Никој не рече дека е здрав , ама пак сигурно нема да ги гризиш цевките или казанот. Друга работа е што сега тоа што сметаш дека е здраво утре може да испадни дека не е и така во недоглед. Претпоставувам ни обичните метални цевки не се најздрави посебно не кога ке корозираат, за пластичните допрва ќе слушаме. Доттогаш ке излезат стаклени и се во круг и задоволството на квадрат.
П.с не сите тенџериња биле калајдисани, башка и калајот баш не е пример за здравје, бољерот сигурно не бил, гезвето грам калај немаше на него. Сигурно имаш видено казан за варење ракија, бакарен е. Па никој не умрел од труење со бакар од пиење ракија.
И ако земиш така скоро се што користиме во секојдневниот живот е штетно на овој или оној начин. Така барем велат здравствените организации. Ама фактите зборуваат друго, тоест бабами и дедоми. Изгледа не слушнале дека е штетно и си поживеале 90 години.