aj kazete inverter do 25 iljadi za 28 kvadrati prostor so odlicna izolacija sto bi zagreval kako sto treba (zboruvame 24-27 stepena).
Ако имаш простор да го зголемеш буџетот до 31 000 имаш GREE LOMO GWH12QC-K3DNB4G
За 28м2 со одлична изолација ке биде повеќе од доволна, лани пријател ја има земено за 38м2 со добра изолација неговите зборови се цела зима на куси ракави.
Ако немаш простор до 31к тогаш ако имаш простор за барем малку повисоко од 25к односно 27к тогаш VIVAX ACP-12CH35AERI е добар избор, со грејачи на компресор/кондензатори припрема за wifi и слично исто 28м2 со добра изолација треба да е сосема доволно.
Ако немаш простор и си бетониран до 25к тогаш немаш многу простор за избор и мој предлог би биле:
VIVAX ACP-12CH35AESI = 22K
GREE LOMO ECO GWH12QB-K3DNC4D = 22K
За околу 25к 3.5kW клима од високите класи нема да најдеш но и пониските класи ке бркаат работа, пред 2 год 3.5KW ( VIVAX GEEI ) користев за 50м2 цел стан го греев со нејзе и сето тоа беше економично, со мало бебе ( новороденче ) и немавме никаков проблем. Кај мене беше во стан во средина помеѓу 2 други станеви, завртен на југо запад со ПВЦ прозорци и врати без изолација на ѕидови ( Стара фасада преку 40год, цигла и гипс плоча ). константно држев Т од 25-26 степени преку ден и 22-23 степени навечер. За потрошувачка ако есента сум плакал 2000 ден за струја без клима зимата плакав 4000-5000 зависи од месецот, така да да во најлош случај колку 1м3 дрва без чадење, чистење, цепење, редење, палење итн... Ако земеме дека во зима и без греење на струја сметките се качуваат за малку на стујата мојата потрошувачка би била екстра.
Е сега мојот стан имал бенифиција од комшиите над и лево и десно ( под мене не грејат баш ) и завртеноста кон југозапад, но пак и имал негативност поради 0 изолација на ѕидот така да сметам дека е малку над просекот на природна доплина во зима во споредба со други простории од 45-50м2 ама сепак успешно со греев со 3.5kW клима уред.
Секоја просторија е приказна за себе но 28м2 со одлична изолација како што пиша со 3.5KW инвертер клима уред од подобар бренд не би требал да имаш никаков проблем да затоплиш на 24-26 степени.