Ма тоа се глупости, мешаат со некои заебанции што ги има со ладење со клима. Претеруваат луѓе со ладење, па имаат проблеми надвор на топло. Или на ладење во внатрешните едници се кондезира вода, па ако се прљави може да се јави мувла, а спорите се лоши за здравје.
Но на греење кондензацијата се јавува во надворешната единица. Во внатрешната и да имало некои проблеми со мувла, истата се суши (заради високите температури) и ја снемува за пар денови. Греење со клима секогаш резултира со подобрување или отклонување на проблеми со влага и мувла во просториите, нешто што било проблем со други видови греење.
Плус со греење со дрва во просториите често се ослободува јаглерод моноксид, и други срања во облик на гасови. Не е дека тоа е здраво.