Најекономично греење и ладење

Член од
20 јануари 2023
Мислења
379
Поени од реакции
509
Со максимален COP од 3.5 ни за 150 години Амберкава нема да ја извади инвестицијата :pos:
Автоматски споено мислење:

Злоупотребувале тука ние или не (високи бројки измерени во ете оптимални услови) квалитетните уреди со скапа електорника го можат тоа, докажано во лабораторија како што експлицитно нагласи неколку постови погоре а и на еуровент сертификатот.
Е сеа дали тоа ќе биди 1час во годината како што викаш ти, или со таков COP (што не е 10ка ама ближи ;)) ќе си преде 6 месеци секој ден по 6 часа е друг муабет и што вика @filipinec во домашни услови е друга математиката, начинот на работа па следствено и заштедата.

Можеби ако и ти останиш цела грејна сезона 100% на греење со климите ќе добиеш друг впечаток :P
Ама вака ти кога ќе им намали ефикасноста си палиш ќумбе.... па нормално скапата клима тебе никогаш нема да ти испадне поекономична или поисплатлива :D
Со оглед да не добив од никого податок за годишна потрошувачка на сопствена клима, да пресметам за мојата. Така, овој период 3,5-ка ми троши околу 10 кВ дневно. Овој просек може да се земе за цела година со оглед да ова е некој просечен период (малку ладно +5 до +15 Степени) еве и да отфрлиме 2 месеци, на пример Април и Септември кога нема да ја вклучиме климата. Понатаму пресметката е лесна, за 10 месеци излегува 3.000 кВ помножено со 5,5 ден просечна цена (ефтина+скапа блок1 и 2+ % од фиксниот дел), или вкупно 16,500 ден. за греење и ладење во тек на 10 месеци годишно. Ова е многу варијабилна количина зависно од субјективните околности (површина, изолација, број на клими, навики за ладење/греење) и др.) затоа зборувам за себе, па секој може да си допресмета.
Според погоре изнесената споредба на @zlatko_ti412 за ефикасноста меѓу Грее Амбер и Mitsubishi LN разликата е 22%-75% во корист на Мицуто, пак да се земе во просек 40% (за најчестите темп. од -5 до +10), доаѓаме до бројката од 6,600 или скоро 110 Евра годишно, или ЗА 10 ГОДИНИ 1,100 ЕВРА ВО КОРИСТ НА ЈАПОНЕЦОТ. Оваа помалку потрошена енергија ќе ја надмине секоја разлика во цена во корист на кинескиот производ.
Се разбира за тој што не калкулира со период од 10 години, ќе го менува станот/куќата (или чека секој час бугарски пасош, УСА виза и сл) јапонска клима е неисплатлива.
Понатаму, немаат многу значај забелешки во стил „нека троши колку сака важно добро да ме грее/лади“ (ако толку не ти се важни парите, зошто не си зел квалитетна и скапа клима?) или јас не трошам дневно 10 кВ (ако трошиш повеќе заштедата е поголема и обратно). Поефтините клими било јапонци или кинези за верување е дека го имаат сличниот однос на ефикасност, 35-40% и нема тврдења дека јапонците се 200-300% поефикасни, тоа е нонсенс.
Оваа математика се однесува само за потрошувачката, додека ГРАТИС СЕ квалитетот на греење/ладење изразен со прецизно држење на температура, правилен издув, звучност, поголема трајност и сл. како од никого неоспорени предности на јапонците.
Пред фактите и боговите молчат, па ред е да престанеме да бидеме самобендисани и суетни па секој само својата да си ја фали без оглед дали е тоа ST или LN.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2024
Мислења
37
Поени од реакции
81
Колку што памтам.. (може и грешка сум), таа парапетна на @Goran^^^ не е перфера, и бааѓи скапа е!
Нека ме поправи тој самиот.
Perfera е мојата парапетна само не е стандардна серија туку нордик серија наменета за Скандинавија.
Таа нордик серија се вика уште "Optimized Heating 4".
127000 денари беше со вклучена монтажа.

Perfera нордик зидна е 140000 денари за време на попуст иначе редовна цена и е преку 160000 денари со вклучена монтажа.
Сега има нова нордик серија која се вика "Nepura" уште подобри перформанси има...

Туку остај клими, ти се грееш комбинирано клими и дрва. Јас набавив 6 кубици дрва и планирам следната недела да порачам шпорет.
Сакам да имам алтернативно греење да не сум зависен само од струја.
Еве ова некако го бендисав и наредната недела планирам да го порачам.
Се вика Plamen 850 glass 50000 денари е во Сетек.
Што велиш ти, дали е камин можда подобро?

Screenshot_20241102_102747_Chrome.jpg
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.797
Поени од реакции
10.624

Прегледај го приврзокот 435167
Ако веќе одиш на дрва, само шпорет!
И јас на шпорет сум (ама од навика викам ќумбе).
Е сега дали баш олкав ти треба.. малце дискутабилно. Кај овие и дрва одат повеќе(па и појаки сe у kw). Пак се сведува на индивидуални потреби...

Не сум дома да проверам што беше мојов, ама ќе ти пишам пп кога ќе се приберам.
Битно од оние е, на кои рерната е под огништето. Од потесните.
Да не се лажеме ретко кој, ако и воопшто некој може да замени електрична фурна. Сите релативно слабо печат, а за тоа ќе треба и да го запукаш како парна локомотива!
Ама па од друга страна, тавче-гравче у грнена тава да си чемрее неколку саата :love: фантазии!!! Сосем повкусно испаѓа!
Исто тавче ориз, да потпекуваш рибанчиња, ребра, и такви јадења кои е убаво да се прават од тивко...
На плотната без проблем се готви манџа... ама ради мирис/испарувања ретко практикуваме. Не значи дека пак нема да ја користиш!
Си има предности миљон!
Автоматски споено мислење:

П.С ќе заборавев... најбитното! Чушки од низа (посебно везени, лути), печени во пепелникот, така малку запретани под жарта...
Перверзии.. Врв! Енд Гејм!
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
242
Поени од реакции
343
Perfera е мојата парапетна само не е стандардна серија туку нордик серија наменета за Скандинавија.
Таа нордик серија се вика уште "Optimized Heating 4".
127000 денари беше со вклучена монтажа.

Perfera нордик зидна е 140000 денари за време на попуст иначе редовна цена и е преку 160000 денари со вклучена монтажа.
Сега има нова нордик серија која се вика "Nepura" уште подобри перформанси има...

Туку остај клими, ти се грееш комбинирано клими и дрва. Јас набавив 6 кубици дрва и планирам следната недела да порачам шпорет.
Сакам да имам алтернативно греење да не сум зависен само од струја.
Еве ова некако го бендисав и наредната недела планирам да го порачам.
Се вика Plamen 850 glass 50000 денари е во Сетек.
Што велиш ти, дали е камин можда подобро?

Прегледај го приврзокот 435167
Јас имам ваков шпорет, го купив пред 5 години околу 26000 од сетек,
и за таа цена се исплатеше, а и беше поубав за мене од останатите опции,
не знам овој од 50000 дали е верзија за приклучок на парно или толку се качени цените.
Ако го купуваш конкретно за рерната не очекувај премногу,
зошто и при накрцано ложиште малку е потешко да постигнеш висока температура и да испечеш саглам.
Мислам дека ако е рерната приоритет подобри опции се од Алфа плам или па некој камин со рерна
 
Attachments

Член од
4 ноември 2024
Мислења
37
Поени од реакции
81
Јас имам ваков шпорет, го купив пред 5 години околу 26000 од сетек,
и за таа цена се исплатеше а и беше поубав за мене од останатите опции,
не знам овој од 50000 дали е верзија за приклучок на парно или толку се качени цените.
Ако го купуваш конкретно за рерната не очекувај премногу,
зошто и при накрцано ложиште малку е потешко да постигнеш висока температура и да испечеш саглам.
Мислам дека ако е рерната приоритет подобри опции се од Алфа плам или па некој камин со рерна
Потполно истиот. За печење се чистело има некое плехче со две штравчиња испод рерната.
Алфа плам огништето им е со тули праено кои што од температура ќе испукаат а кај овој е гусено затоа ме бендиса.
Ај ќе размислам. Цената стварно дупло покачена
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.797
Поени од реакции
10.624
Потполно истиот. За печење се чистело има некое плехче со две штравчиња испод рерната.
Алфа плам огништето им е со тули праено кои што од температура ќе испукаат а кај овој е гусено затоа ме бендиса.
Ај ќе размислам. Цената стварно дупло покачена
Тоа се чисти така да.. и на уште едно место(над фиоката, под фурната) кај мене има плехче и специјално маша ми правеа за тие :ROFLMAO:
Ама тоа оти природно он си се полни со пепел сегде, и ќе почне да чури ако не е исчистен.
А дека нешто на печењето ќе смени, мало сутра! Кај мене над 200ц оди фурната, ама пак не пече како електричен, што е и нормално! Тој има греачи и оздола и озгора!
На шпорет на дрва или ќе го препечеш озгора, а доле може живо да биде тестото! или странично! Не е за такви ствари. За крчкање да.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.649
Поени од реакции
7.490
Perfera е мојата парапетна само не е стандардна серија туку нордик серија наменета за Скандинавија.
Таа нордик серија се вика уште "Optimized Heating 4".
127000 денари беше со вклучена монтажа.

Perfera нордик зидна е 140000 денари за време на попуст иначе редовна цена и е преку 160000 денари со вклучена монтажа.
Сега има нова нордик серија која се вика "Nepura" уште подобри перформанси има...

Туку остај клими, ти се грееш комбинирано клими и дрва. Јас набавив 6 кубици дрва и планирам следната недела да порачам шпорет.
Сакам да имам алтернативно греење да не сум зависен само од струја.
Еве ова некако го бендисав и наредната недела планирам да го порачам.
Се вика Plamen 850 glass 50000 денари е во Сетек.
Што велиш ти, дали е камин можда подобро?

Прегледај го приврзокот 435167
Све имаш од игла до локомотива што би се рекло....ќумбе и перфера која комбинација свака ти част, уште банер да си платиш на форумов ептен ке ти тргне....само да додадам дека ако само еден закон од ЕУ се прифати во МК тие ќумбиња ке завршат на буниште
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.797
Поени од реакции
10.624
Све имаш од игла до локомотива што би се рекло....ќумбе и перфера која комбинација свака ти част, уште банер да си платиш нс форумов ептен ке ти тргне....
Се посмеав...
Ама ако стави шпорет и гајба дрва у иста соба со перферата.. :cuc:
Ја преврте игрицата со два жетона!
Цар
Автоматски споено мислење:

Шпоретов ми е Калорекс плус Пламен-Пожега!

Тоа што е јапанска уруру сарара за климите, овоа е за шпоретите! :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.649
Поени од реакции
7.490
Се посмеав...
Ама ако стави шпорет и гајба дрва у иста соба со перферата.. :cuc:
Ја преврте игрицата со два жетона!
Цар
Автоматски споено мислење:

Шпоретов ми е Калорекс плус Пламен-Пожега!

Тоа што е јапанска уруру сарара за климите, овоа е за шпоретите! :ROFLMAO:
"Zakon Merkelice" побарај на Нет, ова е од 2015та мислам закон кој важи у ЕУ за пропишано загадување и чумбиња/котли кој може да се користат во ЕУ било на пелети или дрва....список има кој се тие...е сеа твојов Колорекс ако го нема оде у историја....а тие ефтините у Сетек провери ама гарант ги нема у списокот затоа стигнале кај нас "за ефтино" пошто не сме у ЕУ ама ако како што X правила закони прифаќаме од ЕУ ...
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.649
Поени од реакции
7.490
Не ми дава ништо, освен "закон за меници".

А ти ја знаеш оваа?
Link
Na Hrvatskiot Forum prebaraj
Koga Hrvatite trebaa da vlezat vo EU trebaa site tie pecki kjumbinja da gi prisposobat da ne trujat narod, imaa i mobilni merni stanici ti vlaga u naselba meri i naogja koj ogjak dimi belo i ti go zimaat kjumbeto pa idi zali se. Ovde uste se vadat ne se znae koj zagaduva a za toa vreme nekoj prodava kjumbinja sto se neefikasni i ne prifateni vo EU ;)
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2017
Мислења
2.526
Поени од реакции
2.815
Od seljacanava nema spas, Skopje se prepolni so drva na balkoni i kumbinja, mandzi gotvat na terasi, kesi so gubre frlat od balkoni……uste Perfera koristat za aspirator….hahaaaa.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.797
Поени од реакции
10.624
Link
Na Hrvatskiot Forum prebaraj
Не работи линкот, или сафарито нешто не ми отвара..
Не битно, го знам муабетов!
Плашат мали деца само.
Они не можат бугарине и румунине да ги средат што се веќе внатре, а не па ние ако и некогаш влеземе (што не верувам)
Плус од глава им се мава таа Зелена агенда сега! Пратиш и политика, знаеш и сам. Да не отварам за Русија сега гео-политика...

Кај нас прво треба нашиве стари закони да почнат да се применуваат, и конечно да лежи некој за палење на гуми и кабли, за фрлање смет, за диви депонии, за испуштање кучиња на улица! А најпрво од големциве за еколошки геноцид врз нас!
Да не си правиме бајрам со умот дека ќумбиња ќе забранувале..
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom