Оф леле филипинец... оф-топик сум, ама ајде...
Прво биди среќен што имаш таков бојлер со "надворешни" греачи!
Последниве триесет години, сите се со уронети греачи поради "ефикасност"!
Нешто што по ЈУС било забрането и не се произведувало во Југославија..
Ама ете, се сменија стандардите кон полошо! (нели ЕУ ова-она)
Убаво што имаш ФИД склопка, па дури и посебна за бојлерот... така треба!
Арно ама немаш појма како она функционира, и од што штити!
Прво не се расфрлај со милиампери кога не рабираш!
Тоа е само осетливоста на склопката (диференцијална разлика во струјата)
Пукне ли греач на проточен, ти гледаш 25-30А ко од шала!
Тука не мења многу тоа што склопката ти е осетлива!
Многу побитно ти е времето на исклучување на истата!
Кај најдобрите тоа е 20-30ms, кај други и 200ms треба..
Едноставно, електромеханички уред на кој му треба време да прекине...
Тоа време што е помало од трепнување на око, ти си со гол газ (извинение на изразот), во вода... што е подобар спроводник него ли пластиките на поновите бојлери, и пвц цевките кои ја носат таа вода.
Со ова кажано, мој совет, никад во живот не чепкај струја, дури ни штек да смениш!
Обичен бојлер бар има прекидач што ја прекинува фазата, и крај на муабетот!
Секој производител јасно кажува, а и треба да биде логично на секој со две мозочни клетки да не се бања со уклучен бојлер!
Ама оти имам сега време, ете ќе ти објаснам и што ќе се деси ако некој се бања со уклучен обичен, и пукне греачот!
Струјата си го наоѓа најмалиот отпор (најлесниот пат) секогаш!
Ај прашање за двојка!
Кој има помал отпор?
а) водата
б) металниот казан
Точен одговор е б)
казанот кој бтв е директно поврзан уземљењето..
За разлика од проточните каде казанчето е пластично, па таму размисли кај е најмалиот отпор за домашно.
Кога последен пат си го измерил отпорот на уземљењето??!
Како знаеш колку е? 20Ω? 4Ω? 0.2Ω?
Кога последен пат си ја измерил инсталацијата? Изолација, отпор, време на реагирање на фидот..?
Еве јас ќе ти кажам за мене..
Никогаш!
Иако треба. Ама се мери со Флук што кошта 4-5000€, и зимаат од 150€ нагоре за да дојде сертифициран електричар баш за тоа..
Последниов пасус е објаснет веќе..
А и да дополнам..
Во земја со 300 сончеви денови, да живееш во куќа, и да "штедиш" со проточен бојлер, е нон-сенс.
Обичен плус соларен, и исклучен при бањање.
Толку просто и безбедно.