Најтешко е човек да си прости сам на себе?!

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Простување себеси, и простување на другите, едно без друго не иде.
Точно, се согласувам, но сепак еве пример мене многу полесно ми е да им простам на другите ако ми згрешиле затоа што едноставно го прифаќам фактот дека се луѓе и дека може да се случи да направат грешка, но многу потешко си опростувам себеси затоа што секогаш ми тлее прашањето: Како можев да си дозволам вака да се зезнам или да утнам? Потешко е според мене човек на себе да си прости отколку на другите, зошто секогаш од себе имаме најголеми очекувања. :)
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Точно, се согласувам, но сепак еве пример мене многу полесно ми е да им простам на другите ако ми згрешиле затоа што едноставно го прифаќам фактот дека се луѓе и дека може да се случи да направат грешка, но многу потешко си опростувам себеси затоа што секогаш ми тлее прашањето: Како можев да си дозволам вака да се зезнам или да утнам? Потешко е според мене човек на себе да си прости отколку на другите, зошто секогаш од себе имаме најголеми очекувања. :)
Така е и со мене, често беснеам на други луѓе но само пред себеси, а кога сум пред нив гледам дека нема место за хејт, може малку презир, малку повеќе. :) Се укажува на потребата од натсвест, просветление, тогаш ја гледаме суштината на другите која е исто со нашата, а лошите работи само минлив сон.

Тоа е тоа, его, погрешен став према себеси. Ако према себеси грешам, и према другите ќе бидам необјективен.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Лесно е да простиш на другите, но себе си е најтешко...

Ваква реченица имам прочитано и ме замисли...

Што мислите, дали навистина е така? Дали полесно ги простуваме грешките на другите? Дали повеќе се осудуваме и сме престроги кон нас и кон грешките кои ние ги правиме?

Дали потешко си опростуваме на себе, затоа што она што ние го правиме само ние сме одговорни за тоа?

Вие?

Потешко им простувате на другите или на себе?
јас мислам дека тоа се две различни работи, простување на себе, и простување на другите.
на другите колку лесно ќе им простиме е индивидуално. зависи на пример, колку ти значи личноста што згрешила, колку згрешила... зависи од човек до човек, можеби јас би простила за една работа, ти не би. се е индивидуално.

а на себе... можеби кога ќе оплескаме нешто, на другите не им е толку важно. можеби тие полесно ќе ни простат. ама ние знаеме колку ни е важно тоа нешто и колку влијае тоа на нашата самодоверба и чувство за вина.. има луѓе што не се грижат. а има и што претерано се грижат. ако некоја грешка си ја направил во врска со некој друг човек тогаш е важно колку ти значи таа личност, и колку тој лично ја смета штетата за голема. можеби ако си му драг тој ќе ти прости, ама тебе уште ќе ти стои чувството на вина. а ако се работи за тебе...тогаш е најтешко. зависи колкава грешка си направил. ама во секој случај, вината секогаш ќе те стигне, секогаш ќе ти се врати и никогаш нема да успееш да избегаш од неа. на овој или оној начин ќе дојде пак. грешките направени во врска со себе можат да се преболат најчесто единствено со нова, подобра шанса која ќе ја искористиме (од искуство) подобро од претходната што сме ја упропастиле. тогаш можеме да дојдеме пред себе и да речеме да, згрешив. ама научив нешто од тоа и следната прилика ја искористив исправно. според мене единствено така можеме да се помириме со грешките.
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Порано имав еден механизам така што лесно се претопував со се, едноставно немав граници. Им "простував" вртејќи ја лутината кон себеси постојано со што се доведов до депресија. Кога почнаа тоа емоциите да се прелеваат одлучив да поведам малку евиденција за себеси. Уф, наидов на многу себеобвинувачки пораки, а за многу од нив немаше основ да си се лутам. Сега сфаќам колку не сум простила ништо, само разликата било во тоа што лутината била насочена во обратен правец. Е сега сум им лута на сите што ме повредија. Дур не се потроши таа енергија, реално, никому не му е простено. Лутината свртена кон себе ја црпи нашата енергија, а лутината кога ја истураме нанадвор тогаш таа и се троши. Е кога ќе се потроши ќе простиме - ако сакаме! Или едноставно ќе си тргнеме по својот пат незамарајќи се повеќе. Како што пишува во еден од погорните постови потполно се согласувам, затоа што тоа е еден процес кој трае и воопшто не е лесно некогаш или често пати да си простиме на себеси:
"Простување себеси, и простување на другите, едно без друго не иде." - Cool Hand Luke
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
Oбично со тек на време ќе заборавиш што ти згрешиле, ќе ги оправдаш некако, и да не им простиш што знам како што поминува времето по не се замараш, но тоа што јас го имам направено, згрешено ако може да се каже особено на некој што ми значи ќе си го носам како товар цело време. Се случило да ми згрешат мн повеќе отколку јас нив, но кога ќе направам нешто што не требало, не можам да си го оправдам... грижа на совест тоа ти прави :)
 
