Темава се уништи со несодржајни постови ... пред пет минути ми беше најубавиот момент ... не не лажам, сега ми е најубавиот момент ... не не лажам, вчера кога седевме на клупа пред влез ми беше најубавиот момент ... бла бла бла. Зарем се тоа моменти?
Многу постови се такви, но за да не ја затворам темава дека има и исклучоци, ќе бришам се`, па продолжете барем малку посериозно и посуштински да одговарате, доколку сакате де.
Иначе мој најубав момент ... неможам да одделам туку така баш еден ... од прва еве ми текнуваат два на пример ... раѓањето на моите две внуки ... па нема нешто поубаво од тоа!
Толку неповторливи чувства во еден момент ... тага што не бев блиску до сестра ми тогаш и што знаев дека ќе пропуштам многу моменти со нив, среќа дека е се во ред со неа и нив и што воопшто ги имам, солзи кои не знам за што течат, многу алкохол, многу се` ...
Се` друго може секогаш да испадне или да го замени нешто подобро ... баш се` друго ...