Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
А по колку се после дополнителните внатрешни единици?
Ах навистина не знам, најверојатно тука ќе биде дополнителен трошок и монтажата во зависност од локацијата на објектот, од причина што треба да се пуштаат подолги линии од надворешната единица.

Еве добра понуда за Daikin Inverter, кој чини 650 евра.

http://www.termosistem.com.mk/najrenomirani-klima-uredi-inverteri-daikin-po-promotivna-cena/
 
Фала ви на сите за одговорите, уште едно прашање и се надевам дека нема повеќе да ве давам. Како што регов во моментов не сум во состојба да размислувам за поголема инвестиција од типот на инвертор, па ме интересира како преодно решение до следната грејна сезона дали ќе може да се протера зимава со климата 3.5KW за едната соба (18-тина м2) и два греачи за во радијатор во другите две соби или сепак да се земе и трет грејач? Климата е Samsung SH12ZA9 и на упатството пишува Heating 0°C to 24°C approx. и досега воопшто не сум ја користел за греење.
 
Може....
Со 3,5 KW може да затоплуваш и преку 40 м2.
Не се возбудувај и не претерувај со инвестиции. Имаш клима.. ти имаш мал стан и доволно ќе ти биде таа клима Ако не ти биде доволно, во текот на зимата ќе докупиш електрично калолиферче или грелка за 6 - 7 стотки, па вгодина купи уште една клима или термо печка.
А можно е и да ја присилиме Топлификација да ги намали цените за 3-4 пати, па сите да се вратиме на парно. Затоа секој вторник викаме, лопови, лопови, лопови...
 
Конечно се спасивме од топлификација, цела зграда се исклучи така да сега мора да се бара некое чаре. Последната сметка дојде 4.400 ден. за 54 М2 стан, кога на тоа ќе се додаде и струја за подстаниците ќе дојде и повеќе од 5.000 ден. месечно во грејна сезона. И јас сакам да останам на парно и го грејам цел стан без да му ја мислам ама што е многу многу е, последната грејна сезона од 72 стана останавме само 15-ина и сметките драстично се зголемија.
Е сега што чаре да се најде (за 3 соби), дрва не доаѓа во предвид (треба некој да ги мкне до 5-ти спрат и малце е повалкано), дома две мали деца, панелки? грејачи за во парно?
Јас би ви препорачал на цела зграда да си најдете начин и да си направите сопствен котел така да ќе останете сите со парно греење и ќе си ги поделите трошковите,се разбира секој кој колку ќе троши.Постојат мерачи на потрошувачка и ќе се знае секој колку мерни единици си потрошил толку ќе си плати.А ако почнете сите еден по еден да си правите сопствени парни котли тогаш сте ја наебале и сте фрлиле повеќе пари отколку што треба.Значи ова е само мое мислење ваше е да решите.Секој дом ќе ви биде чист без да носите дрва во секој стан ќе си најдете простор во зградата каде да се постави таа просторија и крај.Ако се решите да го направите овој чекор ќе се информирате со професионални лица и самите ќе решите на што ќе се греете сите.Значи кој колку троши толку си плаќа.
 
korka

Се е тоа убаво ама не е изводливо во нашата зграда, како прво неверувам дека ќе се договориме а и да се договориме за 2-3 месеци јас ке треба да плаќам за пола зграда :) зошто ќе ни ја исклучат струјата (ако биде на мазут, нафта итн. ќе биде, аман бе пак ли трба да се купи), има луѓе што должат по 100 тина илјади за парно, подобро да наебам сам отколку за некој друг.
 
Пред некое време мислам на МТВ беше, начекав некоја емисија кај што се збореше за некои термо панели, и човекот рече дека било многу ефикасно греењето а со минимална потрошња. Дали некој го знае името на фирмава, емисијата мислам се викаше Нова идеја или слично.. Праат термо панели со custom димензии, и ги уградуваат практично сегде.
 
Со ова последните поскапувања на струја, принуден сум да барам нови решенија. Особено ме интересира за печките (греалки) на плин, нешто вакво отприлика:
http://www.kult.mk/index.php?page=s...egory_id=103&option=com_virtuemart&Itemid=111
http://www.kult.mk/index.php?page=s...egory_id=103&option=com_virtuemart&Itemid=111
Ако некој знае нешто околу овие нешта, или ако ги користи, надевам се дека би бил љубезен да ме подоправе малце :)
За економично е економично ама мириса прилично па види со тоа како ќе се снаоѓаш.
 
Слободно користија климата на минус температура.
Јас имам три обични килми ( клими без инвертор ) од која едната е самсунг, минатиот февруари ги користев на минус 22 степени и сите работеа без било каков застој
Исто и јас. Најчкуртна НЕО од 5кв работеше топ на -22. Надворешниот дел беше смрзнат ама грееше. Битно е да не ја искчучуваш туку регулираш од внатре со температура.

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2
 
Претпоставувам дека го знаеш начинот како се одмрзнува замрзната клима?
 
Пред некое време мислам на МТВ беше, начекав некоја емисија кај што се збореше за некои термо панели, и човекот рече дека било многу ефикасно греењето а со минимална потрошња. Дали некој го знае името на фирмава, емисијата мислам се викаше Нова идеја или слично.. Праат термо панели со custom димензии, и ги уградуваат практично сегде.
Би го актуелизирал ова прашањето повторно. Ако некој знае за што се работи би било добро и секако корисно да информира. Претпоставувам дека се работи за ‘‘Гранитерм‘‘ или слична фирма која увезува панели за греење, те конвектори... какви се овие ‘термо-панели‘‘ јас поим немам како што немам инфо ни за: http://graniterm.com.mk/Amadeus.html .... обично сите или повеќето користат конвектори од францускиот производител "Thermor" од типот ‘‘Evidence‘‘ .... но какви се овие ‘Зрачечки панели‘‘ насловени како "Amadeus" (панели кои зрачат).... знае ли некој? На кој принцип работат, дали даваат квалитетно греење, енергетски дали се ефикасни, дали знарењето нивно не е штетно....!? Можам и да се обратам во Гранитерм, ама тие ќе ми кажат дека овие што зрачат се најбољи и најефикасни у Свет и дека истото зрачење и во инкубатори.... карикирам сега, ама имам впечаток дека не се мисли многу на штетноста на уредите!
Примерот и со свијалиците од 250 Денари, пардон енергетски ефикасните и штедливи! Но тоа е друга тема!
 
Кај било кој тип греалка не можеме да зборуваме за енергетска ефикасност. Се работи за термоотпорници и тие трошат онолку eлектрична енергија колку што емитираат топлина. Енергетска ефикасност има само кај топлотните пумпи ( СОР - coefficient of performance ) - климите и таму со 1 KWh eлектрична енергија може да се добие, например, 3 KWh топлинска енергија.
Инаку гранитни греалки сум ги видел кај еден мој Пријател. Тоа се плочи од вештачки камен, од задната страна на плочата има жлеб во кој е поставена жица за греење и ништо повеќе. Тој има неколку, со моќност 800 W, опремени се со собен термостат, убави изгледаат и тој е задоволен,
Се е до вкусот и индивидуалните потреби, секој може да одбере што сака
Еве за топлотните пумпи:
http://en.wikipedia.org/wiki/Heat_pump
--- надополнето: 30 септември 2012 во 17:02 ---
Н
НЕ! Ај на пп?

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2
Не мора на ПП, можеби и некој друг ќе прочита и ќе има корист од тоа.
Ако замрзне надворешната единица, се запира климата и по 3 минути пауза се префрлува на ладење. Тогаш надворешната единица се загрева и мразот се топи. Кога ќе се истопи мразот од надворешната единица ( тоа трае неколку минути ), повторно се запира климата и пак се прави пауза од 3 минути. Потоа се уклучува на греење.
Инаку секоја клима, оваа функција треба да ја извршува автоматски, но кога климата е предимензионирана ( користиш поголема клима од колку што е потребно ) или кога е голема влажноста на воздухот ( обично има магла во ноември и декември ) може да се случи ова и тогаш е корисно вака да ја одмрзнеме надворешната единица .
 
Би го актуелизирал ова прашањето повторно. Ако некој знае за што се работи би било добро и секако корисно да информира. Претпоставувам дека се работи за ‘‘Гранитерм‘‘ или слична фирма која увезува панели за греење, те конвектори... какви се овие ‘термо-панели‘‘ јас поим немам како што немам инфо ни за: http://graniterm.com.mk/Amadeus.html .... обично сите или повеќето користат конвектори од францускиот производител "Thermor" од типот ‘‘Evidence‘‘ .... но какви се овие ‘Зрачечки панели‘‘ насловени како "Amadeus" (панели кои зрачат).... знае ли некој? На кој принцип работат, дали даваат квалитетно греење, енергетски дали се ефикасни, дали знарењето нивно не е штетно....!? Можам и да се обратам во Гранитерм, ама тие ќе ми кажат дека овие што зрачат се најбољи и најефикасни у Свет и дека истото зрачење и во инкубатори.... карикирам сега, ама имам впечаток дека не се мисли многу на штетноста на уредите!
Примерот и со свијалиците од 250 Денари, пардон енергетски ефикасните и штедливи! Но тоа е друга тема!

Всушност, ја најдов страната што ја барав. Се работи за компанијата Електропанел, сами произведуваат панели за греење. На сајтот може да се најде се што те интересира за нив: http://www.elektropanel.com.mk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom