До сите коишто го силувате копчето „Пријави“ за цитатите од Библијата на
@Let 3, цитатите нема да му бидат избришани бидејќи:
1. Цитатите ги има во Библијата и се дел од истата, ако сметате дека Библијата е света тогаш сите „стихови“ во Светото Писмо се пријатни и убави бидејќи се од Бога дадени.
2. Секој има право да издвои стихови коишто тој мисли дека се најубави и се' додека стиховите се од Библијата, а пропратните слики не содржат експлицитен материјал (сликата на Беки Џејн погоре), може да се сметаат како соодветни на темата и валидни. Луѓе може да имаат пријатни пориви од различни слики со религиозна содржина како што
@Let 3 има пријатни пориви од сликата која погоре ја наведол како визуелен приказ на стих напишан во Светото Писмо, стих кој воедно е најубав за
@Let 3 и буди пријатни чувства кај членот. Никој од вас нема право да го запре тоа, а ниту јас, согласно со било кое правило. Ако избришам стихови кои се од Библијата, а цитирани од страна на членот, тогаш не ја вршам мојата функција и му наметнувам став на секој тука за тоа што треба да чувствува како најубаво, а што не. Тоа е субјективно
@spiros , разбираш нели?
3. Ако се чувствувате испровоцирани од било која причина, тоа е индивидуално и е воедно ваш проблем, се' додека постот не отстапува од темата, е превземен од Светото Писмо и сликите кои се постирани не содржат експлицитен материјал, постот е во ред.
Ако продолжите да ја одбирате опцијата „Пријави“ без реална причина, причина која валидно би покажала дека нешто отстапува од правилата, тој потег ќе го рачунам за спам и вие ќе бидете казнети.
Ако некој ми реплицира на постов кој е напишан со намера да бидете известени за мојата одлука околу вашите секојдневни пријави на истите постови од Лет 3, тоа ќе го рачунам за оф топик, а сите знаете дека пишување на оф топици се казнува.