Најекономично греење и ладење

Член од
7 март 2017
Мислења
150
Поени од реакции
178
Daikin Sensira FTXF35 кај моите работи океј, тера со неколку dF.

Vivax AEYIs кај мене не се замара премногу по тоа што гледам, не сум сигурен дали го упалила греачот на надворешната али нема dF.

По ~550w трошат и двете на 1 степен надворешна температура побарана 23 степени внатрешна. околу 24 квадрати грееме и јас и моите, само кај нив изолиран, кај мене неизолиран.

Кај тебе за кој daikin станува збор?
i kaj mene se sensira 1-3.5kw vo dnevna i 2-2kw vo spalnite.
vivax aeri imam vo trpezarija koja e spoena so dnevnata. mava pochesto defrosti. vo momentov daikinot (toj od 3.5kw) troshi 450-500w namesten na 23C pri nadvoreshni -2C vo Sopishte i vlaga na vozduhot 99%.

drugive ne mozam da vidam kolku troshat oti nemam merachi na niv. ama spored "saatot" na evn dnevno trosham po 10kw eftina i 10kw skapa struja podednakvo za cela kukja. (tuka spagja klimi, svetlo, frizideri, tv, shporet za gotvenje i se ostanato shto e na struja)

so klimive grejam okolu 70kvadrati stanben prostor vo kukja so 10cm stiroporna izolacija i 20cm kamena volna izolacija na pokrivot. nad mene imam potkrovje koe ne padnalo pod 18stepeni zimovo a ne se gree (odnosno se gree samo od toa shto bega preku tavanot nagore)

za dekemvri dojde bez malku 4000 denari smetka shto e skroz ok. kje vidime kako kje bide januarskata za nekoj den (evn merat od 11 do 11 ama im treba nekolku dena da ja spremat smetkata)
Автоматски споено мислење:

И мојата ги зареде дефростите ама брзо ги прави.
Еве некое видео од дефрост.
Внатрешна 23.5 надвор -3 и многу снег

Што Даикин е твојот со ТОЛ -7 кога сите модели им се најмалку -15 ?
moze i greshka da sum ... da beshe tol -10 (na novive gledam -15 pishale) ne mozam da najdam oti stignale do E bukvata kaj mene e RXF35(ne pamtam C ili D a me mrzi da slikam)
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2019
Мислења
384
Поени од реакции
544
(toj od 3.5kw) troshi 450-500w

Znaci samo ovaa klima dnevno to trosi 11kw a drigite tri po 100w na saat 300w trite ispaga dnevno 6.6 kw i restoto od 3.5 kw ti e potrosuvacka vo cela kuka pa eptem si ekonomicen . Bidejki velis okolu 20 kw dnevna potrosuvacka na struja trosis.malku nelogocno od tvoja strana no toa e toa
Eve mojava klima inventor Nemesis ili Amber 7.5 kw momentalno na -2 trosi 1100w a gream okolu 80 lvadrata znaci dnevno imam potrosuvacka okolu 25 kw samo za klima.
 
Член од
12 јануари 2025
Мислења
4
Поени од реакции
4
za dekemvri dojde bez malku 4000 denari smetka shto e skroz ok. kje vidime kako kje bide januarskata za nekoj den (evn merat od 11 do 11 ama im treba nekolku dena da ja spremat smetkata)
Кај мене се две клими.
Перфера 3.5кв работи 24/7 дење 23-24 степени навечер 20.
Комфора 2кв не работи постојано, има периоди кога е исклучена.
Последна сметка
203.5кв висока тарифа само блок 1
280.2кв ниска тарифа.
Немам мерачи на климите. Тоа е вкупно за се.
Ќе видиме наредната сметка, треба да е повисока

Messenger_creation_A0A20C1B-4A69-496F-BB1C-7AF6C7A1218A.jpeg
Messenger_creation_7A08554A-A7C2-473E-9E49-A43DDAB73F68.jpeg
 
Член од
22 декември 2022
Мислења
2
Поени од реакции
1
Се греам на HiSense Easy Smart 18ska (60м2) - најверојатно програмирана си е да си прави дефрост на 55 мин точна како шварцарски саат , но оваа недела ги прави почесто на 20тина минути и не траат повеќе од 2 мин (дефростот).Досега немам се сретнано со ова па ако може некое објаснение или да барам мајстор :D. П.с - Лани зимата немаше вакви на по 20тина минути дефрости.
 
Член од
2 август 2014
Мислења
1.791
Поени од реакции
4.152

Recept za čest defrost se baš 60 m2 pridruženo so slaba izolacija, visok plafon, severna orientacija, mnogu nadvorešni i zastakleni zidovi, prizemje nad garaža, koristenje kako el. grealka vednaš stavanje na 30 C koga vnatre e 18 C na primer i pri toa želba za povisoka T od 24C vo prostorijata. Pronajdi se tuka kolku faktori od navedenite gi imaš, eden ili pak dva ili tri.....
 
Член од
12 јануари 2025
Мислења
4
Поени од реакции
4
Се греам на HiSense Easy Smart 18ska (60м2) - најверојатно програмирана си е да си прави дефрост на 55 мин точна како шварцарски саат , но оваа недела ги прави почесто на 20тина минути и не траат повеќе од 2 мин (дефростот).Досега немам се сретнано со ова па ако може некое објаснение или да барам мајстор :D. П.с - Лани зимата немаше вакви на по 20тина минути дефрости.
Јас знам за мојата клима како одлучува кога да започне дефрост, колку време тој дефрост трае и како одредува дали дефростот е успешен или не.

Започнување на дефрост.
Користи логика кога да започне дефрост, односно има софтвер, алгоритам според кој одредува. Како главни влезнипараметри во тој алгоритам се надворешна температура и фрекфенција на компресор.
Што повисока температура бараме од климата толку повисока фрекфенција поголеми обртаи прави компресорот и толку повеќе дефрости ќе имаме.
Најмногу дефрости прави на некој степен испод нула, колку температурата опаѓа и дефростите намалуваат.
Проблем може да настане од силен страничен ветар поради кој што сензорот не би можел правилно да ја измери надворешната температура.

Завршување на дефрост.
Штом дефростот започне може да трае од 6 до 12 минути, ни повеќе ни помалку. А колку точно минути ќе трае се одредува од термисторот на изненувачот на надворешната единица. Тој ја мери температурата на изменувачот и штом таа температура се совпадне со некоја однапред веќе зададена во софтверот тогаш дефростот успешно завршува.
Во некои екстремни услови доколку изменувачот не може да ја постигне бараната температура, термисторот не може да ја измери таа температура за време од 12 минути, тогаш дефростот неуспешно завршува. Во тој случај климата продолжува да работи на греење онака како што била претходно подесена и работи точно 24 минути и повторно оди во дефрост.
Проблем повторно може да настане од силен страничен ветар. Термисторот може да не ја отчита правилно температурата. Иако изменувачот ја постигнал бараната температура и нема веќе лед, системот тоа не го знае поради високиот ветар кој што го пореметил мерењето. И така климата ќе направи втор сув дефрост.

Во двата случаи ветрот е проблем. Затоа Даикин препорачува да се користи заштита лево и десно од климата од силен страничен ветар. На сликата е означено со стрелки Б.
Арно ама тоа никој не го прај.
Screenshot_20250117_130131_Adobe Acrobat.jpg

Така работи јапанка Даикин Перфера нордик модел, за кинезаријава незнам:cool:
 
Член од
2 август 2014
Мислења
1.791
Поени од реакции
4.152
Ne znam od kade ti e ova so vetrov i senzorot postaven na saćeto deka vetrot go zbunuva. Toa ne e voopšto taka, vetrot nema vlijanie ama baš nikakvo na senzorot, na čovečkata koža da, ama na senzorite ama baš nikakva. Dokaz ti e senzorot na vozilava za merenje na nadvorešna T, na site e baš na branikot napred kade ima veter kolku sakaš, po tvoe na sekoe ubrzuvanje i usporuvanje T bi igrala kako luda, a ne e taka i samiot znaeš.
Inače vetrot mu pravi golem problem na ventilatorot ako duva vo pravecot na usisot/izduvot go usporuva ili go zabrzuva, a stranično pravi turbulencii što sekako rezultira so lošo odzemanje ili predavanje na toplina na okolinata, za trupanje na sneg i da ne zboruvame.... za toa služat ovie branici, za senzorot manje više.
Inače senzorot na saćeto pozadi ima dvojna uloga, meri nadvorešna T (normalno pretpostavena poradi što saćeto e sekogaš ili poladno pri ladenje ili potoplo pri greenje od okolinata) i meri T na saćeto pri defrost. Zavisi od brendot koja e granična T za da završi so greenje na kompresorot, kaj nekoi e toa 8 ili 10 ili 12 C, što direktno vlijae koku će trae defrostot i dali saćeto na kraj od ciklusot će bide potpolno suvo. Dobar i uspešen defrost e što posuvo saće inače mnogu brzo će sledi nov defrost. Znači dobar algoritam e topenje na mrazot do dole skroz na saćeto i sušenje so izleguvanje na parea i završno izduvuvanje so ventilatorot, a toa se direktno zavisi od ovoj senzor. Ne razbiram kao veterot ovde vlijae senzorot 12 min da ne može da izmeri T, toj si praća vrednost na otporot vo kOmi do procesorot možebi na 15 sek, neznam, ili 30 sek, zavisi kako e vo programot i si brkaat rabota.
 
Сензорот за надворешна температура кај Дајкин е просто едноставно изведено, стои во пластично цевче позади саќето. Ова цевче е залепено блиску до саќето кога климата е спакована и се транспортира. Откако ќе се монтира не треба да се остави така затоа што кога саќето замрзнува ќе му прави проблем на сензорот ќе замрзне и тој ако е премногу блиску. Снежно невреме со силен ветар исто може да го наполни цевчето со снег па сензорот ќе отчитува пониска температура од реалната и тоа ќе предизвика проблем да не започне дефрост тогаш кога треба. Рековме пониска температура, помала влажност на воздухот = поретки дефрости.
После монтирањето овој сензорот треба претпазливо да се оддели од саќето и да се заврти према зидот затоа што од зидот према климата не дува ветар. Исто да биде малку надолу за да не се полни со вода.
Тоа изгледа вака
Screenshot_20250117_234543_Gallery.jpg

Screenshot_20250118_001448_Gallery.jpg

Овој сензор нема двојна улога туку само една улога, да ја мери температурата на воздухот.
За температурата на изменувачот или саќето си има друг сензорот термистор. Впрочем има три такви, два се на цевките кај компресорот еден на саќето.

Не е како кај колите.
Ntc, Ptc како ли се вика позитивен негативен. Валјда побрзо реагира на температура, ја зголемува или намалува отпорноста...
Битно информациите ми се од фински форум каде што луѓето го користат овој модел при екстремни услови
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom