Се работи за мал стан односно две соби за затоплување со вкупна површина од 25м2 и висина на собите од 2.75м, меѓу кои вратата е отворена цел ден. Станот гледа кон југ, од изгрејсонце до 14 часот сонцето директно удира во собите. Сакам да земам некаква греалка/панел за затоплување во зима. И мора да е од Нептун за да искористам ваучери што ги имам од претходно. Инаку зградата е градена пред 30тина години.
Кое од овие грејни тела би било најдобро?
BOSCH TRONIC 1000 EC 2500-1 WI
VAILLANT 2 KW
TESY CN 03 300 MIS IP 24
TESY CN 03 250 EIS IP 24
BOSCH TRONIC 1000 EC 2000-1 WI
TESY CN 03 250 MIS IP 24
Со едно од овие грејни тела нема да успееш да загрееш две простории со вкупна површина од 25м2, макар и што се споени со врата која како велиш е отворена! Прво оние конвектори до 2kW наменети се за затоплување на една добро изолирана просторија од 15-20 квадрати (не слушај трговците што велат), а ти велиш стара зграда 30тина год (веројатно без изолација и стара столарија!?).... Плус висината не ти е баш мала, така да имаш и волумен доста! Според мене подобри опции ти се клима инвертер 12 ка, или ТА печка од 4 kW, со кои ќе поминеш многу поевтино отколку со конвекторски панел, макар и Бош да е.... Печката сега би можел да ја полниш и преку ден (два часа евтина), на нова не и се потребни повеќе од 4-5 часа полнење и тоа во најладното Зависи сега колку време во текот на денот се грее, ама отприлика со ТА печка (5часа полнење Х 4кв=20кв дневно Х 30 Дена = 600kW кои по евтина тарифа (3,5 Денари) толку сметката за греење околу 2,000 Денари.... исто и со инвертер би трошел од 10-12Kw/h дневно...(300-350 мес Х 5 ден глупав просек) пак околу 2 000 сметка.... а додека со конвектор би одела потрошувачката и над 20kW дневно! Не се економични воопшто, а и да не се повторувам според мене не би можел со еден да грееш две простории (вкупно 25квадрати)... Но доколку инсистираш на конвектори и сметката за струја не ти е толку битна, тогаш подобро е два конвектора по 1,5кв (или 2кв) во секоја од собите по еден, отколку 3kW во една за да ги грееш двете! Дури и поекономично е така.