Член од
17 ноември 2010
Мислења
46
Поени од реакции
3
простување себеси никогаш. но тоа не значи дека треба да бидеш немирен, туку помири се со тоа.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Простување на себе си , се ти е тоа мајнд гејм.
Посматрај го од надвор , не е страшно.
Е сега ефектите кои произлегуваат од фактот што не си можел да си простиш може да бидат заебани. :)
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
30
I E NAJTESKO IMA NEKOI RABOTI SO DO DEN DENES NEMOZAM DA SI GI PROSTAM SO SUM GI NAPRAIL SO NE TREBALO SO SUM IZREAGIRAL KAKO STO NETREBA AL TOA E !!! KE SE POMIRIS SO TOA I TOLKU !!!
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
42
Поени од реакции
6
Оу да.Многу ми е потешко да си простам себе си отколку на другите,без разлика за каква грешка се работи.Ова малку и ме чуди.Веројатно се работи за преголема строгост и нефлексибилност кон себе си за разлика од околината. :toe:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.286
Поени од реакции
27.782
Пффф тешко. Кога можел Исус да ми ги прости грешките оти па ја да неможам?
Едноставно е! Секако дека никој не очекува да бидеме перфектни и никогаш да не грешиме.
На крај краева, грешката е најдобро школо.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
И не само простување, воопшто, да се договориш со сам себе, да си се налутиш, да си кажеш way to go, да се разочараш, да се натераш да почнеш од почеток, а пред тоа да се натераш да видиш дека си паднал... Живеењето со сам себе генерално е најтешко. Сам сопствена тајна да си чуваш е најтешко. Симон најубаво си кажа во Диво месо, фрли го Симон во најшироко поле... Не може Симон од Симона да побегне. :)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
И не само простување, воопшто, да се договориш со сам себе, да си се налутиш, да си кажеш way to go, да се разочараш, да се натераш да почнеш од почеток, а пред тоа да се натераш да видиш дека си паднал... Живеењето со сам себе генерално е најтешко. Сам сопствена тајна да си чуваш е најтешко. Симон најубаво си кажа во Диво месо, фрли го Симон во најшироко поле... Не може Симон од Симона да побегне. :)
Toa e така затоа што човек сам на себе не си веруе.
А зошто не си веруе ?
Затоа што има повеќе од една личност у него хахах.
Тоа доведува до ова
 
Член од
14 јануари 2006
Мислења
93
Поени од реакции
2
Ce si prosti covek sam na sebe zosto da ne za da prodolzi ponatamu niz zivotot potesko e da trgne protiv samiot sebe.
 
V

vlako088

Гостин
Да има многу вистина во ова. Има постапки за кои јас никогаш нема да си простам на самиот себеси, секако на другите им проштевам.
Ве прашувам има ли некој да ми каже не како да си простам на себе си туку како да не мислам на постапките за кои не меможам да си опростам?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom