Се согласувам со постот на Филипинец дека гумиците / бафери тука многу нема да помогнат ама вреди да се проба бидејќи влијаат и тие.
Како што вика тој оптеретувањето е проблем, а тоа доаѓа од просторот што се загрева/губитоците и климата се обидува тоа да го надокнади/брка.
Кај мене некоја помала квадратура со губитоци не работеше така бучно, ова од клипот е премногу.
Еве годинава го изолирав цел спрат, фала Богу успеав, па климата си работи со истите 700-800w и не се замарам да ја чепкам и сетирам за помалку (не верувам и дека може). Имам промена од 2 степени во просторот т.е. е потопло на исти надворешни температури него што беше лани и тоа ми е доволно за да знам дека дома е ПОтопло него минатата зима кога не стигнав да изолирам. Во куќата живее мајка ми и е задоволна од топлината во просторот.
Но мојот простор е специфичен, со внатрешни скали кон втор спрат и не треба да се земе за репер во никој случај. Во истата квадратура, 35m2 со изолација од 5cm стиропор, лепак и мрежа (абриб поставувам и се надевам ќе стигнам да завртам цел спрат бидејќи раб сам) и во услови кога НЕМА да има внатрешни скали сигурен сум дека оваа Тундра (5,5kw) дури и ќе биде премногу за просторот.
Сума сумарум климата е ѕвер и треба да се има во предвид дека ќе го затопли секој простор иако нема баш „евтина модулација“ но исто треба да се внимава како на членот кој си има мака со надворешната да не биде простор кој цело време ради губитоци ќе треба да бара од климата работа на компресорот со голем капацитет - првенствено тоа и ја прави бучавоста.
Кај мене во 1-3 брзина има мала бучавост, скоро и неосетна но постои. При работа во Quiet mode бучавоста не се слуша внатре во куќата, компресорот си работи посмирено.