Поздрав до сите. Едно прашање до луѓе со искуство околу климите. Ми треба инвертор кој треба да лади и грее дневна соба од околу 35 квадрати споена со спална од 15-тина квадрати и ходник од некои 5 квадрати. Се работи за стан во стара зграда со зидови дебели буквално 1 метар, плус термо фасада, термопан прозори, под и над мене функционални станови. Станот гледа према Водно. Нормално, нема централно греење. Препорака? И уште едно прашање: дали е подобар сплит или конзолен (ваљда точно напишав) уред? Благодарам однапред