- Член од
- 15 јануари 2015
- Мислења
- 452
- Поени од реакции
- 424
Бидејќи ми пишуваат и овде и на it forumot, тешко следам. Инаку мојот пост е за Хансолот до -30 https://klimi.mk/product.php?id=133 кој е истата клима со Airwell која јас ја спомнав детално и со слики, и со спецификации и линкови каде може да се проверува кој колку сака и компресори и се.
Постот со еуровентот не е за твојот Хансол, туку за Хансолот кој се моментално продава кај нас.Пошто велиш дека јас можам да заебам некој со моите тези еве те молам посочи каде може да го најдам и купам твојот Хансол моментално за 39.000 денари, те молам потенцирај.
А ако ти сам си даваш рандом искуство за твојот Хансол кој не е истиот со оној јас кој го постирав во линкот, оној кој моментално се продава кај нас, кој кого сака да заебе?
И според тоа што имам прочитано новиот Хансолот кој јас го истражував, тој кој моментално се продава кај нас е појак од претходната генерација= најверојатно тој што ти го имаш. Шо значи уше послаби резултати ќе вади твојот.
Види ја контрадикторноста, давам податок за Хансол кој моментално се продава кај нас по цена од 50.000 денари, и ти реагираш на мојот пост со информација " како сме можеле да речеме дека Хансолот не чини, коа ти загреваш онолку квадрати со Хансолот" и на крајот испаѓа дека ти всушност даваш податок за Хансол кој не е ист со тој што јас го истражувам (уствари даваш неверодостоен податок, го оправдуваш Хансолот дека загрева онолку квадрати а уствари ти имаш друг Хансол дома), и велиш јас можам да заебам некој??? What gives man.
И целта ми беше мене, луѓето кои ќе купуваат клима, и коа даваат голема сума на пари да имаат претстава на што и колку моќност фрлаат пари, а не да се потпрат на рекла казала муабети од типот загревам ова она со ваква онаква клима троши онолку. Прочита ли некаде да напишам загревам ова она, со Osaka и вака онака.
Таквите информации се ирелевантни но сепак се добродојдени за градење на груба слика на уредот кој сака да се купи.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Те читав скоро и на тој форум It,com.mk на тема *Избор на клима уред* посебно од 25 страна па наваму каде што неколку членови Sumi , GGTT1 и други добронамерно пробуваат да ви укaжат дека Hansol е ЗАКОН клима!На пр.
Sumi
ВРВ клима, нема шанси да најдеш незадоволен некој од нејзе, прилично поефтина од подобрите модели на Daikin и Mitsubishi . Да не ме свати некој грешка Daikin и Mitsubishi ги прават едни од најдобрите климатизери НО цените им се многу посолени во споредба до GREE HANSOL . Парите од две што ке ти останат ке се частеш цел месеца не само еднаш. Преку 20К од двете би имал заштета тоа е цела плата за некој. Башка WiFi-то вградено е само кај HANSOL а знаеме дека сигурно ке го доплатеш кај Daikin и Mitsubishi па ке ти дојде многу поголема заштеда. Башка HANSOL е NORDIC модел со ефективно греење до -30
нашите температури ке бидат гола вода за него.Не случајно напишав за Hansolot сега,не во ноември туку за сега (јануари 2017) кога на мака ке ги видиш од што се направени!Немам намера да го фаворизирам GREE како бренд или пак Зорба како нивен застапник,ама моделот Hansol може да биде репер за best-bay клима вложено-добиено.
Околу споделувањето искуства
mdeni
Кога веќе ја имаш кажи, гласна-тивка. Што и фали. Која температура вади на издув? Стварно ли 12 брзини има вентилаторот? Добро ли работи на ладно? Колкав простор грееше на -20 зимоска? Мрзнеше ли на -6 доле? Тропаше ли вентилаторот? Си работеше без проблеми? Потрошња како ти е? Изолација имаш ли? Стално упалена на 24 ли ја чуваш? Колку години ја користите?
Зошто тие информации не ги прочиташ на Еуроивент,зошто прашуваш? Кај ти одговорот од еуроивентот дека му кашла инвертер 5,5 на секој час што е недозволиво?Така се однесуваше мојата фуего 3,5 он офф купена 10000ден.
и пази Немаше еуроивент!mdeni
Среќа влавот најде за да знаеме со што си имаме работа. Да не се опрчиме на невидено.

Ќе видиш бројки, ќе си расчиташ, ќе видиш цени и тоа е тоа. Само пошто нема мора на оваа рекла казала да се водиме.
Реши се,битно ти е или не бидејки двата става ти се напишани на иста страна.
Од друга страна Дали има еуроивент или нема уопште Не ме интресира.Причината е што хартија трпи се(пр.со возилата на VW и штелуваната помала кол. на емисија на штетни гасови),па политика на компанијата и што секој се наоѓа повикан да тумачи еуроивенти,зафатнина на компресори и тоа како знае и умее?Незнам зошто се сметате за некој репер вие да давате сугестии за сите клими читајки само податоци?Зошто пишувате за нешто што го немате?Зошто форсирате Вивакс и тоа горе доле сите модели се добри(можам да разберам одреден модел) а сега си купивте Митци?
Најбитно ми е Корисничкото искуство какви што ги има на оваа тема,компарацијата на Sass Strelec и некои други кои имаат искуство лично со повеке клими.На крај форумот Е да се споделат искуства а читателите сами ке си донесат мислење за одредена проблематика.