Најубавите стихови во Библијата

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
"Блажен ќе биде оној кој ти ги зема и yдира твоите деца од карпа."
“Вие ќе бидете гориво за огнот; Вашата крв ќе биде во средината на земјата. Вие нема да бидете запаметени“
“Земете ги сите глави на луѓето, и закачете ги пред Господ“
aко може стави од која глава и кој стих се дадените цитати
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
1Кога Исус виде толку народ, се искачи на ридот, па откако седна, Му пристапија Неговите ученици
2и Тој започна да ги поучува вака:
3„Благословени се оние кои се чувствуваат духовно сиромашни, зашто на таквите им припаѓа небесното царство!
4Благословени се оние што тагуваат, зашто ќе бидат утешени!
5Благословени се кротките луѓе, зашто тие ќе бидат наследниците на Земјата!
6Благословени се луѓето кои се гладни и жедни за правда, зашто тие ќе бидат задоволени!
7Благословени се милостивите луѓе, зашто тие ќе бидат помилувани!
8Благословени се луѓето со чисто срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
9Благословени се миротворците, зашто тие ќе бидат прогласени за Божји деца!
10Благословени се прогонуваните поради тоа што се справедливи, зашто ним им припаѓа небесното царство!
11Благословени сте и вие ако ве навредуваат и прогонуваат поради тоа што сте Мои следбеници и ако изнесуваат злобни лаги против вас.
(Матеј 5)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
47Ќе ви кажам со што може да се спореди човек што доаѓа кај Мене, за да ги слуша и извршува Моите зборови:
48Тој може да се спореди со ѕидар што гради куќа, копа длабоко и ги поставува темелите врз камена подлога. Кога ќе надојде поплава и реката силно ќе нагрвали врз куќата, не ќе може да ја поткопа, зашто куќата е добро изградена.
49А оној што ги слуша Моите зборови, а не ги извршува, може да се спореди со ѕидар што си подига куќа врз земја, без темели. Кога реката ќе нагрвали врз куќата - таа наеднаш ќе падне, со стравотен тресок!“(Лука 6)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Покрај патот седеше еден слеп питач, по име Бартимеј - син на Тимеј.
47Кога слушна дека овде минува Исус Назареќанецот, тој почна да вика: „Исусе, Сине Давидов, покажи милост спрема мене!“
48Мнозина се обидуваа да го замолкнат, но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, покажи милост спрема мене!“
49Исус застана и рече: „Викнете го овде!“ Луѓето го повикаа слепиот и му говореа: „Не плаши се, дојди, Тој те вика!“
50Човекот го фрли своето палто, рипна и потрча кон Исус.
51„Што сакаш да сторам за тебе?“ - го праша Исус. Слепиот одговори: „Учителе, сакам да прогледам!“
52Исус му рече: „В ред; твојата вера те исцели!“ Човекот веднаш прогледа и Му се придружи на Исус.
(Marko 10)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Исус им рече:
2„Небесното царство може да се спореди со цар кој приредува свадба за својот син.
3Ги испраќа своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата, но овие не сакаат да дојдат.
4Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, си е готово, повелете на свадбата!‘
5Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар.
6Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат.
7Тогаш царот се налутува и испраќа војска да ги погуби убијците и да им го запали градот.
8Потоа ги повикува своите слуги и им вели: ,Гозбата е приготвена, но поканетите не се покажаа достојни.
9Тргнете сега по раскрсниците и поканете го на свадбата секого што ќе го сретнете.‘
10Така, слугите одат и ги доведуваат сите што ќе ги најдат, и добри и лоши. И свадбената сала се наполнува со гости.
11Тогаш влегува и царот да се сретне со гостите. Забележува еден човек кој не носи свечена облека и го прашува:
12,Пријателе, зошто си дошол овде без свечена облека?‘ А тој молчи.
13Тогаш царот им заповеда на слугите: ,Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во најдлабоката темница. Таму ќе има лелекање и чкрипење со заби!‘
14Зашто, иако мнозина се поканети, малцина се избрани“ заклучи Исус.
( Матеј 22)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
7И роди Син, нејзино Првороденче, Го пови и Го положи в јасли, бидејќи за нив немаше место во ноќевалиштето.
8Во истиот тој крај, имаше пастири кои ноќеваа во полето, чувајќи ги своите стада.
9Одеднаш им се јави ангел Господов и славата Господова ги осветли, од што тие многу се исплашија.
10Но ангелот им рече: „Не плашете се! Ви носам радосна вест, што ќе ги зарадува сите народи.
11Денес, во Давидовиот град, во Витлеем, ви се роди Спасителот - Месијата, Господ.
12Доказ за ова ќе ви биде следното: во јаслите ќе најдете Новороденче во повој.“
13Вчасот, на ангелот му се придружија голем број ангели од небото, кои Го славеа Бога пеејќи:
14„Слава на Бог во небесата, а на Земјата мир за луѓето над кои почива Неговата благонаклоност!“
(Лука 2)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
1Во тоа време, во јудејската пустина започна да проповеда Јован Крстител. Неговата порака беше:
2„Покајте се, зашто небесното царство се приближува!“
3Тој е човекот што беше претскажан од пророкот Исаија со зборовите: „Глас одекнува низ пустината, кој вели: ,Пригответе пат за доаѓањето на Господ, исправете го патот за Него!‘“
11Јас ве крштавам во вода, врз основа на вашето покајание, но Оној што иде по мене е многу поголем од мене и јас не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам; Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган.
12Тој има лопата в раце и ќе го исчисти Своето гумно: житото ќе го собере во житните складови, а плевелот ќе го гори во вечен оган.“
13Во тоа време, од Галилеја дојде Исус да се крсти кај Јован, во реката Јордан.
14А Јован го одвраќаше, велејќи Му: „Ти треба да ме крстиш мене, а не јас Тебе!“
15Но Исус му рече: „Така треба да биде сега, зашто ние треба да исполнуваме си што е правилно.“ Тогаш Јован се согласи и Го крсти.
16И тукушто се крсти Исус и излегуваше од водата, наеднаш небото се отвори и Јован го виде Божјиот Дух, во облик на гулаб, како слегува и се спушти над Исус.
17Се чу и глас од небото, кој рече: „Ова е Мојот Син Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!“
( Матеј 3)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
„Достоен Си, Господе и Боже наш, да примиш слава, чест и власт, зашто Ти си Творецот на се, и се што постои, Тебе Ти го должи своето постоење и создавање!“
(Откровение 4)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
11Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина.
12Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот.
13По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат.
14Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија.
15Отиде како наемник кај еден тамошен човек, кој го прати в поле да му ги чува свињите.
16Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
17Конечно, тој се свести и рече: ,Сите наемници кај татко ми имаат храна во изобилство, а јас овде гладувам!
18Ќе станам, ќе појдам кај татко ми, и ќе му речам: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе!
19Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син. Прими ме кај тебе како наемник!‘
20Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна.
21Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘
22Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете!
23Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова,
24зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата.
25Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри,
26па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува.
27,Брат ти се врати‘ - му одговори слугата, ,па татко ти го закла најдоброто теле, радосен што го виде здрав.‘
28Постариот брат се налути и не сакаше да влезе дома. Излезе татко му и почна да го моли.
29Но тој му рече на татка си: ,Јас ти работев како роб сиве овие години и никогаш не ти бев непослушен, а ти ниеднаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со пријателите.
30А кога се врати овој твој син, кој по блудници го потроши сиот свој имот, за него го закла најдоброто теле!‘
31Таткото му одговори: ,Сине, ти си секогаш овде, со мене, и сe што е мое е и твое.
32Но треба да се радуваме и да прославиме, зашто брат ти беше мртов и оживе; беше загубен, но сега е најден.‘“
(Лука 15)
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
"Блажен ќе биде оној кој ти ги зема и yдира твоите деца од карпа."
“Вие ќе бидете гориво за огнот; Вашата крв ќе биде во средината на земјата. Вие нема да бидете запаметени“
“Земете ги сите глави на луѓето, и закачете ги пред Господ“
И ти читаш Библија?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Зашто, доколку вие им ги простувате гревовите на другите, ќе ви ги прости и вам вашиот небесен Татко.
Но, ако вие не им простувате на луѓето, ни вашиот небесен Татко нема вам да ви ги прости вашите гревови.“
„И кога постите, не бидете намуртени како лицемерите; тие си го изобличуваат лицето за да забележат луѓето дека постат. Ве уверувам дека друга награда за нив ќе нема!
А ти, кога постиш, дотерај си ја косата и разведри си го лицето,
за да не те познаат луѓето дека постиш; доволно е што знае твојот небесен Татко, Кој го гледа тоа што е тајно, за што ќе те награди јавно. “
„Не напластувајте си богатство овде на Земјава, каде што молци и ’рѓа го уништуваат и крадци провалуваат и го крадат,
туку напластувајте си богатство на небото, каде што ни молци ни ’рѓа го уништуваат, ниту пак крадци провалуваат и крадат.
Зашто, каде што ви е богатството, таму ќе ви биде и срцето.
(Матеј 6. 14-21)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
19. А вечерта во истиот ден, првиот ден од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше затворена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!”
20. И ова како го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се зарадуваа тогаш учениците, штом Го видоа Господа.
21. А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.”
22. И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети!
23. На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.”
24. А Тома, еден од дванаесетте, наречен Близнак, не беше со нив, кога дојде Исус.
25. Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа.” А тој им рече: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам.”
26. А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и рече: „Мир вам!”
27. Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!”
28. Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!”
29. Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти Ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а
поверувале!”
( Јован 20)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
1Како на сафари сега чуџуклари
2Слушни како ги заработувам своите пари
3Чекај, по плеќи ти ме чукаш сега
4И бегај, јас праќам на интензивна нега
5Татко ти и мајка ти те учеле на ум
6А ти копиле мало повикуваш на бунт
7Правиш гримаси, демек сила си
8Оди си, кај да си ти и твоите ораси
9На својот ментал јас сум крал бе будал
10Ти си ми амал, а јас ти фрлам кал
11Како ловец би те ловел по џунгли на асфалтот
12Ама стварно нема време зошто времето е кратко
13И пишувам, нервните синапси се врели
14Мастилото го сече како што мозокот го дели
15А ти твојот текст да го пишеш како мише
16Се мачиш, се потиш и со гумата бришеш
17Со својот стил јас јако гризам
18А твојот бре педерче ми смрди на чист вагинализам
19Но покрај се има место и за тебе
20И ти ко сите други си го носиш своето бреме
21Има полно да се каже кога цело време молчиш
22Се кочиш, вистината ја гледаш во очи
23И место за дебил се сметаш за цивил
24Во праведна хиерархија и грбот би го свил
25Но ова цивилизација не е
26Место човек тука ѕверот владее
27И затоа лажни стихотворци ве ловам
28Ве колам и потоа ко Феникс ве преродувам
29Со пушка, чиста мисла, критична свест
30И куршум речта што се шири како лоша вест
31И ко на тест пред духом да паднеме
32Куршумот го фрламе од душава на менгеме
[Смилен 66]

 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Трета книга Ездра
4. Смртните луѓе не можат да ги знаат Божјите патишта

1. Вака ми одговори испратениот ангел кај мене, по име Уриел.
2. И рече: <„Срцето твое отишло многу далеку од овој век, бидејќи настојуваш да го постигнеш патот на Севишниот.»»
3. Јас одговорив: <„Така е, Господару!»» А тој ми рече: <„Пратен сум да ти покажам три пата и да ти покажам три проблеми.
4. Ако ми решиш еден од нив, тогаш јас ќе ти го покажам патот што сакаш да го видиш и ќе те научам од каде произлегло лукавото срце.»»
5. Тогаш јас му реков: <„Говори, Господару!»» А тој ми рече: <„Појди и иземри ја тежината на огнот или измери го дувањето на ветерот или врати ми го денот што веќе изминал.»»

6. Јас одговорив: <„Кој човек може да го направи тоа што го бараш од мене?»»
7. А тој ми рече: <„Ако би те прашал колку живеалишта има во срцето на морето или колку извори има на почеткот од бездната, или колку жили има над небескиот свод и какви се влезовите на Ад,
8. ти можеби ќе ми одговориш: во бездната не сум слегувал, ниту во Адот, а и на небото никогаш не сум се искачил.
9. А сега те прашав само за огнот, ветрот и денот што си ги преживеал, без што не можеш, а ти и на тоа не ми одговори.”
10. Потоа ми рече: „Ти не можеш да го познаеш ни она што е твое и што било со тебе уште од твојата младост,
11. како тогаш твојот сад би можел да го смести во себеси патот на Севишниот и во овој видлив расипан свет - да ја разбере расипаноста, која е видлива само за мене?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom