Најтаинствената секта на Римокатоличката црква

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Најтаинствената секта на Римокатоличката црква е моќна организација, која од средината на осумдесетите била срце на структурната моќ на Ватикан и се вика Опус Деи.
Таа е организација што е исто толку фундаменталистичка од христијанската страна на духовната завеса, како и Тураби и неговите следбеници од исламската.
Зад оваа организација стојат личниот секретар на папата, неговиот портпарол, дел од министрите, а нејзините членови биле и директни и најблиски соработници на папата Јован Павле II. Ширум светот брои околу 80 илјади членови.
Нејзините членови се насекаде, а сепак никаде не се гледаат. Тие се контрадикција и во термините и во методологијата. Нејзините цели биле и остануваат скриени, само се знае дека се чисто духовни.
Опус Деи е длабоко вмешана во духовната помош на своите верници, а била и инфилтрирана во политичката, финансиската и образовната инфраструктура на многу земји, преземајќи ја контролата над финансиите на Ватикан, војувајќи против Теологијата на ослободувањето во Латинска Америка, против марксизмот во Европа, преобликувајќи го светот по перестројката. Во последно време својата главна задача ја фокусира на спротивставување на појавата "Источна оска", поточно на централната исламска оска.

Оваа организација води осум универзитети и осум институти за високо образование ширум светот, контролираат комплекс на радио и ТВ мрежи, како и издавачка куќа, што ги прави медиумски гигант.
Нејзините членови се програмирани да не ги доведуваат во прашање намерите на внатрешната хиерархија и ригорозно да се покоруваат на претпоставените.
Иако оваа тајна организација е мајстор на модерната технологија, нејзините корени се средновековни. Нејзин основач е Хоземарија Ескрива де Балагер, кој не бил ни бискуп, а имал поголема моќ од многу кардинали. Постхумано бил прогласен за светец, во Мај 1992 година.
----------------------------------------------------------------
Е, токму поради тоа, како најголем јавен и мистериозен скандал решив оваа тема да ја отворам тука, а не во подфорумот Религија.
Пред да ви прераскажам уште детали од тоа што го читам во врска со оваа секта или што и да е, ќе ве прашам дали вие некогаш сте слушнале за неа?
Што сте заклучиле од се` што допрело до вашите уши?

Еве пример, побарав на google и најдов хрватска страна на Опус Деи. Како што пишува писателот на книгата која ја читам, така и на страната се декларираат како посебен дел од Католичката црква кои повикуваат само на подобар живот и слични добри работи, а од друга страна има толку многу работи кои не изгледаат баш така.
Со еден збор, барем книгата говори дека главната цел на оваа организација е да го подготви христијанството за нова крстоносна војна против исламот.
Доколку е така (не сум дочитала и незнам уште:pos2:), според вас, работи ли Опус Деи за народот или против него?
Изгледа ли како мистериозна организација слична на масоните, илуминатите и сл. од која човек сериозно би требал да се чува и стравува?
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Многу информации не сум сретнал за Опус Деи, што и да прават успеват да го задржат во тајност. Досега сум сретнал неколку скандали поврзани со Опус Деи , ама ниту еден не беше докажан.
На Википедиа нема ништо посебно , ги пиши основните работи како кој ја создал и како се поделени членовите според функциите кои ги имаат.

И за крај мое лично мислење: Опус Деи е профитабилна организација со огромна економска и политичка моќ , чии членови се религиозни фанатици.
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Дивајн која книга?
и јас има читано некоја книга за нив али повеќе на база на трилер
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Дивајн која книга?
и јас има читано некоја книга за нив али повеќе на база на трилер
Опус Деи од Роберт Хачинсон. Најверојатно не е истата дека оваа е на база на испитувања, информации и наводно факти за организацијата. Кој ли да знае што е вистината ...:jaj::smir:
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
не е истата..
порано бев ептен занесена по вакви книги и воопшто по се она што се случува а ние не го гледаме....
просто коса почна да ми се крева...
Знам дека некои следбеници на Опус Деи се камшикуваат и носат каиши на бедрата со шилци..
али Бог да ги знае што прават
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Исто така и во книгата „Кодот на Да Винчи пишува некои работи за Опус деи. Исто така знам дека припадниците на ова движење се самоказнуваа т.е жигосуваат на најразлични начини со цел да си ги исчистат гревовите. Болна работа како и да е... Сега ја читам Ангели и Демони од Ден Браун па гледам се зборува за Илуминатите. Ќе треба и за тоа да се отвори тема ако веќе нема :smir:

Членовите на Опус Деи според Ден Браун се во потрага по гробот на Марија Магдалена. Тие се многу моќни, имаат пари, имаат високи луѓе во нивните редови и се многу таинствени. Мислам дека се еден вид на тајна организација во тајна организација како што се Илуминатите во организацијата на Масоните.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
за ова има во една од книгите на ден браун,мислам во кодот на давинчи ама не сум сигурна.
како прво ако оваа група е тајна нама да се знае кои се членови,најмалце ако папата е вмешан во тоа.
нема да дозволат да излезе книга за тоа,колку и да негираат ќе има љубопитни луѓе кои ќе бараат некакви докази.
нема да се експонираат...
сепак ако имаат толкава моќ не треба да ги потценуваме.

еве извадок од интервјуата на ден браун(ако ја читаш кодот) за опус деи:
PARTS OF THE DA VINCI CODE DESCRIBE THE ACTIVITIES OF THE RELIGIOUS GROUP OPUS DEI. HOW DOES OPUS DEI FEEL ABOUT YOUR NOVEL?
I worked very hard to create a fair and balanced depiction of Opus Dei. Even so, there may be those who are offended by the portrayal. While Opus Dei is a very positive force in the lives of many people, for others, affiliation with Opus Dei has been a profoundly negative experience. Their portrayal in the novel is based on numerous books written about Opus Dei as well as on my own personal interviews with current and former members.
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Не сакам да испаднам паметниот или спротивно - глупавиот. Ама морам да кажам. Ако е спомната со толку информации и ако се зборува за неа , нема потреба да биде НАЈТАИНСТВЕНА.:nenene:

А и горе има спомнато дека учествувале во креирањето на политичките одлуки на некои земји. За вакви работи имам слушнато дека така прават МАСОНИ. Има некој такво нешто слушнато
 
Така ја нареков дека така е опишана во книгата која ја читам. Покрај тоа, секогаш за некои такви организации истекува по некоја информација или претпоставка, но сепак се таинствени дека никој точно не писнал какви ритуали имаат, што жртвуваат, за што точно работаат и живеат. Никогаш тоа не е јавно.
А и во врска со членовите ... па како кај масоните, така е и тука најверојатно. И за масоните наводно никој не знае кои се, а од друга страна за многу познати личности се тврди дека се токму тоа.
Затоа велам кој да ги знае ... наше е да си дискутираме со наши мислења околу работите кои овде-онде ќе ги прочитаме или слушнеме.

Иначе има посебни теми за масони, илуминати, темплари и сл. Не ги коментирајте и тука, освен пролазно или за некаква споредба.:pipi:
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
за ова има во една од книгите на ден браун,мислам во кодот на давинчи ама не сум сигурна.
како прво ако оваа група е тајна нама да се знае кои се членови,најмалце ако папата е вмешан во тоа.
нема да дозволат да излезе книга за тоа,колку и да негираат ќе има љубопитни луѓе кои ќе бараат некакви докази.
нема да се експонираат...
сепак ако имаат толкава моќ не треба да ги потценуваме.

еве извадок од интервјуата на ден браун(ако ја читаш кодот) за опус деи:
PARTS OF THE DA VINCI CODE DESCRIBE THE ACTIVITIES OF THE RELIGIOUS GROUP OPUS DEI. HOW DOES OPUS DEI FEEL ABOUT YOUR NOVEL?
I worked very hard to create a fair and balanced depiction of Opus Dei. Even so, there may be those who are offended by the portrayal. While Opus Dei is a very positive force in the lives of many people, for others, affiliation with Opus Dei has been a profoundly negative experience. Their portrayal in the novel is based on numerous books written about Opus Dei as well as on my own personal interviews with current and former members.
Да во Кодот има доста информации за Опус деи...за нивната хиерархија(во почетокот на 80-те дури 8 министри од владата на Шпанија биле членови на ова организација), центрите преку кои делуваат(имаат 14 катиница во центарот на Њујорк вредна 47 мил..), начинот на кои ги изведуваат ритуалите на самоказнување(со помош на ланец со шилци кој се става во горниот дел од бедрата камшикување со помош на јаже кое има јазли за подобар ефект)...па се до финасиската клопка во која се наоѓа Ватикан заради нив..Кон крајот на 80-те на сметката на Ватикан од опус деи се префлени 20 милиони долари спасувајќи го Ватикан од банкрот...со што добиле свое место во донесувањето на важните одлуки во оваа црква.
Најпознат денешен член е Joaquin Navarro-Valls потпарол на Ватикан и билзок пријател на минатиот папа Јован Павле..Иако поголемиот број на членови се богати луѓе кои со богатсвото уште повеќе ја зголемуваат моѓта на оваа организација.
Темата е доволно мистична но и религиска за да биде некаде помеѓу двата подфоруми..:wink:
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585

А што е самата потреба од формирање на ваква организација?
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Интересна тема.Освен зборот Опус Деи кој порано го имам негде слушнато, а не сум знаел ништо за него немам ништо друго дознаено.Ја читав Ангели и Демони и многу убава книга е, а Кодот на да Винчи не ми е читана.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
А што е самата потреба од формирање на ваква организација?
Па требало да делува како длабоко побожна група која ќе го штити изворното(читај самотијата и светоста)..Но очигледно некаде по патот го изгубила значењето..Па за неа се закачени скандали од типот на помањето на Франковиот режим во Шапнија. на Хитлер и нацистите, а денес освен конзервативните ставови околу хомосексуалноста или абортусот на пример ..се поголемо место зазема елитизмот и посебноста на челновите оти членството се добива исклучиво со покана..Членовите се учат да стекнуваат богатсво(иако веќе се) и да влијаат на светските токови со што ја јакнат моќта на организацијата.
 
Toa последното веќе е одлика на масоните :S како и да е мислам дека светската доминација им е главна цел.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Toa последното веќе е одлика на масоните :S како и да е мислам дека светската доминација им е главна цел.
Па добро ние ги спомнуваме само најмрачните работи..пошто се работи за подфорумот мистерии..Инаку луѓето работат и друга работа...хуманитарна и социјална..Сепак зборуваме за "Божја работа"..Нивната доминација повеќе се однесува на католичкиот свет..т.е. црква..Што уште повеќе ме плаши..оти е полесен влез во домовите на луѓето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom