- Член од
- 28 мај 2009
- Мислења
- 3.361
- Поени од реакции
- 3.963
Политичките прилики во светот наметнуваат да ги гледаме политичарите како личности кои прилично добро живеат, додека народот одвај составува крај со крај. Меѓутоа, претседателот на Уругвај е жив доказ дека тоа не е случај со сите политичари во светот.
Хосе Мухика важи за еден од најскромните претседатели, а токму поради тоа и се здоби со титулата „најсиромашен претседател на светот“, пишува Socyberty.com.
Имено, овој 77-годишен атеист најголемиот дел од својата плата го дарува во добротворни цели, односно од месечната плата што изнесува 12.500 долари, за себе претседателот задржува само 1.250 долари, а останатите ги префрла на сметка на организација која ги поддржува малите претпријатија и на невладини организации кои работат на изградба на станбени објекти за сиромашните.
„Задоволен сум со оваа сума, бидејќи во Уругвај има луѓе кои живеат и со многу помалку пари“, вели претседателот кој ја замолил и својата сопруга истото да го направи.
Заедно живеат на фарма во Монтевидо, а неговиот најголем трошок на сметка на државата е купувањето на автомобил Фолксваген Буба во вредност од 1.945 долари.
Претседателската палата Мухика единствено ја користи за деловни состаноци и средби со политичарите, а за време на зимските месеци во неа престојуваат бездомници со своите семејства.
Овој претседател се разликува од останатите и по нешто друго. Уругвај е земја со најмал степен на корумпираност во Јужна Америка, претставува трета земја по развиеност на континентот и е една од ретките земји кои успешно ја избегнаа рецесијата.
Во јуни годинава, претседателот одлучи да ја легализира контролираната продажба на марихуана од страна на државата со цел да се бори против злосторствата поврзани со трговија на дрога, додавајќи дека истото ќе го бара и од светските лидери.
Мухика не единствениот претседател кој ја донирал својата плата. Пред него, истото го правеа Џон Ф. Кенеди и Херберт Хувер.
http://kajgana.com/hose-muhika-najsiromashniot-pretsedatel-na-svetot