Најповолни услови за лизинг?

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Кирилица Димо!

Иначе...некако од она што гледам не е баш најпаметно лизингот...големи трошоци има.
 
П

Паспарту

Гостин
Нема поволни услови во оваа држава, има само од сите зла да го одбереш најмалото... :) Банкиве жив ќе те одерат, а после 6 години колата нема да биде платена туку ПРЕПЛАТЕНА. Најубаво ти е да размислиш 5 пати пред да влезеш во ваква игра и најважно од се е да бидеш спремен на секое можно сценарио.
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Лично искуство...ние влеговме во тоа срање и излеговма многу лошо...на крај ја зедоа колата, и ја проценија на 0 евра вредност, за да не мора да ни враќаат ништо од веќе платеното...оди ако можеш расправај се со такви...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Нема поволни услови во оваа држава, има само од сите зла да го одбереш најмалото... :) Банкиве жив ќе те одерат, а после 6 години колата нема да биде платена туку ПРЕПЛАТЕНА. Најубаво ти е да размислиш 5 пати пред да влезеш во ваква игра и најважно од се е да бидеш спремен на секое можно сценарио.
Најгнасна работа во целиот свет се банкарите...нема погнасно бе. Бараат начин како да те измозлат а уствари ти продаваат производ и ти викаат „ти го давам за 0 денари“.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.876
Поени од реакции
12.408
Дватројца знам се имаат изгорено, сигурно многумина што не ги знам. Вели доаѓаат, ја земаат и толку. Ја се мислев ама кога видов камати (не паметам, но бааги ми излегуваше), услови...што знам, еден два месеци да не земе плата човек и ќе страда. Мислам (не сум сигурен) дека и каско треба да ја осигураш секоја година додека е под лизинг па и тоа е плус давачка. Јок, додека не зберам 80-90% од пари, ќе го користам автобусот, таксито, пешкито и старото магаре (во денови кога ќе функционира). Па и за компјутер (само многу поголема сума), ако земаш на кредит, додека го отплатиш ќе ти треба нов. На кредит само у нужда за евентуално недвижнина со многу големо учество...се друго е тапа со кредитите од било кој вид.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Единствено кредит за стан/куќа се исплаќа. Не заради финансиските поволности, него заради целта за што купуваш. Покрив над глава. Се друго е луксуз и плаќаш од лудост.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Само кеш. Другар мој зема Спарк на лизинг, си работеше зимаше добра плата, и додека ја зимаше наместо да плаќа по две, три рати од одма тој мислеше дека цел живот ке му биде така убо. Ама дојде време кога не му идеше работата, нема веќе трошење пари по кафани и жени и фино лепо си го продаде за 1000 евра со што тој другиот што го купи требаше да си продолжи само да го исплаќа, а другаров немаше ни за една рата да плати и мораше тоа да го направи, т.е да ја продаде за ич пари, имаше платено околу 3000 евра вкупно за колата.Колата беше една година возена.
Јас никогаш не би купил на лизинг, не знам како би одговарала комбинацијата, да се земе кредит од банка и со тој кредит да се плати во кеш колата. Знаеш дека е твоја колата, а после само со банката да си имаш работа.
А најдобра варијанта е кога ги вадиш парите од под перница идеш во салон и земаш кола ја плаќаш и си идеш дома и мирно спиеш. Можда перницата ке ти биде малку пониска од претходно ама пак мирно ке спиеш. :) Позз.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
уште да имаше да се вади од под перница и се ке беше супер....
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
ако немаш доволно пари да си купеш нова кола најдобра варијанта е за тие пари што ги имаш да си купеш половна кола
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Најдобро кеш, ако нема кеш кредит е поарно од лизинг, а лизинг е најзаебано и најскапо.
Накратко...тоа...
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
а шо ке кажите за порше лизинг или мастер лизинг (од Мак Ауто Стар) значи без заебанции со банките а?

или од порше (ама половни) на лизинг

пример од

http://www.weltauto.mk

Audi A4 2.0 TDI 2008 g 108 000 km 22 000 eвреј

e сега многу има поминато за само 2 год (оти е дизел) ама има некои со нормална километража

некако евтини ми делуваат (или се чукнати,или запленети)

http://www.weltauto.mk/cache/809-640-480.jpg



VW Golf GTI 2.0 TSI :drk:

http://www.weltauto.mk/cache/255-640-480.jpg

http://www.weltauto.mk/cache/260-640-480.jpg

VW Golf R32 :vozbud:
http://www.weltauto.mk/?go=offer&p=detail&usedcarofferId=100

http://www.weltauto.mk/cache/288-640-480.jpg

http://www.weltauto.mk/cache/295-640-480.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom