1. Том Рипли во Талентираниот господин Рипли. Браво за Мет Дејмон, Рипли е убедливо мојот најомразен карактер, неговата подмолност и во моментот кога го пишувам ова ме вади од кожа.
2. Нели сите го мразиме и овој лик
. Еден од најголемите непријатели на Џејмс Бонд, човекот со убиствената капа, Одџоб.
3. Братоубиецот Скар во Кралот лав.
4. A што ќе кажете за Капетан Видал во Лавиринтот на Пан?
Прекрасно одигран од Серџи Лопез, човекот кој ништо не го интересираше освен неговото его. Ужасно го замразив кога ги уби таткото и синот кои ловеа зајаци (требаше само да им погледне во торбите). Најдобар момент беше кога сам си ја шиеше устата.
5.
Мола Рам, мојот најомразен негативец во филмовите со Индијана Џонс, уффф кога им ги вадеше срцата.
6. Гери Олдман во Леон. Да ти е мерак да го убиеш, посебно иритирачка беше неговата смиреност.
7. Иван Драго во Роки. Човекот машина. Малку нереално (море малку повеќе) али режисерот успе сите го мразевме Русинот.
8. Карло Рици (зет за сестра на Мајкл Корлеоне) уффф што мавање и даваше на ќерката на Дон Вито Корлеоне, голем ќеф направив кога доби понуда која не можеше да ја одбие. Малку ќе типизирам, многу ме нервираат такви типци кои кога ќе најдат некој послаб го малтретираат, а се плашат од сенката на некој кој може да ги згази. Со еден збор пи**и.
9. Кифер Сатерленд во Stand by men, уште еден bully.
10. И повторно Мет Дејмон но овој пат во The Departed.