Хеј дечки,
да споделам како сум задоволен од Vivax AEYIs на малку потопло време. Деновиве греам 30 квадрати (отворени врати), побарана температура 18.5 степени(пишував претходно дека климата има проблем мал што секогаш испорачува ~2 степени повисока температура од побараната), во собата обично прави околу 20.5 до кај 22 степени тука некаде уствари и е точката на on/off. Температурата во собата е мерена на 5 метри оддалеченост од климата на висина 1.65м. Искрено кога беа минусите на овие температури во собата ми беше ладно, но сега вака ми е комотно да шетам по кратки ракави, но јас како човек искрено не сакам многу облека на мене, па така и од дете подобро да ми е свежичко отколку дуксер да носам.
Дополнително ја открив дека вака знае да модулира и на 230/240w и ми троши нереално малку, односно околу 2-3.5kw* на ден, дури Daikin-от што модулира многу пониско нема толку мала потрошувачка. Реално климата во 60% од времето е како на off од on/off работење. Би сакал за споредба ако може некој да сподели колку трошат вашите клими на времево.
*Климата троши 2kw кога е цел ден уклучена на овие 18.5, а реално мене повеќето денови ми троши цел/пола киловат повеќе дека после бањање ја палам на 30 степени, а после тоа некој период е на 26 степени.
Следно лето планирам овие 30м2 да бидат 42м2 здравје дали еден дел или цел период од денот ќе видиме. И важно нешто, планирам тие додатните 12м2 да ги изолирам од сите 3 страни внатрешна изолација. Два надворешни ѕидови, еден ѕид граничи со тоалет. Дополнително изолација и на под дека ќе менувам паркет, а и на плафон веќе кога ставаме изолација. Така таа соба се надевам дека полесно ќе се загрева, па машинава од дневна би можела да ја покрива, а ако не може, греалката ќе ја упалиме тие 10 дена во годината.
Климичкава ако беше некои 5-6 од 10 оцена едно време, полека но сигурно ми оди на кај 8-9 од 10 оцена.
Високиот SCOP мислам дека игра значајна улога во целава прича за климава. Баш би сакал да измерам COP кога ќе се ослободам, се надевам ќе биде тоа поскоро.