Во ред, ова со мултисплит ми е ново, не го знаев како опција. Јас нормално се распрашував по салоните за можностите кои се на располагање, ама и човек кој професионално продава и монтира беше во станот да види. Негов предлог беше да се покрие со 5ка делот на дневниот престој (дневната споена со кујна и трпезарија, вкупно простор 6,3 на 5,2) кој гледа на Водно со цел ѕид прозори, и е доградба на стара зграда (во делот на кујната со трпезаријата). Проблемот со изолацијата е тоа што комшиите под нас новиот простор го имаат оставено за балкон па од кај подот веројатно ќе е доста ладно. Прозорите покрај што се многу би требало да се ОК од енергетски ефикасните. До овој простор има мала спална од 9 кв (изградена во новиот дел) која исто би одела под оваа клима (со отворање на вратата).
Е сега другот простор од станот се влезниот ходник од 7кв, спална и детска со по 11 кв, за кои човекот кој ги виде рече дека треба уште една клима за нивно загревање и ладење, и логично е бидејќи се друга целина. Можеби детската би имало потреба за посериозна климатизација, другото не се престојува стално. Мислев за овој дел да идам со послаба машина поставена во ходникот.
Првичниот план ми беше една зима да истерам со 5та во главниот дел за престој, а другото со подгревање панели итн, па догодина со нови сили ако треба да одам со другата единица. Затоа мислев инвертерот во дневната да е саглам, јак а економичен.
Во врска со мултисплит, растојанието од надворешната единица која би била кај просторот за престој до овој другиот дел кај ходникот е доста големо и би поминувало низ цела дневна и цел ходник додека дојде до таму (некои 15 м). Инаку зградата е од 84та (до купром одма што е армоника зградите после мостот). Е тоа е состојбата на теренот. Дали мислите дека е во ред концептов и пак кој апарат би бил соодветен по вас. Поздрав[DOUBLEPOST=1463303226][/DOUBLEPOST]
Ги имаш цените за Daikin i Tosiba, Hitachito i MitsuFH35 се скоро рамно 1000ka, Fujitsuto i MitsuSF50 се околу 70k, Panasonicot go ima vo setec 63k.
Неможе да се стават ни Грее ни Кариер во табелата зошто нема податоци за нив на ЕВент. Мултисплит е тоа што ти го посочив од Грее, со 3 внатрешни, не е обична клима, да не споредуваме баби и жаби. Ако најдеш поевтин мултисплит што ке ти го реши цел стан да праиме муабет за него, само прво прашај колку кошта мултисплит од маркиве.
Друг муабет е дали е изводливо или не, тоа зависи од распоредот на станот, но бидејки днавната и 1соба рече ти се блиску, проблем може да е само третава единица што треба да се доведе до ходникот(или едната соба). Третата внатрешна може да е и каналска па со неа да ги грееш 2те спални што мислиш додатно да ги опремиш со греење. Ја ти посочив да се распрашаш како систем а не само за цена него и за опции што ги нуди мултито, отиди во салон, толку.
Стрелец ова за другиве марки провизорните цени ти се за 5ки така? И да ми биде појасно, според тебе, односно табелата, сите овие марки се подобри од тошиба и мислиш дека помеѓу тошиба и нив би требало да земам некоја од наведените?
Кои две би ги издвоил за да не истражувам сега уште еден месец по салониве и бидејќи верувам по перформансите сите се пак тука некаде, да не ве прашувам повторно за мислење