- Член од
- 2 септември 2008
- Мислења
- 10
- Поени од реакции
- 0
Почетоците на навивачката група Loyal Fans датираат од крајот на 90-те години од 20-от век. Поточно Loyal Fans е група на навивачи која под разни околности се одвојува од дотогашната група"Комити". Идејата за поделба е родена и пред 1999год. кога и Loyal Fans официјално се одвојува од комитите.
- 28.11.1999 год. е датумот кога се одигра натпреварот помеѓу Вардар и Пелистер, на тој натпревар Loyal Fans за првпат настапи како самостојна група и за свој дом ја одбра северната трибина. Како и секое новороденче, така и Loyal Fans имаше потешкотии во своето издигнување и опстојување низ разните препреки и опструкции кои доаѓаа од сите страни. Иако водевме борба на два фронта, со управата на Ф.К. Вардар надвор од теренот и со противникот на самиот терен, сепак со преголемата желба за успех и неисцрпната љубов кон Вардар успеавме да ги надминеме сите проблеми, да застанеме и зачекориме по вистинскиот пат на победата. Со текот на времето, големата упорност почна да ги носи успесите. Успеавме да изработиме транспаренти и разни реквизити (маици, дуксери, капчиња, шалови и др.) како што доликува на една професионална тифо-група. Првото наше гостување е во Виница каде Вардар беше условен домаќин. Казната за неиграње на Ф.К. Вардар на домашен терен беше мотив повеќе за нашето присуство и промоција на групата за пошироката македонска јавност. - Со начинот на своето навивање, нашите песни и кореографии оставаме препознатлив белег на натпреварите каде што игра нашиот ВАРДАР. Токму овие начини на искажување на љубовта кон Ф.К. Вардар ни даваат за право да се наречеме Loyal Fans - Гордоста На Скопје. Денес Loyal Fans функционира по теркот на современите и модерни навивачки - ултрас групи во Европа.