добрејци - депонија, излезот накај Село Дабиле - депонија ( посебно реката таму каналот што е не е исчистен 100 години и смрди ко да умреле цело стадо овци ) И сега немојте да ми солите дека Струмица е најчист во цела Македонија, ниту пак некој друг град, ние Македонците немаме култура како прво и прво што значи дека секој фрла отпадоци кај најде и не го боли стапот дали тоа му пречи на некој, дали и штети на околината итн. Да ми кажете кое село е најчисто ќе ви поверувам, ама град никако! Сум ги видел скоро сите градови во Македонија и во ниту еден не сум видел чистота што го задоволува мојот вид на прв поглед. Доколку некој не ми верува слободно нека ми пише ПП или овде на темата ќе ви постирам слики од Струмица па после може да дискутираме уште повеќе.
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Струга и Прилеп дефинитивно не се! Струга е може да кажам најнечистиот град каде што сум била( т.е кај што сум живеела), Прилеп секогаш си го поврзувам со немање клупи за седење во парк, немање корпи за отпадоци( мада сега Марјанчо го среди центарот) . Струмица ќе најчист град ако не ги сметаме деловите каде што се населени циганите. Другото се е чисто. А најчист град е Берово. Зеленло, свеж воздух, нема прав. Убаво!
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Сигурен сум дека е Крушево. Луѓе има се помалку и помалку, ниедна фабрика не работи и плус се наоѓа на планина и од најблискиот град(Пролеп) од оддалечено околу 30 км.
Се согласувам, не само што е на планинско место и има чист воздух туку и луѓето се воспитани па не фрлаат кај ќе стигнат. Според мене тоа малку ѓубре што го има во Крушево го прават туристите:toe:
 
Youthanasia

The game
Член од
19 март 2010
Мислења
141
Поени од реакции
11
Струга и Прилеп дефинитивно не се! Струга е може да кажам најнечистиот град каде што сум била( т.е кај што сум живеела), Прилеп секогаш си го поврзувам со немање клупи за седење во парк, немање корпи за отпадоци( мада сега Марјанчо го среди центарот) . Струмица ќе најчист град ако не ги сметаме деловите каде што се населени циганите. Другото се е чисто. А најчист град е Берово. Зеленло, свеж воздух, нема прав. Убаво!
Се согласувам.Струга е најнечист град, не само во некој делој него цела Струга е катастрофа,делон кај пазарон е ко Ирак.
 
Член од
3 април 2010
Мислења
260
Поени од реакции
41
Кочани, а држи место и муабетот за Берово...
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
spored mene najubav grad e strumica, a najcist kocani..:back:
ps.od kocani sum
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Струмица е најчист град.
Тој постот погоре за депониите е чиста дезинформација и ваљда произлегува од спротивниот табор што не се на власт (не е нивен градоначалникот).

Не мешајте политика ве молам.
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
138
Поени од реакции
40
Prilep definitivno_Od najgnasen dojdovne na najcist grad kako vo centarot taka i vo naselbite!
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
223
Поени од реакции
11
Чистотата у Струмица е ептен преувеличена,градо не е чис и точка, дека и да одаш само ако дујне некој ветар, ојде, ќе ти се напнат очите со не само прашина туку и од песок , е тва струмичане не е од шо градо е чист, само около трговскио се појавуват ѓупците со метлите у раката еднач неделно и тва кој мете а кој на ќошиинта се собират и гледат момичките. Уше еднч ќе кажам струмичане не се излезеле од провинцијалнио град да видат шо значи чистота.
 
Ти у Сушица да не живееш?

Јас сум шетан момак. Ти си бил во Скопје или Гостивар, Радовиш или било каде да видиш дали е почисто?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom