- Член од
- 20 декември 2005
- Мислења
- 503
- Поени од реакции
- 6
СДСМ во "слободен пад"
Според анкетата, СДСМ веќе го изгубила и приматот "најголема опозициона партија". Таа "титула" сега ја има ДУИ. За неа би гласале 9 отсто од граѓаните. СДСМ може да се задоволи со делба на третото место. Има рејтинг колку втората партија од албанскиот политички блок - ДПА, која бележи значаен пораст и за скоро време може да остане сама на третото место
Ако парламентарните избори се одржат денес владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе ја "згази" опозиционата СДСМ. Според резултатите од анкетата на Брима Галуп, што вчера ги презентираше УНДП во нивниот Извештај за рано предупредување, доколку денес се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 27 отсто од гласовите на граѓаните, а СДСМ, рекордно најниски, 6,3 отсто.
Според анкетата, СДСМ веќе го изгубила и приматот "најголема опозициска партија". Таа "титула" сега ја има ДУИ. За неа би гласале 9 отсто од граѓаните. СДСМ може да се задоволи со делба на третото место. Има рејтинг колку втората партија од албанскиот политички блок - ДПА, која бележи значаен пораст и за скоро време може да остане сама на третото место.
- Ситуацијата со СДСМ е загрижувачка за демократијата во Македонија. Со ваков рејтинг се доведува во прашање парламентарната контрола на власта - оценува професор Ѓорѓи Иванов, изработувач на политичкиот дел од Извештајот на УНДП.
Според него, очајно лошиот резултат на СДСМ се должи на внатрепартиските односи, промените на лидерската позиција со отсуство на партиска консолидација и отцепувањето на дел од партијата и формирањето на НСДП, која во моментов има ист рејтинг како и СДСМ. Според анализата на Иванов, клучен за пропастот на СДСМ бил периодот јануари 2003 до септември 2004 година. Тогаш се одржа референдумот за територијалната поделба, по кој, како што вели Иванов, СДСМ е во "слободен пад".
За разлика од опозициската, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го одржува својот висок рејтинг, оти граѓаните позитивно го оценуваат нејзиното досегашно практицирање на власта. Според Иванов, апсолутно е неточно објаснувањето дека поддршката што ја има ВМРО-ДПМНЕ се должи на популизам, бидејќи најголем дел од партиските поддржувачи се интелектуалци и граѓани со високи плати.
- Највисоката доверба во ВМРО-ДПМНЕ доаѓа од менаџерите (50%), од оние со примања од 21.000 до 30.000 денари (34,2%), со средно (29,6%) и високо образование (26%). Не може да се очекува овие категории на граѓани да бидат подложни на популизам - смета Иванов.
Задоволството кај граѓаните од работата на владата направи, за прв пат во историјата, во Македонија да има повеќе оптимисти, отколку песимисти. 45,3 отсто од граѓаните сметаат дека земјата оди во вистинска насока, за разлика од 39,7 отсто кои сметаат дека Македонија се уште не е на вистинскиот пат. Дека активностите што ги презема владата ќе донесат подобро утре, убедени се 56,5 отсто. Исто така за прв пат од нашата независност, мнозинството од населението верува дека ќе бидеме примени во ЕУ во наредните 5 години.