За најубави машки, би рекла дека скопјани, битолчани и штипјани убедливо водат. Додуша, само тие сум ги забележала и „мерела“ по убавина.
Скопјани ми се влезени во срце, и така цел живот се бафтам со нив.
Битолчани се малку по метросексуалски настроени, не можам да им го сконтам стилот на повеќето. Ама еве ќе кажам дека се едни од најубавите заради неколку примероци кои имам чест да ги познавам.
Штипјаните...едино што знам е дека секогаш кога одевме на одмор во Охрид со другарки, првиот тип што ќе ни се засвиѓа испаѓаше дека е штипјанец.
За женски не коментирам, знам прекрасни млади дами од сите краишта на Македонија, тешко е да се одлучам.