Топлинска помпа воздух-вода во овој момент, со моменталните цени и законски решенија, посебно за нова куќа со сериозна изолација, нема економска исплатливост, а колкава ќе биде загубата зависи колку би се платила помпата.
Само едноставен пример.
Куќа со А енергетска класа по македонскиот правилник треба да има потрошувачка помала од 25KW на метар квадратен за грејна сезона. Ова значи дека куќа од 200м2 од А енергетска класа има потреба од 5000KW за една грејна сезона (година).
Доколку има котел на пелети кој би имал 80% искористливост за да се даде 5000KW топлина ќе треба да согори пелети за 6250KW. Како 1кг пелети даваат 4KW (технички калориската вредност била декларирана на 5KW ама не верувам дека кај нас има пелети со таков квалитет) ќе требаат 1.563кг. Како цената оваа сезона за пелетите била 15ден од кг, за цела грејна сезона ќе се потрошат 23.445 денари за пелети.
Ако земеме дека топлотната помпа би имала ефикасност од 400% (SCOP 4, ретко која топлотна помпа ја имаа оваа ефикасност ако греењето е на радијатори или фенкојлери) тоа значи дека би потрошила 1250KW електрична енергија. По некоја средна цена од 5 денари, за електрична енергија би се потрошиле 6.250 денари.
Ова значи дека секоја година со топлотна помпа би се заштедиле 17.195 ден, или еве да речеме 300ЕУР.
Ако котелот на пелети е 1.500 еур а топлотната 4.500 (и ова за некои евтини модели) оваа разлика од 3.000 ЕУР би се враќала 10 години, што е преголем временски период.