@zzoranpetrovic
Постојано изнесувате извртени факти кои воопшто не се точни и постојано ширете дезинформации поготово за брендовите на клими од кој вие немате лична корист или поточно се ваша конкуренција.
1. Aliexpress и Alibaba се две различни работи. Точно дека се сестрински фирми но едните Aliexpress се наменети за широка потрошувачка додека Alibaba е наменета за дистрибуција на големо. на Alibaba нарачките се минимални 100тина парчиња, така да немојте да споредувате баби и жаби.
2. Како што и на Aliexpress така и на Alibaba има ЛАЖНИ продавачи кои поставуваат екстремно ниски и нереални цени за да извлечат пари без да испорачаат или да испорачаат несоодветна опрема. Дополнително на линковите кој ги поставивте се за нарачки од минимално 100 парчиња и цена 200-800 $ на пример, што значи за 100 парчиња цената е 800$, за фамозната цена од 200$ која ја форсирате првен прашање која е количината е потребна ако воопшто може да ја добиете таа сума.. Вие сте доволни стручни да исконтактирате некој од тие продавачи.
3. Цените кој ги презентирате од Alibaba и сакате да ги споредете со малопродажните цени се драситчно различни од 200$, прво затоа што за 200$ нема да добиеш HANSOL, второ за да добиеш екстремно ниска цена ( која сепак е далеку над 200$ ) треба да да нарачаш илјадници парчиња, трето и на таа ниска цена треба да додадеш,
трошоци за испорака ( брод, камион, лежарина итн.. )
царина,
данок,
административни трошоци,
магацински трошоци итн... и нормално на крај заработка за сите оние кој ке ја завршат работата. Немој да ми кажеш дека Јапонскиве клими на ALibaba се поскапи од кај нас ?! Така не е кај Хансол така е кај сите клими и производители.
4. Самиот напиша дека наводно прашуваш зашто
немаш искуство, а веќе во наредниот пост стануваш искусен експерт и делиш совети за тоа како климите се продавале за 100$, како тоа се продавале на кило и слично.
5. Кога сме за клими на кило дури и на твоите линкови пишува дека се продаваат на парчиња а не на кило, престанете да ширете дезинформации, и трето нагласувате контејнерска испорака, освен контејнерска испорака каква друга има ?! Извини но Fujitsu климите на пример од фабриката како се дистрибуира? Цела роба во големи количини се става во контејнер и се товара на брод и се дистрибуира во контејнер, не верувам дека некој од Кина/Јапонија/Малезија/Кореја на раце ги носи климите низ светот.
Мислам дека во интерес на квалитетна дискусија потребно е да се санкционираат вакви коментари и постови кој манипулативно шират дезинформации.